Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
абе аман шо е ова колку деца млади ни заминаја господ добрите ни ги зема.сочувство
 
Благодарност до сите групи кои изразија сочувство. Смок беше чесно дете и беше крајно лојален на групата. Едноставно, беше еден од нас!

Познато ни е дека Смок имал блиски контакти и со членови на повеќе мак тифо групи. Отворен повик до сите. Утре сите заедно да го испратиме како што доликува. Мора сите заедно да работиме мак тифо сцената покрај масовноста и оригиналноста, да добие и еден човечки карактер, зошто на крајот сепак сме ривали - никогаш душмани!

Нека почива во мир нашиот Даре, и сите останати починати ултраси од мак тифо сцената!
 
Сојузот за Спорт и Рекреација на инвалиди Кавадарци, заедно со најдоброто од кавадаречкиот спорт и навивачката група Лозари ве покануваат на Предновогодишен спортски спектакл.
Под мотото" ВО СПОРТОТ НЕМА РАЗЛИКА", најдобрите спортски репрезенти на градот од фудбалот,кошарката,ракометот, ке одиграат ревијален инклузивен натпревар во мал фудбал со членовите на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци и навивачката група Лозари.
Понеделник 26.декември 2022год, Спортска сала Јасмин Кавадарци почеток 18 часот.
FB_IMG_1671713173160.jpg
 
На 26.12.2022, во малата сала на СЦ "Јане Сандански", се одигра ревијален натпревар помеѓу членови на н.г. Комити Запад и фудбалерите на Ф.К. Вардар.

На настанот присуствуваа семејствата на Смок и на Саздо. Посебна благодарност до членовите на Family Aerodrom кои вчера со порака се простија од нашиот брат. Ова нека биде пример и поттик до сите групи на мак тифо сцената. Нека продолжи меѓусебната почит кога станува збор за вакви ситуации, зошто сепак на крајот сме ривали, а не душмани.

Воедно, благодарност до сите што беа и донираа.

Во продолжение, неколку фотографии од настанот.
 

Attachments

  • IMG-977bf5fffd78b8201344d0b9817f6b69-V.jpg
    IMG-977bf5fffd78b8201344d0b9817f6b69-V.jpg
    214,9 KB · Прегледи: 105
  • IMG-54f69ed069b15cdc23d42209acff4df1-V.jpg
    IMG-54f69ed069b15cdc23d42209acff4df1-V.jpg
    190,3 KB · Прегледи: 116
  • IMG-f77c7d5cf461d8939d1dd7706c69190b-V.jpg
    IMG-f77c7d5cf461d8939d1dd7706c69190b-V.jpg
    237,5 KB · Прегледи: 117
  • IMG-3fc4957911ef66dfa53c5c621bf88d9b-V.jpg
    IMG-3fc4957911ef66dfa53c5c621bf88d9b-V.jpg
    218,7 KB · Прегледи: 114
FB_IMG_1672238777395.jpg

Денес нашата подгрупа Гоцеви Чеда по повод новогодишните празници подели пакетчиња на децата во ПОУ Гоце Делчев во Три Чешми , исто така беше и поделен социјален пакет на семејство со ниско примање.

Гоцеви Чеда ви ги честитаат новогодишните и божиќните празници ! Исус се роди.


Исто така на акцијата се приклучија и Исар Бојс и Сењак Гетто

FB_IMG_1672180845836.jpg
 

Attachments

  • FB_IMG_1672238777395.jpg
    FB_IMG_1672238777395.jpg
    55,7 KB · Прегледи: 11
28.12.2022
ПРЕДНОВОГОДИШНА АКЦИЈА

Традиционално, како и секоја година, така и оваа, во организација на навивачката група "ПАТКАРИ СТРУГА 1989" беше спроведена уште една предновогодишна хуманитарна акција, во која беа набавени новогодишни пакетчиња кои беа поделени на дечињата од прво одделение во ОУ "Јосип Броз Тито" Струга, ПОУ во Радожда и ПОУ во Враништа.

ОД СРЦЕ ЗА СТРУГА И СТРУЖАНИ

IMG-e1c0533a9cd28412c7eb4b96ea8fc9b8-V.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom