Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 март 2022
Мислења
550
Поени од реакции
5.063

Attachments

Член од
5 декември 2022
Мислења
23
Поени од реакции
68
Нека почиваат во мир двајцата Прилепчани, голема трагедија е за толку млади луѓе да си го одземат животот. :(

Не знам дали се на некој начин поврзани или секој во себе си водел посебни битки, но две самоубиства во една недела од кои едното е со самозапалување е страшно.

Да беа некои куравели еден месец ќе се јадеше гомна, милијарда пораки ќе се испратеа и Инстаграмот ќе фрштеше од видео обраќања на инфлуенсериве, ама затоа што се навивачи(мажи) никој не се замара со ова.
Може не е ова за овде, ама ајде, колку што разбрав и двајцата се коцкале, на големо и тоа, за жал ова е се почесто кај членовите на навивачките групи ширум Македонија, еден многу сериозен проблем кој треба да се искорени заедно со прекумерното конзумирање на алкохол и опојни дроги.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.818
Поени од реакции
72.186
Тоа се случува кога во државата не функционира ништо.
Казина и кладилници на секој чекор, најдобрите спортисти ти се рекламни лица на места за давање на брзи кредити. Сите млади одбираат брз живот во кој додека си млад се правиш пепел секој ден, уплаќаш дојави по цел ден, брза пара, бесни коли, само нешто купуваш, препродаваш, образование нула. И на тие години имаш повеќе пари од сите што се мачеле да студираат, бавно да напредуваат кариерно, жртвувале дел од времето за забава, дупиш некои дрољи за пари.

После ќе спукаш дете на некоја таква или ќе имаш некоја мирна жена (безгласна буква) што ти е девојка од основно, ќе те трпи секој викенд да си излезен по кафани, да не гледаш ни деца ни ништо, ќе ставате новогодишни слики ко да сте најсреќни.

И после се самоубил на 30-40 години. Епа лека полека дел ќе се свестат, ќе се тргнат од тој живот, ќе сфатиш дека веќе не си млад и веќе не те игра никој во шемите, немаш контакти, се појавиле помлади кои се далеку пред тебе, друштвото пола се преселиле, пола се фамилијарни луѓе, парите ти ги јадат од дома, долгорочно не можеш ни школото да му го платиш на детето, заглавен си со кредити од секаде...

За жал, така се воспитуваат младите во Македонија, идоли им се деца на криминалци што ја опљачкале цела држава, сакаат да се како нив. И возможно е тоа, ама се' до оној момент додека не створиш фамилија и сфатиш дека веќе не одговараш само за себе, туку мислиш и на друг.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.025
Може не е ова за овде, ама ајде, колку што разбрав и двајцата се коцкале, на големо и тоа, за жал ова е се почесто кај членовите на навивачките групи ширум Македонија, еден многу сериозен проблем кој треба да се искорени заедно со прекумерното конзумирање на алкохол и опојни дроги.
Од тоа што слушнав муабет јас од бивш член на Мајмуни тука, убеден е дека последното самоубиство е наместено и дека дечкото не би дигнал рака на себе. Баш првото самоубиство со самозапалување го коментиравме тука, знаев дека се работи за коцкање зошто само тоа бедата да размислуваш до тој степен, на такво самоубиство, мора да имаш некој огоремен револ кон себе или нешто појако од тебе за да го направиш тој чин, во секој случај трагично. Треба можеби да се поработи и на тоа во групите, наместо коцкање, тие саати може да се поминат на бесплатно одење на занает, исто една тема што ја теравме деновиве бивши коцкари тука :icon_mrgr: сите тие изгубени пари и време да ги поминеш во некој канал, кај некој што мести плочки или клими, ќе добиеш многу повеќе во животот. За образование да не ни правиме муабет.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174

Бедата во државава си го прави своето. Има зависници од коцка ама 90% од времето е поради сиромаштија... Нас тука како народ да не земат во Америка сите ќе не пратат по психијатри и по терапии. Последниве 4 години се доста мизерни и депресивни.

Самоубиство е многу сериозна работа, јака им душа на фамилиите. Нека им е лесна земја.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.024
Поени од реакции
7.121
Тоа се случува кога во државата не функционира ништо.
Казина и кладилници на секој чекор, најдобрите спортисти ти се рекламни лица на места за давање на брзи кредити. Сите млади одбираат брз живот во кој додека си млад се правиш пепел секој ден, уплаќаш дојави по цел ден, брза пара, бесни коли, само нешто купуваш, препродаваш, образование нула. И на тие години имаш повеќе пари од сите што се мачеле да студираат, бавно да напредуваат кариерно, жртвувале дел од времето за забава, дупиш некои дрољи за пари.

После ќе спукаш дете на некоја таква или ќе имаш некоја мирна жена (безгласна буква) што ти е девојка од основно, ќе те трпи секој викенд да си излезен по кафани, да не гледаш ни деца ни ништо, ќе ставате новогодишни слики ко да сте најсреќни.

И после се самоубил на 30-40 години. Епа лека полека дел ќе се свестат, ќе се тргнат од тој живот, ќе сфатиш дека веќе не си млад и веќе не те игра никој во шемите, немаш контакти, се појавиле помлади кои се далеку пред тебе, друштвото пола се преселиле, пола се фамилијарни луѓе, парите ти ги јадат од дома, долгорочно не можеш ни школото да му го платиш на детето, заглавен си со кредити од секаде...

За жал, така се воспитуваат младите во Македонија, идоли им се деца на криминалци што ја опљачкале цела држава, сакаат да се како нив. И возможно е тоа, ама се' до оној момент додека не створиш фамилија и сфатиш дека веќе не одговараш само за себе, туку мислиш и на друг.
Како реплика и дополнување на твоево од мој аспект а побајаги време мислам да напишам збор-два за овие работи на форумов но не сум наоѓал соодветна тема или дискусија за да го споделам, па еве сега кога веќе се дебатира да се вклучам.

Младиве во Македонија се жртви на својата просечност, да не кажам глупавост, тотално се засенети од бумериве кои се најголемо дно, тие наместо да ги надминат како млади, со достап на интернет да видат како функционира светот, бунтовност, тие не само што не го победија тој лузерски мајндсет туку го набилдаа уште повеќе, со социјалните медиуми во Македонија сите мислат исто губитнички, генерации на кои треба да им се плукне по младоста, да дозволиш тотално да те засенат и да ти го наметнат нивното размислување генерации кои не направија ништо во животот е трагедија од невидени размери.

Целата филозофија на животот кај Македонецот е материјално, колку пари имаш, кој автомобил го возиш, фрижидери и полни маси, духовни работи како што е и навивањето каде што ова го дискутираме одамна се аут, затоа во таа неедуцираност која владее меѓу младиве се навлегуват на комар, разни финансиски гуруа и ситеми кои функционират како секти, брзи кредити за кои не мислат колку и како треба да ги вратат и да не редам, примерите си ги знаеме сите ги имаме насекаде околу нас, како крај спасот е барање виза за идење у Германија, каде што ќе си ги перат гомната што ги засрале тука а ќе продават ветар и магла по социјални медиуми.

Друго бумериве наметнаа на младиве дека успех е само напуштање на државата, значи ако си стигнал до Германија си успеал, ако останеш и успееш тука тоа не е вредно, тука си , надвор е поубаво, парите на тротоари растат, колку само луѓе со висок потенцијал и IQ потпаднаа на тоа и се сега дел од простата маса , кога ќе само кажеш дека имаш друго сфаќање за тоа што е животот, дека тука ти е поубаво и дека единствено ти фали среден систем и подобра работа , веднаш те стрелат со поглед, како тоа се осмелуваш да размислуваш поинаку од масата.

Се тоа на страна, главен проблем во Македонија е што нема никаква дискусија за овие болни прашања во општеството, ајде јасно е зошто на мејнстрим медиумите тоа го нема, но ние како држава немаме никакви алтернативни медиуми, немаме ниту еден нормален алтернативен подкаст на You Tube или било кој социален медиум каде тоа може да се дискутира, порано Кајгана беше таква се до "револуцијата" oдтогаш и таа изгуби смисла, нема место каде што ќе се води борба против ова лудило да се извлечат младите од него , секогаш ваквите револуции доаѓаат од субкултури како што е и оваа за која дискутираме на темава, но кај нас тие се тотално вклопени од страна на сивилото.

И овие дикусии ќе траат ден-два како се во државата и се враќаме да го живееме неподносливото секојдневие како ништо да не било, одамна е време за алтернативни медиуми, организации, за гласно дикустирање на овие прашања , овие теми, јас искрено се надевам дека конечно еден проект кој го дискутираме 4 години ќе заживее, за да ја извлечеме младината од бездната и очајот, редно е да се стави крај на ова лудило и пропаѓање на едно општество, а дали тоа ќе биде или ќе си останеме кукавици времето ќе покаже, според мене бегањето од Македонија по секоја цена не само што не е решение, туку уште толку ја влошува бедата во која живееме како поединци.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2008
Мислења
6
Поени од реакции
42
Ние на скалите славевме, штета сме се разминале:)

Да не заборавите после акцијата глупа
дека на скалите почива душата на вашата група.
Pozz
5BBCC95D-CE41-4EB8-8DFF-E0C5762BC853.jpeg 070B6C2F-531E-4D09-97C4-9D49CBA8D9D0.jpeg D4CB22D3-FFF3-42E2-9AB1-650BBE299010.jpeg B5C8455F-95B3-4D2F-A13F-D2C3A98EFAA3.jpeg A7508F9C-4B10-4A7D-AC56-9569C0A5DBCB.jpeg
 
Член од
13 март 2022
Мислења
8
Поени од реакции
66
Освен на Војводи (што не ја знам причата како е паднато),кој друг трофеј е земен а да не е откачен од ограда(кое од дамна си беше закачено по распадот),зимано од контињери,крадење буквално крадење и нападнати со ножеви кажи ајде, Сите до еден ќе ви честитаме.
 
Член од
26 март 2022
Мислења
550
Поени од реакции
5.063
КАКО САМ СЕ НАМЕСТИ МАЈСТОРЕ хахахахах

Прво, нема ниту еден транспарент на Комити. НУЛА, ниту еден. Се надевам, ја знаеш разликата помеѓу украдена искористена кореографија од некој подрум и ПАДНАТ ТРАНСПАРЕНТ на денот кога после 20 години твојот мал маалски клуб освоил нешто. Да можам само фаците да ви ги видам кога во најголемото славје видовте како гори вашиот ударен транспарент...

Е, со што се фалите бедници... Со знаме Лавови Ѓорче кое висеше цело време во кафаната и кое секој пијаница можеше да го земе, и тапанот на Стара Гарда за кого мангупски сте го истепале стариот работник. Барем на тие стари луѓе ферски да сте се спротиставиле, ама не...стравот за жал е посилен од вас.

ПАТЕТЕ! Само толку ќе кажам.
И повели уште еднаш, нека те боли!
 
Hahahahahaha zaso da me boli koga znam deka transot ne e zemen navivacki , a vie sho se drzite za “navijaci so kodeks” kako reagiravte koga znaevte deka transot ne e zemen navivacki?
 
Повели, уште еднаш.
 
Attachments

Член од
26 март 2022
Мислења
550
Поени од реакции
5.063
ovoj trans cij e? Vas e. Ovoj e zemen pred vasite faci sred gradski stadion, sred vas dom.
VARDAR VO KURAC TE NOSAM !Прегледај го приврзокот 361066
Хахахх Комити еден саат на теренот долу ве чекаат, а вие храбрите хулигани си бегате нагоре. Не е цел транспарент, искинат е само дел...МУДА ви требаат дечко. Кога веќе го спомна настанов, зошто не се спуштивте долу бе хулигани? Снимка има! Не можеш да лажеш за ова...Ми постираш тука слика од нова година сликан на Градски (мрднат ли си бе брат, во диско се оди таа вечер, ама џабе ти зборам...опседнат си со Комити) а кога треба на терен да се спуштите, бегате по навика. Ај, оди спиј, не ти е местото тука.

Поздрав.
 
Attachments

Член од
16 јануари 2008
Мислења
6
Поени од реакции
42
Хахахх Комити еден саат на теренот долу ве чекаат, а вие храбрите хулигани си бегате нагоре. Не е цел транспарент, искинат е само дел...МУДА ви требаат дечко. Кога веќе го спомна настанов, зошто не се спуштивте долу бе хулигани? Снимка има! Не можеш да лажеш за ова...Ми постираш тука слика од нова година сликан на Градски (мрднат ли си бе брат, во диско се оди таа вечер, ама џабе ти зборам...опседнат си со Комити) а кога треба на терен да се спуштите, бегате по навика. Ај, оди спиј, не ти е местото тука.

Поздрав.
Zosto vie so MUDA ne dojdete na nasiot stadion da go napraite toa?
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.894
Поени од реакции
14.382
Hahahahahaha zaso da me boli koga znam deka transot ne e zemen navivacki , a vie sho se drzite za “navijaci so kodeks” kako reagiravte koga znaevte deka transot ne e zemen navivacki?
Како е земен? :kafence:
Признаа ли тие што им падна или па ти си дел од нив па знаеш како паднал? Пази да не се издадеш или да не се наместиш ти да испаднеш виновен. Секако сите те знаат кој си.. бомбашу.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom