Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 април 2012
Мислења
32.852
Поени од реакции
67.347
Мојс: ќе биде потребна рекордна сума за Рајс да биде продаден…

дечко факинг Букајо Сака со 60кг цела утакмица му праи бодичекој на светиот дефанзивен средњак Рајс,намали доживљај… може трампа само за Фред или Хојберг, тука некаде е, евентуално Ковачич пошо е фан на сините ете:icon_lol:
Нема врска тежина или квалитет на играч. Ако си играл фудбал, знаеш дека играчот е најлесен за туркање кога е во фаза на потскок, кога треба само мал напор. Сака тоа мудро го искористи. Претпоставувам зборуваш за ситуацијата по која Арсенал даде гол.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.857
Поени од реакции
10.228
Мојс: ќе биде потребна рекордна сума за Рајс да биде продаден…

дечко факинг Букајо Сака со 60кг цела утакмица му праи бодичекој на светиот дефанзивен средњак Рајс,намали доживљај… може трампа само за Фред или Хојберг, тука некаде е, евентуално Ковачич пошо е фан на сините ете:icon_lol:
Сака е страшно силен и не е така мал, види го Кресвел колку ситен изгледа покрај него, душа му извади.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пеп што напраи :pos: :pos: :pos:

Рогна шише накај клупата на Лидс и со рацете на глава у бунило се стрча да се извинува.

Претходно истата камера што ја снимаше дешавкава беше преместувана од Вокер, влезе у кадар братот откако седна со чаша кафе да гледа фудбал.
У прво полувреме ја откорнал од место, не го видов тоа. :D
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Ставро до кај сме со магионичарот Грилиш?
Грилиш е сува класа играч, мајстор на фудбалот. Неговиот проблем е што од фудбалски аспект, значи не финансиски туку фудбалски, направи невидена глупост со одењето во Сити. Прво нема континуитет во настапите затоа што мора да дели време со Фоден, второ играта на Сити воопто не му одговара. Грилиш е малку старовремски играч, од типот на Гаскоњ, сака да ја има топката во нозете и да ја диктира играта. Фудбалот на Пеп со брзи проигрувања на прв допир не му одговара. Во било која друга врвна екипа би бил главен играч.
А и таков слаб како што велите, вчера имаше две асистенции.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.803
Поени од реакции
115.810
Ништо од ова не е точно ама ме мрзи по 128282 пат да се објаснувам за преценети едносмерни играчи.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.361
Поени од реакции
5.486
Од една страна ќе се ослободуваат од Грилиш од друга страна веќе цело време е прва постава. Нека се реши веќе Пеп, Фоден или Грилиш, ми скрати 100 поена на фантази заради неговиот ПМС.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.803
Поени од реакции
115.810
Слободно кажи што не е точно.
1. Сува класа од играч, мајстор на фудбалот. По кои параметри? Мајстор на фудбалот е Де Брујне, мајстор е Меси, мајстор е Кака, Роналдо, а Грилиш не е.
2. Него не му е проблемот Сити, побогу проблем да му биде најјакиот тим у свет со најдобри играчи, нема логика нели? Проблем е недоволниот негов квалитет и несериозноста кон фудбалот, често знае глупости да прави вон терен, така да се е тоа дел од пакетот на еден спортист. Меси што не прави глупости надвор од терен?
3. Грилиш не е старовремски играч, Грилиш е еден обичен прецененко, играч што знае да игра само со десна и е многу предвидлив во отворена игра. Типичен Астон Вила/Евертон играч, да биде алфа и омега во мртов тим кај што една ќе игра добро, а три не и ќе може да си кулира и кога ќе игра лошо. Во Сити тоа не проаѓа, затоа и е бенчиран и му грее клупа на Фоден кој е подобар играч од него.

Ете у кратки црти што е проблемот со еден 100 милионски играч.
 
Никој не вели дека Грилиш е во рангот на Меси или на Роналдо, но е топ играч. Се разбира дека многу врска има во кој клуб играш, нема врска дали е најдобриот или најслабиот, ти објаснив зошто не му одговара Сити на Грилиш, да не повторувам. Глупостите вон терен немаат многу врска со тоа што некој го игра или не го игра. Прво, повеќето се минато, а второ се крева огромна фама во политички коректниот свет околу тоа како некој спортист живее, а најчесто е тоа продавање мадиња за бубрези.

Демек ако не пиеш воопшто алкохол или не останеш подолго во некој клуб и јадеш само авокадо и пржени мадиња од буф ќе бидеш врвен играч, инаку не.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Никој не вели дека Грилиш е во рангот на Меси или на Роналдо, но е топ играч.
Освен цел форум односно сите фанови на премиер лигашкиве екипи, кои сложно го хајпаа Грилиш и го правеа магионичар кој е способен сам да освојува титули.

Едно од најјаките преценувања на фудбалери некогаш видени на форумов. Ако не и најјако.

Коа ви викавме дека у Калчо има вакви со лопата да ги ринеш, се газевте од смеење.
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Освен цел форум односно сите фанови на премиер лигашкиве екипи, кои сложно го хајпаа Грилиш и го правеа магионичар кој е способен сам да освојува титули.

Едно од најјаките преценувања на фудбалери некогаш видени на форумов. Ако не и најјако.

Коа ви викавме дека у Калчо има вакви со лопата да ги ринеш, се газевте од смеење.
Која црна лопата, да игра Грилиш во Јувентус или Интер ќе ви се гледа како Меси. Бидете сериозни.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Која црна лопата, да игра Грилиш во Јувентус или Интер ќе ви се гледа како Меси. Бидете сериозни.
Ти верувам.

Е сеа, пошто нејќеш да признаеш дека Марадонава флопна и е далеку од тој играч што го хајпавте тука, кажи ми каде го гледаш Грилиш во следните 5 години?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom