95 американски филмски награди (Оскари 2022)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2022


  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Леле Бардо, леле мајко мила, леле на што потрошив 2 саати и 40 минути од мојот живот.
Претенциозно дно, обид за било што, ова нешто као биографско дело на Ињариту кој стана милионер ради Холивуд, кој доби Оскар дека е малцинство, сеа демек нешто се кае што отишол у Америка а не останал у Мексико.
А убаво го снема после Ревенант. Што му требало ваква екскурзија да се враќа.
Оди у пензија бе друже, сними 2 добри филма, се одшлепа на вокеризмот и готово ајде, ќе снимам критички филмови, биографски дела. Ало, никого не го интересира твојот живот и твоите егзистенцијални кризи. Никого посебно не го боли кур за Мексико како држава и мексиканците како нација.

Париве што ги потрошил на овој обид за филм, боље да ги инвестирал за да најде чиста вода у Африка или ако толку е загрижен за Мексико, можел рецимо да ги вложи во борба против нарко криминалот и сиромаштијата што ги јаде. Поголема работа ќе завршел.
Амааааааааа не, ќе снимам филм, ќе снимам досадни 2:40 видео материјали, можеби ќе добијам некој долар плус а ништо чудно и награда, сепак ова е филм комплетно продуциран и снимен во Мексико. Не е битно што американска продукција ти дала пари.
А и треба некој да му забележи на ликов дека нема апсолутно никаква смисла за хумор. Тоа ваљда требаше одма после Birdman да му стане јасно.

Ај мрш, од такт ме извади.

Најглуп филм на целиот свет.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
На 2 дена пред завршување на гласањето и 8 дена пред објавување на скратените листи, моите предвидувања за категоријата меѓународен филм се дека ќе поминат:

1) Corsage (Австрија)
2) Argentina 1985 (Аргентина)
3) Close (Белгија)
4) Holy Spider (Данска)
5) Decision to Leave (Јужна Кореја)
6) All Quiet on the Western Front (Германија)
7) The Quiet Girl (Ирска)
8) Bardo (Мексико)
9) Joyland (Пакистан)
10) EO (Полска)
11) The Blue Caftan (Мароко)
12) Klondike (Украина)
13) The Kinds of the World (Колумбија)
14) Farha (Јордан)
15) Beautiful Beings (Исланд)

За првите 10 би рекол дека едно 95% сум сигурен дека влегуваат на скратена листа. Од другите Мароко и Исланд ми се сумњиви и на нивно место можда би биле Бразил и Норвешка.
Објавена скратената листа од 15 филма.

Argentina, Argentina, 1985
Austria, Corsage
Belgium, Close
Cambodia, Return to Seoul
Denmark, Holy Spider
France, Saint Omer
Germany, All Quiet on the Western Front
India, Last Film Show
Ireland, The Quiet Girl
Mexico, Bardo, False Chronicle of a Handful of Truths
Morocco, The Blue Caftan
Pakistan, Joyland
Poland, EO
South Korea, Decision to Leave
Sweden, Cairo Conspiracy
Погодени 11/15. Првите 10 како што реков беа сигурни патници на листава. Нема некое големо изненадување. За Камбоџа имаше некој позитивен buzz, како и за Франција и Шведска, али одев со филмови што подобро стоеја со оцени на ЛБ.

7/15 изгледани. :angel:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.991
Поени од реакции
37.274
Почнуваме со странските:

1/15: Im Westen nichts Neues / All Quiet on the Western Front (2022) - Германија

1671913313430.png

Ау, каков филм! Филмиште! Јас (барем така мислам) не сакам многу воени филмови, иако IMDB вели спротивно:

1671913440252.png

Ама ова беше вистинско уживање! Прекрасен филм, те држи подзинат од почеток до крај. Одлична претстава за вистинското лице на војната. Во филмов има се по мерка: одлично сценарио, технички совршен, прекрасна глума, убава режија, морничава музика... Според мене ова 100% добива номинација. Плус, бидејќи видов дека е во уште 4 други кратки листи, ова 100% ќе добие номинации и во други категории, па зошто да не и за најдобар филм. Веројатно најдоброто нешто што произлегло од Netflix а не е серија. A must watch!

9/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Top Gun: Maverick

Супер блокбастер, аудио-визуелно топ. Сцените со летањата, експлозиите, акцијата одлични. Слободно нека ги собере Оскарите во тие категории.

Приказната мех, клише. Филмови со вакви приказни не палат веќе, освен ако истите не се напраени само за шоу и акција. Маверик е таков и добар е за тоа.
Добро е вклопен со првиот Топ Ган, го носи со себе иако само Том Круз е од таа постава. Добро и Вал Килмер ама тој само една сцена беше, болен е човекот добро е и што вака се појави. Том Круз остарел.

Топ Ган од 86та е истотака клише филм, можеби послаб од Маверик ама има некоја класа и стил. Ваквите филмови од тоа време се уникатни на некој свој начин и ќе стојат како такви уште многу време.

Поштувам CGI во сцени каде е многу потешко да се изведат на природен начин. На пример експлозии, пукања, еве во случајов летање авиони и слично. Многу ми смета и ме нервира кога се употребува претерано и во секоја сцена.
Конкретно во Маверик во многу сцени се осеќав како да гледам реклама, буквално, многу извештачено изгледа сето тоа.
Па и актерите не личат на самите себе, како да не глумат, ги нема оние природни емоции, изрази. Ко у видео игра да се.
Општо за сите филмови важи ова, зборам за поновиве.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.991
Поени од реакции
37.274
Да направиш филм во кој постои мултиверзум (веројатно така би било на македонски, а?) каде има луѓе со виршли наместо прсти, азиски борбени вештини, камења што размислуваат, даноци, перални за алишта, места каде за да можеш да патуваш во друг универзум треба да си ставиш нешто во газот, ракуни кои знаат да готват, googly eyes и ѓеврек што може да те вшмука и да не постоиш, а притоа се тоа да е интересно, смешно, да има некаква поента и да пренесе таква емоција каква што пренесува е:
а) сулудо
б) генијално
в) Everything Everywhere All At Once

1671963688694.png

Препрекрасен, преоригинален, преубав филм! Пренесува пораки какви што баш ми требаат во моментов (веројатно некој Златко од друг универзум се потрудил да ги намести така коцките за баш сега баш јас да го гледам, иако симнат веќе со месеци). Пораките се cheesy, да, поентата е клише и за превртување очи, ама WHO THE FUCK CARES? Важно е како ТИ се осеќаш. И не е важна глобалната слика, туку само ТИ, во ОВОЈ МОМЕНТ!

Сакајте се, драги мои, најдете убавина и среќа во малите нешта, гушнете ги оние до вас, кажете им дека ги сакате, простете им на сите што ви згрешиле нешто и вратете со љубов. Само тоа е важно, само тоа ќе се памети.

Мојот фаворит за Оскар! Чиста 10/10!

И препрепрепрепрепрејако ова, браво за идејата:

Everything.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.991
Поени од реакции
37.274
Се сеќавате кога Коби Брајант доби Оскар за краткиот анимиран: Dear Basketball? Сите велеа: тоа е неговото љубовно писмо кон тоа што најмногу го сакаше во животот - кошарката. (До душа, тоа и буквално беше љубовно писмо, но нејсе). Е, па исто такво чувство имав кога го гледав

The Fabelmans

1672091350018.png

- ко да е љубовното писмо на Стивен Спилберг кон она што најмногу го сакал во животот - филмовите! Филмов е преполн со сцени кои се претенциозно срцепарателни, што можеби е минус, но како рече некој: ова е филмот кој сите ние целиот наш живот чекавме Спилберг да го направи. Ова е врвот на неговата кариера, во која е опишана баш неговата кариера. Во голема мера автобиографски, со исечоци од неговиот живот инкорпорирани, ова е еден едноставен coming of age филм за љубовта кон филмовите. И толку. Ама перфектно функционира се. И плус, последниот кадар е маестрален! Алал! Ова зема Оскар, 102,3%! Без конкуренција! (Иако мој фаворит останува Everything Everywhere All At Once што е светлосни години пооригинален).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.991
Поени од реакции
37.274
Продолжуваме со оскаровските кандидати. Филмовите за истражувачко новинарство не се ништо ново, еден Erin Brockovich го имавме уште пред 22 години, а сигурно не бил пионер во жанрот. Но некако откако Spotlight зеде Оскар за најдобар филм, како да зачести трендот за правење на вакви филмови, па секоја година излегува барем по 1 кој обично е меѓу кандидатите за Оскар. Оваа година тоа е

She Said

1672170552416.png

филм за Меган Туи и Џоди Кантор, двете новинарки на Њујорк Тајмс кои истражуваа и ја објавија сторијата за злоставувањата од страна на Харви Вајнстејн која го покрена глобалното #MeToo движење потоа. Не велам дека филмот не беше доволно моќен или не испраќа доволно моќна порака, но сметам дека ќе беше посилна да беше од малку поголема дистанца. Случувањата кои се прикажани се од 2017 година, сите ги паметиме, дури и пишувавме на форумов како излегуваа статиите и како се повеќе и повеќе жени се охрабруваа да ги кажат своите приказни. Дури се сеќавам и на денот кога излезе статијата за Ешли Џад. Затоа, не само што начинот на кој е снимен филмот и самата приказна се веќе видени, туку и буквално приказната ни е позната од А до Ш, па некако филмов немаше толкав impact врз мене. Плус, особено во првата половина, монтажата ми беше многу чудна: во многу сцени, двајца ликови кажуваат една или по една реплика, и рез - нова сцена. Ми беше претерано избрзано и тотално непотребно. Заради се ова: само 6/10 од мене. И некако не верувам дека филмов би заработил номинација или номинации за Оскар, во било која категорија. Ама ќе видиме. Може баш жените од Холивуд кои го мразат Вајнстејн ќе гласаат токму за него па ќе видиме изненадувачки номинации.

P.S. Единствено моќно нешто што видов тука: Ешли Џад се глумеше самата себеси! Тоа некако ја засили пораката која ја испраќа, и кај мене создаде чувство на почит кон таа жена, иако не ја знам многу од претходно.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Glass Onion (n)

Вакви Шерлок тралалајки се интересни еднаш, и толку. Точно 1 саат во филмов не се дешава ништо, во втората половина се дешава све, и завршува мех. Конфузен, досаден и речиси скроз неинтересен филм.

Сценаристов очигледно има талент и креативност и боље би му било да напише и сними некоја посериозна крими мистерија пошто вакви Knives Out серијали во иднина ќе му носат само дно.

Првиот филм е супер, интересен од почеток до крај, требало да си остане само на тој.
Ова Онион е веќе видено, убиство мистерија и Даниел Крег го решава за 3 секунди.

А и актерскава екипа очај, кој од кој полош. Едино Жанел Моне што е топ и физички и глумачки. Поише физички.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
All Quiet on Western Front

Филм пун CGI, неглума, досада и монотонија. У Call of Duty има пореалистични сцени со пукања и експлозии. Од авион се гледа дека не ни искочиле на терен туку цел филм го напраиле позади зелен екран.

Боље да ги укинат воениве филмови пошто ги упропастуваат со CGI-от.

Ај спореди го овој филм со класици како Saving private Ryan, Platoon, We were soldiers, Come and see, Iwo Jima и Flags of our fathers, и ќе видиш до каде е.

Многу досаден, едвај го изгледав. Едино добро музиче што има, такво језиво малце. Други пофалби со сила да ги барам, нема да ги најдам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
All Quiet on Western Front

Филм пун CGI, неглума, досада и монотонија. У Call of Duty има пореалистични сцени со пукања и експлозии. Од авион се гледа дека не ни искочиле на терен туку цел филм го напраиле позади зелен екран.

Боље да ги укинат воениве филмови пошто ги упропастуваат со CGI-от.

Ај спореди го овој филм со класици како Saving private Ryan, Platoon, We were soldiers, Come and see, Iwo Jima и Flags of our fathers, и ќе видиш до каде е.

Многу досаден, едвај го изгледав. Едино добро музиче што има, такво језиво малце. Други пофалби со сила да ги барам, нема да ги најдам.
Ја трици јадам ко викам слаб филм. Сега пати хаха :kezec:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom