МојДДВ - проект за поврат на ДДВ кај граѓаните

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
На фискалната мислам, да. Чим ти се од 30,31/12 2020г. тогаш спаѓаат од последното тромесечие од 2020 година и затоа не ти ги кажува во месечниот и тромесечниот извештај од 2021г.

Инаку тешко се достигнуваат тие 1800 за едно семејство. Затоа и кренав раце од скенирање...Тоа беше тешко кога беше 15% поврат на сите производи, не пак сега со промената 20% на домашни и 10% на странски производи. Вака од ракав, треба во маргини од 120к до 140к денари за 3 месеци треба да потроши едно семејство за да дојде до тој максимален поврат.
Како што пишав јас пред крај на годинава почнав да скенирам месец Декември. Бев скептик абе ајде нема шанси да се достигне сумата масимална но со помош на луѓе се успева. Е сега повеќето собираат па тоа и го отежнува собирањето. Не може секогаш да ви помагаат луѓе. Како и да е нека капе по некој денар тромесечно.

Јас бидејќи не излегувам, не заглавувам многу викенди надвор некаде, не пушам, слабо пијам алкохол па така да и плата ја штедам на сметка штедна за кога ќе ми притреба за нешто да имам.
 
како беше со мој ДДВ, за тримесечието 2021 ?? се одложи или што ??
 
Има некој друг проблем со апликацијава Мој ДДВ?

Еднаш го имаше овој проблем сега пак денеска истово. Првиот пат се реши утредента

Значи одвај работи. Тешко ги скенира сметките, кога влегувам да гледам што сум скенирал ми вади Нема конекција до УЈП и буквално од 16 и нешто часот до сега трае овој проблем.
 
Во наредениот период УЈП, во координација со Министерството за финасии ќе поднесат предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица за од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните да може да добијаат максимален износ од 2.100 денари.

Повеќе тука


Јас па неможам точно 1.800 да направам за поврат за три месеци. Најчесто се ми е 1000 и нешто ситно
 
Ај некој ако знае нека пише. Дали за Мој ДДВ да се користи кога ќе се регистрираш на сајтот на УЈП после мора ли тоа барањето на мејл што го праќаат да се носи во даночна канцеларија на УЈП?

Јас се имав одамна регистрирано и имав носено на УЈП тоа барањето ама тогаш не ми беше за ДДВ нешто тражеа како вработен не се сеќавам за што точно беше и така и успеав да користам Мој ДДВ. Е сега мајка ми нема тоа мислам регистрирано па да и напраам сакам и нејзе.
 
И кога ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ?
 
И кога ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ?
Треба прво да го усвојат во парламент па ако го усвојат би требало во второ тромесечје да почне.
Автоматски споено мислење:

Ај некој ако знае нека пише. Дали за Мој ДДВ да се користи кога ќе се регистрираш на сајтот на УЈП после мора ли тоа барањето на мејл што го праќаат да се носи во даночна канцеларија на УЈП?

Јас се имав одамна регистрирано и имав носено на УЈП тоа барањето ама тогаш не ми беше за ДДВ нешто тражеа како вработен не се сеќавам за што точно беше и така и успеав да користам Мој ДДВ. Е сега мајка ми нема тоа мислам регистрирано па да и напраам сакам и нејзе.
Поднеси преку интернет како што си поднел за тебе и после оди кај било кој службеник со нејзина лична карта за да ја активираат.Ќе ти даде примерок и после ќе ти стигне меил за да активираш.
 
A кога треба да почнат со исплаќање на ДДВ од 2022 година последното тромесечије?
 
Има ли врска кога си почнал со скенирање сметки за да побрзо го добиеш тој поврат што си го направил?

Со една трансакциона сметка почнав да скенирам неколку дена пред крај на тромесечје/година 2022 и еве го март почна уште повратот на ДДВ не е реализиран. Додека на моја трансакциска сметкс од 2022 година последно тромесечје веќе ми го дадоа повратот ДДВ.
 
Пратете некоја фискална бе братчета
 
Луѓе изгледа го покачија овие. Вчера имав преостанато уште 14 МКД а денес ми пишува 305 МКД.
Автоматски споено мислење:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom