Cold cases

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Cold case е нецелосно разрешено кривично дело, кое не е предмет на кривична истрага, но постои можност, со текот на времето, да се појави одреден материјален доказ или сведок, па дури и да се појави исчезнатото лице, и делото да се разреши и/или предметот да се затвори. Едни од најпознатите се идентитетите на Џек Мевосек, Зодијак, убиецот од Западна Меса и убиецот од езерото Бодом, исчезнувањето на Џими Хофа или мистеријата од Дјатлов која и ден денес не е целосно разрешена, не се знае дали станува збор за целосно природна појава (како лавина) која ги растревожила планинарите или можеби бил вклучен и човечки фактор.

Ќе почнам со затехнички непознат случај, за исчезнување на петмесечната Сабрина која исчезнува од својот дом, родителите се сомневаат во киднапирање, полицијата се сомнева во родителите, дури и се одлучуваат да ги озвучат, но поради грешка во спојувањето на жиците, разговорот меѓу родителите, каде (наводно) меѓусебно се набедуваат за убиството на своето бебе, но поради неможност точно да се интерпретираат зборовите, судот не го прифаќа како доказ. Родителите секоја година објавуваат слика од нивната ќерка, во однос на тоа како би изгледала денес, со цел ако некој ја препознае да им јави.


Убиството на Ерик Крос каде полицијата се сомнева дека бил врзан за кола и влечен, на рацете имал лузни направени од јаже, а потоа и прегазен. Несомнено, според полицијата, се работи за убиство. Имало осомничени, но после 40 години, поради недостиг на докази, сеуште никој не е осуден.


За дел, за попознатите, се напишани и книги, а снимени се и филмови, убаво би било да има препораки и во таа насока. Ако споделувате видеа (од ЈуТуб), убаво ќе биде да напишете реченица-две како интро.

Темава можеби припаѓа или во Мистерии или во Философија, но додека тие подфоруми не добијат (адекватни) модератори, сите сродни теми ќе ги отворам во Политика и вести. :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Еј супер, со ова ја бев опседнат некаде периодот 2017-2019, буквлано секој ден со саати гледав вакви случаи на https://www.youtube.com/@CriminallyListed и https://www.youtube.com/@ThatChapter и други слични канали, да не ги набројувам сите дека има многу зезнати, од два уште ме лазат морници до ден денес

1. Darlie Routier
- мајка што е обвинета дека си ги убила своите две деца, едната верзија е дека човек провалува и ги убива а неа ја прободува, другата верзија е дека сама си ги убила и исценирала, има одлични докази за двете страи. Ќе паднете од столче гледајќи

2.
Juan Pedro Martinez Gomez или ако преферирате да читате место да гледате видео има тука
- ова е нереално, дете исчезнува под најбизарни околности, мајка му и татко му ги наоѓаат мртви во експлодиран камион, но ништо не било чудно се до моментот кога бабата не прашала 'Кажете ми дека момчето преживеало', на што следело прашање 'Кое момче?' и остатокот е најбизарен случај на исчезнато лице во светски рамки (имам гледано 100+ случаи)

Од регионов би го издвоил случајот од Бугарија со иснечзнувањето од аеродромот на
Lars Joachim Mittank.

Простете што не ви пишувам на долго, ама многу е поубаво кога сами ќе си ги изгледате случаите и ќе испитате од двете страни, дали преку нараторско видео или преку редит нешто статии, сами внесете се во приказната, вака јас колку и да кажам пак ќе биде површно и нема ни 5% да доловам.

П.с. Ако некој е на мислење “еј супер вас интересно ви е, додека во тага е семејството, или пак луѓето од каналите пари прават на нечив случај, само да знаете дека за многу случаи особено од поновите, семејствата се известени и благодарни што биле покриени на некој канал и што се дигнало популарност со која и се помага да биде најден некој и ако приметите скоро сите на крај имаат "ако имате приметено било што тогаш и тогаш јавете се на тој број", така да што повеќе вакви видеа се прават и допираат до широката маса, толку е поголема шансата некој замрзнат случај да се реши.
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Предобра тема. За време на студирањето и дипломирањето се труев со вакви случаи и документарци за сериски убијци. Добри 2г сигурно немам ништо разгледано од ова дали има некоја новост.

Последно нешто на што се сеќавам од ова беше за еден дечко, иден лекар што му се губи секаква трага додека бил на одмор во Охајо во 2006г. Најинтригирачко е тоа што оди во кафич и тоа не сам и исчезнува. Не можеа да најдат т.е да видат и откријат кога он излегува јер на безбедносните камери го има само како влегува.
Може да го знаете јас како низ магла се сеќавам на ова.
Ќе направам еден рисрч па ќе ви дадам дополнителни информации.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Eве за еден случај што скоро на телевизија го дадоа филмот: Devil's Knot.
Три момчиња во мало место најдени се убиени, врзувани, без облека. Обвинети се тројца млади од местото, иако немало докази за нив. Случајот е познат под името: West Memphis Three, и е останат нерешен.

Од цела приказна, судбината на првообинетиот Damien Echols осуден на смртна казна, ми беше најинтересна. Осуден е, главно, затоа што слушал хеви метал. Дечково во затвор се жени, успева да сврти внимание за поддршка врз себе, снимени се за случајот повеќе документарци и филмови (мислам Девилс Нот е најпознатиот, а Металика првпат дале дозвола да се употреби нивна музика во филм), познати музичари (меѓу нив Том Вејтс, Иги Поп) прават албум за негова поддршка, парите одат за негова одбрана.

Сите тројца осудени се ослободени во 2011 година, а вистинските убици не се најдени, веројатно нема ни да бидат.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Одлична тема и јас бев едно време навлечен и изгледав неколку вакви документарци и видеа на јутуб, не сум запознаен со повеќето од овие па ќе ги изгледам, слободно ставајте уште (по можност ако има и филм/документарец снимен)

Сте ја заборавиле најпознатата медиумска истрага (додуша не знам дали се смета за cold case)
Исчезнувањето на Меделин Мекен кое се случи во Португалија 2007 година. Британски пар одат на одмор и ја оставаат нивната 3 годишна ќерка во собата од апартманот додека тие се на вечера. Едната теорија е дека родителите несвесно ја убиле и го прикриле сето тоа, а другата е дека е киднапирана.
Исчезнувањето предизвика медиумски бум, се актвиираја во потрага многу приватни детективи и служби и се снимија доста документарци од кои најпознат е од Нетфликс кој излезе во 2019 година



Друг познат и мистериозен за кој исто не знам дали се смета за cold case e смрта за Елиза Лам која се случи во февруари 2013 година, кога телото на една кинеско-канадска туристкиња било пронајдено во тенкот за вода над хотел во Лос Анџелес. Нема да откривам премногу затоа што случајот е доста мистериозен и морбиден па еве ви два документарци за тие што не сте запознаени.

 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.500
Поени од реакции
5.344
Сте ја заборавиле најпознатата медиумска истрага (додуша не знам дали се смета за cold case)
Исчезнувањето на Меделин Мекен кое се случи во Португалија 2007 година. Британски пар одат на одмор и ја оставаат нивната 3 годишна ќерка во собата од апартманот додека тие се на вечера. Едната теорија е дека родителите несвесно ја убиле и го прикриле сето тоа, а другата е дека е киднапирана.
Исчезнувањето предизвика медиумски бум, се актвиираја во потрага многу приватни детективи и служби и се снимија доста документарци од кои најпознат е од Нетфликс кој излезе во 2019 година

pred nekolku meseci e uapsen eden .
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Приказната е малку штура, но се работи за мистериозна смрт, дали станува збор за убиство или самоубиство? Телото на оваа 24 годишна девојка е најдено отпад на зграда, каде било ставено преку депонерот за отпад. Од една страна има сомнеж дека се работи за самоубиство затоа што има самоубиствена порака, а од друга страна, пак, преку реконструкцијата прикажуваат дека е тешко едно лице само да влезе во депонерот. Возможно е, но е тешко. Тоа е брз и лесен пат за отстранување на тело, а ако веќе сакала да се самоубие, можела да одбере некој друг начин. Последното, технички, не е аргумент, но е јаготката на мистеријата.



Ова е еден од најинтересните случаи кои ги имам сретнато последните години. Започнува со потрага по изгубено дете, за кое родителите тврдат дека побегнало од дома, но никогаш го немаат пријавено како исчезнато. Продолжува со полициска истрага за убиство каде како првоосомничен се јавува таткото кој е на чекор до признавање на убиството, па се до пронаоѓање на детето (која веќе е возрасна жена), но во нејзината приказна има премногу сомнеж. Има ДНК, матни спомени, драма, дигитална технологија, свашта. Полицијата, сеуште, смета дека се работи за убиство. Топла препорака.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Од регионов би го издвоил случајот од Бугарија со иснечзнувањето од аеродромот на Lars Joachim Mittank.
Јас доста се занимавам у задње време со слична тематика.

Овој случај погоре не е единствен таков. Има уште некои слични.
Пример, снимаат филм во дивина. Еден од екипата одеднаш прекинува со работа у сред снимање, се стрчува, влегува во шума. Сите зачудено го гледаат, идат по него и никад не го наоѓаат.
и др.

Интересен случај.
Може да не е ништо паранормално у питање, него дрога.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Да се надоврзам на претходното мое мислење погоре. Станува збор за Брајан Шафер кој тогаш имал 27г.
Шестнаесет години подоцна, случајот не е расчистен. Постојат неколку теории со неговото исчезнување, од кои една сугерира дека се извлекол од барот и подоцна бил убиен иако полицијата изјавила дека е 100% сигурна дека не излегол од излезите.
Други викале дека бил убиен од еден од сериските убијци „Смајли Фејс“, додека пак некои мислат дека заминал преку излезот за итни случаи, паднал во градежна дупка и подоцна бил покриен со цемент.

Ова последното ми е ептен уау. На видеово дури и кажуваат дека можеби го нашле мртов во кафичот па го ставиле во цемент за да не си отвораат проблеми со законот.... уште вика можеби е некаде низ ѕидовите.. :несвест:

 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Одлична тема.

Еве еден од најфасцинантните случаи за мене. Случајот со Д.Б. Купер.

На кратко за тие што не слушнале за настанот... Во ноември 1974 година мистериозен човек се качува на авион од Портланд до Сиетл. Билетот го купил под името Ден Купер (подоцна во медиумите претставен како Д.Б. Купер), но јасно е дека се работи за лажен идентитет. Кратко по полетувањето човекот и кажува на една од стјуардесите дека носи бомба со себе и ќе ја активира ако не му бидат исплатени 200.000 долари (над еден милион во денешна вредност), и побарал четири падобрани да му бидат дадени по слетувањето во Сиетл.

Барањата во Сиетл му биле исполнети. Откако добил што барал и другите патници го напуштиле авионот, Купер им наредил на екипажот да одлетаат до Мексико Сити. Но после само 30 минути од вториот лет Купер ја отворил вратата на авионот, скокнал со падобран во ноќта и исчезнал засекогаш. Никогаш не е идентификуван ниту се знае што се случило со него и со парите. Само мала сума од парите е најдена следната година покрај реката Колумбија, и ништо друго.

За случајот има многу документарци, меѓу кои серијал на Нетфликс кој излезе летово и кој ептен го препорачувам. Низ годините имало многу теории за тоа што се случило со Купер и многу осомничени, но изгледа тешко дека случајот ќе се реши некогаш.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Најпопуларниот cold case е секако Zodiac убиецот. Потврдени 7 убиства, но тој во своите писма се фали на 37. Единствените преживеани од неговите обиди за убиства се Michael Mageau поради кој го има скечот, и Kathleen Johns со нејзиното бебе, која потврдила дека човекот кој ја нападнал е оној од скечот.
1671926501625.png

Никогаш не е откриен идентитетот на убиецот, иако веќе има скеч. Тој почнал да ја исмејува полицијата со писма, некои напишани и на неговиот код, кој криптографите сеуште не можат да го решат.

1671926627222.png

Поради славата, се појавуваат и многу лажни Зодијаци, но, иако има неколку осомничени, полицијата не успеала конкретно да изолира еден за да го уапси.

За Зодијак се снимани многу филмови и документарци, бидејќи сеуште се трага по неговиот идентитет. Најпопуларен е филмот со исто име од Дејвид Финчер.
 
Последно уредено:

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Eве за еден случај што скоро на телевизија го дадоа филмот: Devil's Knot.
Три момчиња во мало место најдени се убиени, врзувани, без облека. Обвинети се тројца млади од местото, иако немало докази за нив. Случајот е познат под името: West Memphis Three, и е останат нерешен.

Од цела приказна, судбината на првообинетиот Damien Echols осуден на смртна казна, ми беше најинтересна. Осуден е, главно, затоа што слушал хеви метал. Дечково во затвор се жени, успева да сврти внимание за поддршка врз себе, снимени се за случајот повеќе документарци и филмови (мислам Девилс Нот е најпознатиот, а Металика првпат дале дозвола да се употреби нивна музика во филм), познати музичари (меѓу нив Том Вејтс, Иги Поп) прават албум за негова поддршка, парите одат за негова одбрана.

Сите тројца осудени се ослободени во 2011 година, а вистинските убици не се најдени, веројатно нема ни да бидат.
Не сакаат да го решат ... но кривецот е еден од очувите на мртвите деца - Terry Hobbs кој е дегенеричен наркоман педер во негирање и правел оргија тогаш со неговиот денешен најдобар другар и други млади наркомани.. и реденка си праеле дегенерициве на место познато за клецање и такви срања ...и децава ги виделе изопачениве на дело и убиени се (последен пат видени со тој лик,алиби безвеза,децата врзани на посебен начин кој само очувот го знаел од блиските,ВЛАКНО коса најдено едно у цел тој џбун и баш на тој очувот .. и други сведоци,конкретно дури и признанија кои се отфрлени)
И ако поебеш доволно време да ги глеаш сите документараци,изјави и други милион детали ќе дојдеш до некој сличен заклучок.
Но можно е и ова да нема везе.

Сепак ,доволно е за почеток документарецот кој е еден од најдобрите за вакви случаеви ,овде е музиката од Металика, трае 2ипол часа сето склопено и вреди секоја минута , дури ќе предупредам графички е оти има мртви тела без цензура ...

 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
кривецот е еден од очувите на мртвите деца
Од тоа што читав и гледав, двајца очуви на две од деца личат на виновни, едниот го имал ножот што детето го носело со себе тој ден, другиот на новинарите им го дал својот нож, на кој е утврдено дека имало крв, а очувот рекол дека не е користен ножот. Овој вториов ги извадил сите заби беспотребно и рекол ќе става вилици само откако се кажало дека на едно од децата е најден угриз по кој може да се идентификува сторителот ... многу измешано, ама и двајцата очуви личи дека се вмешани, не само едниот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom