Додека трае хајпов за светското првенство, сакам да го искористам овој пост да рејзнам авернес за 'Светското првенство на непостоечки држави" кое се одржува од 2006 година.
Не, ова не е нешто што го имам измислено и не е нешто што треба да има комичен ефект.
Ова е буквално првенство што се одржува од
2006, а на него настапуваат држави што баш и не се држави.
Чисто за пример, последниот шампион е Карпатија, пред тоа шампион беше Абхазија.
До сега дури 8 "земји" ја имаа честа да се закитат со честа да бидат домаќини на "Светско првенство на непостоечки држави и региони", а тоа се:
Окитанија
Сапми
Паданија (ја освоија титулата на свој терен и ја одбранија титулата од претходното светско)
Гозо (Паданија повторно шампон, три пати по ред, се уште е еднинствена екипа со повеќе од 1 трофеј)
Курдистан (ја освоија титулата на свој терен, во финалето беа подобри од Северен Кипар)
Сапми (прв пат една 'непостоечка земја'/регион да е домаќин по втор пат на ова првенство)
Абхазија
Барава
Сите овие земји на сосема квалитетен и професионален начин го одржуваа ова натпреварување, а некои може да кажат дека на овие првенства жените и хомосексуалците можеа да уживаат повеќе од светското првенство во Катар.
Сепак, како и многу други мали проекти така и овој за жал се соочи со проблем, па веќе неколку години не се одржува ова светско фудбалско натпреварување.
По Окитанија, Сапми, Паданија, Гозо, Курдистан, Абхазија и Барава, проблемот со одржување и организирање ова натпреварување настана кога домаќин на истото стана
Северна Македонија.