Синиша Михајловиќ денес погребан на гробиштата во Рим. Неколку чудни работи кои не можеа а да не се забележат:
- присуство на високи официјални личности, а Миха е... бивш фудбалер и тренер, нема освоено светско првенство со репрезентација, неговото име за глобалната јавност е мистерија, точно е дека е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалската игра но тоа им е познато само на доста поупатени во фудбалот како и на навивачите на клубовите за кои Миха играше. На неговото опело високи полициски чинови. Сообраќајот низ Рим стопиран каде требало да помине погребната кола со ковчегот во кој почива Миха. Се работеше за простување од некого што значеше повеќе од фудбалер и тренер во Италија.
- погреб на ден Св. Никола... а православен погреб, го опеа православен поп.
- погреб во Рим а не во неговото родно Борово Насеље или на пр. во Белград, каде како играч го почна походот кон ѕвездите и незаборавната слава.
- освен соиграчи, тренери и клупски челници од италијанските клубови каде Миха играше или им беше тренер немаше никого од белградска Црвена Sвезда, со исклучок на неговиот следбеник, соиграч од Интер и ако не се лажам, кумашин Дејан Станковиќ кој во дадениов момент се најде во Италија како тренер на Сампдорија. Иако и Станковиќ и Миха се бивши Sвездини играчи, Дејан дојде на погребот без клупски обележја на Sвезда, само како член на семејството. На опелото на Миха врз неговиот ковчег ставаа дресови од Лацио и од Рома. Немаше никој да стави дрес од Sвезда. Повторно, знејќи дека во Sвезда Миха се вивна во ѕвездите и заработи култен статус. Иако Црвена Sвезда има отворено книга на жалост за Миха на стадинот “Рајко Митиќ“ во Белград, никого од тој клуб на погребот.
Многу, многу сакав да ја видам собрана старата гарда Sвездини шампиони како го носат ковчегот на нивниот соборец/соиграч Миха кон вечното почивалиште. Панчев, Белодедиќ, Биниќ, Просинечки, Стојановиќ, Савичевиќ на пр., со кои Миха го освои покривот на фудбалскиот свет. Наместо нив, го носеа Тоти, Манчини, Станковиќ...
Го фатија потоа Драган Стојковиќ-Пикси (за помладиов свет, сегашниот селектор на Србија и легенда на Црвена Sвезда) за интервју на погребот, меѓутоа колку паметам Пикси веќе го продадоа во Франција кога Миха потпиша за Sвезда.
Снимка од погребот на Миха