Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Неколку пати првиот договор. 2-3 пати првиот договор во шоп, и 2 пати првиот договор во арт бидејќи имав паузи на копно па телото се одвикна од нишањето. Јас обично пијам 2 апчиња против морска болест и сум ОК цел ден. Патем за морска болест да ме фати треба бродот сериозно да се ниша, што на големите бродови ретко се случува,

Tonchie a kakvi alista da zemam za 7 meseci na karibite…Isto i ovie za licna higiena od tuka taka ?
 
Алишта, земи си еден шорц за бањање и еден кажуал (јас носам air jordan веќе 10 години :) ) 7 маички на кратки ракави и 1 дукс за случајно ако залади, што ретко се случува, и пижами за секој случај ако климата у собата ти е ставена на ладно и не може да се промени како на мојот сегашен брод. Девојка ми ми вика дека мојата соба е фрижидер :) За лична хигиена понеси 2 дезодоранси, 2 афтершејва, 2 пасти за заби... јас додуша паста за заби купувам до Македонија, Лакалут со гратис четка, носам по 6 такви сетови со мене на брод затоа што лакалут ми е омилена паста за заби, колгејт и останатите брендови достапни на брод или по портови не ми се баш по ќејф.
Понеси си еден комплет фини алишта, црни пантолони и убава кошула за ако можеш да вечераш во гостински ресторан треба да си дотеран :)
 
Здраво, да прашам гледам на инста рекламират некој oxxon посредувач компанија македонска за сума од 200-300 евра да аплицираш? Некој има искуство? https://oxxon.mk/
Пред месец дена почнале да работат така да никој нема искуство со нив, иако на страната им пишува дека работат со години, значи лажат. Ако приметиш рекламата им е педерска типа дај 300 евра и работиш на брод со плата 2700 евра, а уствари не ти гарантираат вработување после целиот процес, ниту пак ти ги враќаат 300 евра ако не се вработиш
 
Последно уредено:
Кај Oxxon забележав дека го ангажирале Бомбакис да ги рекламира :)

Исто така заборавив да пишам во постот погоре, барем 10 пара долна облека, 10 пара црни чорапи и барем 5 пара бели, скроз бели, чорапи. Мислам логото да не се гледа, значи малечко лого кое може да го покриеш ако ја преклопиш чорапата.
 
Уште ли по бродови младино македонска...;) зарем уште е жива таа шема, нели ја уби ковидов... едно време освен ресторански позиции или евентуално фотограф на брод друго не нѐ пуштаа од Македонија, тоа се смени ли?
 
Кај Oxxon забележав дека го ангажирале Бомбакис да ги рекламира :)

Исто така заборавив да пишам во постот погоре, барем 10 пара долна облека, 10 пара црни чорапи и барем 5 пара бели, скроз бели, чорапи. Мислам логото да не се гледа, значи малечко лого кое може да го покриеш ако ја преклопиш чорапата.
Истава облека и за тие што ќе се стално у движење, а не само на Карибите? Или ќе треба троа повеќе зимска облека да си земеме? :)
 
Алишта, земи си еден шорц за бањање и еден кажуал (јас носам air jordan веќе 10 години :) ) 7 маички на кратки ракави и 1 дукс за случајно ако залади, што ретко се случува, и пижами за секој случај ако климата у собата ти е ставена на ладно и не може да се промени како на мојот сегашен брод. Девојка ми ми вика дека мојата соба е фрижидер :) За лична хигиена понеси 2 дезодоранси, 2 афтершејва, 2 пасти за заби... јас додуша паста за заби купувам до Македонија, Лакалут со гратис четка, носам по 6 такви сетови со мене на брод затоа што лакалут ми е омилена паста за заби, колгејт и останатите брендови достапни на брод или по портови не ми се баш по ќејф.
Понеси си еден комплет фини алишта, црни пантолони и убава кошула за ако можеш да вечераш во гостински ресторан треба да си дотеран :)

Благодарам другар…Сабота навечет летам па ќе видиме шо ќе биди…
 
Благодарам другар…Сабота навечет летам па ќе видиме шо ќе биди…
Можеби ќе ти прават проблеми на аеродром со приборот за лична хигиена- афтершејв, пастите за заби, пена за бричење... знам секој си има избор на брендови, меѓутоа провери прво листата на забранети предмети за внес на лет или во багаж.
 
Афтершејв, паста за заби можеш во ранецот да носиш до 3 работи помали од 100 милилитри. Афтершејвовите скоро сите 100мл или помали, паста за заби гледај да ставиш помала во ранецот, јас обично купувам 75мл, и дезодоранс носам стик, оној што е како сапун во платично пакување. Ако можеш најди проѕирен несесер.

Зимска облека треба само ако се иде кон Аљаска или Северна Европа. На Карибите среде јануари во лошо време имам искачано од брод само по шорц и дукс и ми беше таман.

МоралноПолитичкиНеподобен сега македонци се качуваат на скоро сите позиции освен оние што треба поморска академија. Знам за двајца Хотел Директори. Се надевам некој ден ќе има и Круз Директор. Другарка ми Весна е главен доктор на МСЦ. Од пониските позиции, македонци има во сите департменти. Во мојот департмент моментално има два аукционера од кои Катерина е жива легенда на НЦЛ бродовите.
 
Tonchie А телефонска картичка? ја користиш таа од МК, или си купуваш таму?
 
За колку време од апликацијата за виза добивте термин за во амбасада?
 
Мајоми, али не е толку брзо, пред 2 месеци ми беше почетното интервју.
ОК, според мене, брзо е во споредба со Коузон. За син ми се работи:
Имаше интервју со тие од Карибиан уште крај на мај, му рекоа примен е, му пратија еден куп документација да пополнува, и писмо - договор за работа да го потпише дека е примен на тоа и тоа работно место, иако пишуваше во мејлот дека му е заради виза, ќе го прераспределат кога ќе дојде ред. И ID му пратија, прв датум 23 октомври, па го изместија за 29 јануари.
Од Коузон ќе му закажеле за виза, ама не му пратиле уште ништо. Плус на тие медицински прверки во Србија требало да оди, и за тоа му велат има време. 8 месеци поминаа, ти за 2 месеца си супер во споредба со ова. :)
 
Секоја компанија и позиција е различна приказна. Има дечко од Тетово, дојде у сабота на интервју, сакаа следната сабота да се качи веќе на брод како Бродкаст Техничар, затоа што очајно им требаше на Викинг некој за таа позиција во тој момент. Зборам за врремето кога бев регрутер во Коузон.

Моето прво качување на брод беше преку Мајоми и исто така поминаа 8 месеци од интервју до качување на брод.

Сечие искуство е различно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom