Најуспешен градоначалник на Скопје

Кој скопски градоначалник направил најмногу за Скопје / кој најдобро ја извршувал својата работа?

  • Вкупно гласачи
    103
  • Гласањето е завршено на .
Ристо Пенов. Само тој успеа да ја донесе Касандра во Скопје меѓу првите и ретките во Европа и да и организира дочек на амбасадорско ниво.
 
Љупчо Николовски Фуфо не бил градоначалник? А оние први тројца господ знае кој се. (n)
 
Сите до Пенов се само грејачи на столчиња, и не комплетно по нивна вина. Нит имале буџет, нит закони, нит моќ. Не вреди да се коментираат.

Ристо Пенов е многу подобар политичар од градоначалник. Како градоначалник има една улица, и ставање плочки на плоштад наместо калдрма. Како политичар успешно успева да направи пријатели од сите страни на спектарот, да балансира, да ги задоволи сите, и да не направи непријател од никого. Умерен човек.

Трифун Костовски, фејкер, ко за се друго во животот. Случајно станат милионер, случајно станат градоначалник. И во едното, и во другото заврши банкротиран. Убедливо најнеуспешен од сите на листата. Неговата “успешност“ е грдата слика на македонското општество. Апсолутно никаков талент, за ништо, сем за патетика.

Коце Трајановски е единствениот на листата што е повеќе градоначалник од политичар. Тоа по автоматизам го прави најуспешен. Според мене има многу многу повеќе добри дела од гревови. Силно поддржан од централна власт, ама сепак знаеше да ги истера проектите до крај.

Петре Шилегов никогаш не ја ни сакаше функцијата. Тоа му беше утешна награда, на која беше лут. Човек со неверојатен талент да направи непријатели, дури и од луѓе на кои ништо не згрешил. Ништо не направи како градоначалник, ама генерално не ни мислам дека проба да биде градоначалник, па макар и на еден ден.

Данела Арсовска, повторно повеќе политичар од градоначалник. Ќе проба да ја искористи функцијата за да се врзе со амбасадите, и да стигне до премиер. Лично, се надевам дека ќе успее, од чисто сеир причини. Нешто слично на тоа што го прави во ЈСП со сите (вклучувајќи ги и нивните семејства) што се откажале од Шефот. Од аспект на капацитет, не сум импресиониран.
 
Генерално се согласувам со мислењето, со исклучок на болдираното. Данела е многу одамна врзана со амбасадите, поточно со една од амбасадите, и не случајно му ја пикнаа на најнеталентираниот политичар :)
 
Ако делот со картите не е баш точен, тогаш можеби главната цел на статијата беше да прочитаме што сè поседува Ленин? :D
Klasicna retardirana makedonska strategija da se ocrni sekoj covek.
Ljubomorata sekogas pali.
 
Коце барем ги среди булеварите. Викате што викате, главно ок се изведени.
Шилегов...иако средни нешто, што да имаше правено е засенето од фактот дека на тие средени улици, макотрпно ширени, ги нареди со портокалови столбови за да се удоволи на велосипедистите, манијаци како што се, оти сакал нидерландс да не праи. Краен ефект..не може пешки да идеш ниту да возиш. Исто така сакаше да затне центар, што имаше да направи аритмија со сообраќајот
Најглуп проект на шилегов и на даниела се трамваите. Имаме автобуси, шо очигледно посрани ги имаат управувано. Ама не е ни тоа маната. Замисли каква затка ќе имаш кога воз ефективно поминува низ градот. По велес сегде има пруги и жива нервоза е ностоп на да пазиш. А возови не се ни редовни. Замисли го тоа секој 5 минути. Има да се направи затка. Ми е криво само што никој не успеа илинендска и асном да ги пробие да се одзатне малце работата. Аеродром (и тоа ново лисиче) е релативно лошо споен со северно западните делови. Или преку мичурин(кисела вода) каде што сабајле се затиња на квадрат. Или преку железничка како што исто така се затиња. Кај бриколаж е многу долгу и има барем 3 угушни точки. нема да речеме чист пристап.
 
Коце беше популист и убедливо најградоначалник во Гази Баба,затоа и стана градоначалник на Скопје.
 
Времето на Коце беше ренесанса за Скопјево. Тоа што се направи тој период, овие по него не можат ни да го окречат, а камо ли да довршат што се почнало, па гледаме грдосии како зградата на ЕСМ и таа спроти, објектите на плоштад напуштени градилишта стојат у сред центар еве веќе 6-7 години.
 
Објектите во центарот на градот, кои не беа фасадирани, сеуште си стојат така. Скелето на зградата на Рекорд стоеше добри 3-4 години, а тука се и започнатите и недовршени факултетски згради на ФИНКИ и на Факултетот за спорт, во универзитетскиот кампус, кои се во процес на изградба веќе добри 6-7 години, а 3-4, од тие 6-7, стагнираа.

Петре одеше на сензационализам, за напад на Скопје 2014 и на милионските проекти чии фасади брзо паднаа, чии подруми пречесто се поплавуваат и чии кровови пропуштаат вода. Не мрдна од тој сензационализам. Дури ги имаше и поволните услови кои ги уживаше и Коце односно мнозинство во Советот на град Скопје, мнозинство градоначалници на локално ниво во градот Скопје, мнозинство во повеќето Совети во локалните самоуправи на ниво на град Скопје и поддршка од централната власт. Речиси и да немаше никаков политички отпор. Од неговите проекти, во главата ми останаа реконструкцијата на Бит пазар, зелениот кров на ГТЦ и започнатиот мост кај АСНОМ!

Данела, од друга страна, одлично го започна својот мандат. Кај мостот Гоце Делчев, во центарот на градот, го среди кејот на Вардар, а на локално ниво ги реновираше сите улици во оваа населба и во среди Расадникот. Овие улици никогаш не биле реновирани, за половина мандат инвестираше повеќе во оваа населба отколку било кој градоначалник на Скопје! Не требаше да влезе во конфликт во партиското раководство, кое секојдневно и поставува сопки. Истото тоа раководство ѝ постави точно нула сопки на актуелната власт, а во два наврати собираа потписи за референдум, а во еден наврат им дадоа кворум за законот за државјанство!
 
Најуспешен градоначалник е Шиљегов кога ја воведе онаа мерка кога некој ќе се начука у кафана, потоа да му следува гратис такси до дома.
 
вираше сите улици во оваа населба и во среди Расадникот. Овие улици никогаш не биле реновирани, за половина мандат инвестираше повеќе во оваа населба отколку било кој градоначалник на Скопје!
Проектот беше од време на шилегов, барем магистралите за кисела вода. За жал ги нареди со ступчиња за точачари
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom