Озбилно ќе дискутираме дали комбињата и бусевите беа полни? Вие сте стварно болни. Во Струга 15 души бевте закачени на ограда на стадионот, пишувавте дека сте биле 50-70 ама затоа Комити празни комбиња носеле. Лее со какви луѓе сме ние ривали.
Убаво ја лапнавте фората со паролата за стадионот и се истрчавте да аплаудирате
)
Најважен според мене беше изгледот на трибина. Комити сите во црно, испочитуван кодекс максимално. Влезот со бакљи, топовски удари и многу огномет беше брутален. На ограда транспарентот грмеше. Се знаеш кој каде стои и кој што прави. Имаше неколку пароли кај нас на трибина. Едно за оставеното платно, за Турчин, за стадионот и една "Западот ќе ви објасни" со која групата само даде дознаење колку нивоа над Чкембари е моментално. Навивањето беше доста јако. На песната "Во градот Скопје има" и на аргентинското навивање во второ полувреме, целиот коп буквално се тресеше. Ќе треба уште еден технички преглед
)
И за крај - КОНТИНУИТЕТ!!!
Ќе видиме двете групи после ова дерби како ќе се однесуваат. Колкава бројка ќе вадат, какви кореографии и целокупни изданија, па ќе судиме.