Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.403
Поени од реакции
3.292
Искрено и јас според сликиве очекував повеќе луѓе од Комити иако многу фактори беа против тоа. Од најавите и сликите од секоја подгрупа/населба највеќе добија Чкембари кои мобилизирале многу луѓе за "Одбрана на честа на градот" очекувајќи и самите дека ќе дојдат Комити повеќе.
Од денешнава утакмица најголемо изненадување е бројката на Чкембари, другото се беше очекувано.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.029
Поени од реакции
5.676
Знам дека комити кои се со подолг стаж на трибини го знаат капацитетот на Чкембари за мобилизација со вардар. Смешни сте со тоа не сакате да идеме. Ако идите рачунајте кај нас на трибини плус 150-200 минимум. Гарантирам!
Ќе докажиме неделава тоа шо го зборам.
За некој бројката изненадување, зa некој не.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.471
Поени од реакции
3.522
Ако волку зборите за бројки, на крај на полусезона напрајте математика кој колку што и како имаше есенва на трибина.
 
Член од
26 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
279
Drugar ne sum od komiti ama da bideme iskreni sabota 13:00 ???
Vo petok site izlagaat i zamisli sabajleto vo sabota treba da stanat vo 7 zatoa sto od 8 e sobiorot a vo 9 se trga i ocekuvas poveke da bile?
Sto mislis da bese obratno da trebase vie da se sobirate vo sabota vo 8 sabajle kolku ke bevte vo skopje?
Drugo ke bese da bese od 16:00 koga bi se igralo na prolet koga bi se sobirale vo 12 namesto 8 sabajle... Ama toa e jbg zima ide nema reflektori i mora da se igra od 13:00. Kako i da e odlicno derbi i odlicno navivanje od dvete strani. Pozdrav
Да се само тие што излагаат друже. Колку се спречени ради работа денес!? Ајде бар да се трга околу 13-14, ќе се извадиш некако, ама во 9 сабајле!? Убав пост пишав пред неколку дена во кој напраив една ретроспектива за дуелите на Градски, многу ретко да Чкембари требале да стигнат во 13.00 во Скопје. Ама битолчаните мислат дека се интересни ако се мајтапат на предлогот на Вардар да се игра во недела, а еве се докажа дека сите ќе имаа поголем бенефит од истото. Сигурен сум дека и самата обична публика од Битола ќе беше во поголем број од денес.
Затоа пишав не е провокација туку мислење за втора лига одлична бројка, како беа залетани мислев дека ќе бидат страшна бројка и вака не е воопшто лошо таман работа, а тие се изговори сабота во 1 , Охрид далеку , Кавадрци пак иста бројка, Битола на ракомет карти нема. Само сум реален Комити немат никогаш напраено гостување 400+ ама буквално никогаш. Да не ја водиме дискусијата во тој правец , се на се одлично издание на двете групи. Нека продолжи само , вакво дерби немалона балканот во втора лига :D :aplauz:
Тие муабети на друг дека Комити не биле никогаш 400+ на гости.
Еве ти клип од 1992 година каде може да се увериш дека преку 500 луѓе се дојдени.

Исто така памтам дека 2006 година затоа што бев и сам лично, имаше 8 автобуси тргнати од Скопје или преку 400+. А имало и други гостовања по Охрид, Кичево, Кратово, Штип од 300-400 луѓе.
Ај сеа ти кажи ми, кои се тие масовни гостовања на Чкембари, освен тоа пред 10 години кога бевте околу 600 луѓе?
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
25
Поени од реакции
114
Организација одлична на домакинот
Навивање 90/10 за Комити.
Чкембари цело време пеевте стари песни против комити, додека тие си беа посветени на нивни песни и беа поредовни без прекини.Искрено очекував да се наполни и старата трибина и новата премалку публика за вакво дерби само 4000 вкупно сосе навивачки групи
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Само инфо, старата трибина беше затворена и отворен копот на Чкембари само. Истотака бројката беше ограничена на новата трибина на 2.500 гледачи.

Продолжете си.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.393
Поени од реакции
2.430
Организација одлична на домакинот
Навивање 90/10 за Комити.
Чкембари цело време пеевте стари песни против комити, додека тие си беа посветени на нивни песни и беа поредовни без прекини.Искрено очекував да се наполни и старата трибина и новата премалку публика за вакво дерби само 4000 вкупно сосе навивачки групи
Јас не бев на стадион, гледав на стрим и можам да кажам дека Комити беа каде каде поконстантни од Чкембари. Од друга страна на трибината на Чкембари беше собрано се и сешто денеска, така да и за очекување беше така да звучат.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
623
Поени од реакции
2.540
Да се само тие што излагаат друже. Колку се спречени ради работа денес!? Ајде бар да се трга околу 13-14, ќе се извадиш некако, ама во 9 сабајле!? Убав пост пишав пред неколку дена во кој напраив една ретроспектива за дуелите на Градски, многу ретко да Чкембари требале да стигнат во 13.00 во Скопје. Ама битолчаните мислат дека се интересни ако се мајтапат на предлогот на Вардар да се игра во недела, а еве се докажа дека сите ќе имаа поголем бенефит од истото. Сигурен сум дека и самата обична публика од Битола ќе беше во поголем број од денес.

Тие муабети на друг дека Комити не биле никогаш 400+ на гости.
Еве ти клип од 1992 година каде може да се увериш дека преку 500 луѓе се дојдени.

Исто така памтам дека 2006 година затоа што бев и сам лично, имаше 8 автобуси тргнати од Скопје или преку 400+. А имало и други гостовања по Охрид, Кичево, Кратово, Штип од 300-400 луѓе.
Ај сеа ти кажи ми, кои се тие масовни гостовања на Чкембари, освен тоа пред 10 години кога бевте околу 600 луѓе?
Ако си малце упатен во мак тифото ќе знајш дека комити немат направено 400+ гостување само тоа шо ми постираш видеа од ‘92 година го потврдува то. Слободно ако има постирај слика, јас колку шо знам нема. Чкембари имале гостувања и 800+ во Скопје со Вардар ‘12 исто ‘13 400+ ,ракомет лани 350+ , Охрид суперкуп 350+ , бараж Струмица со Шкендија ‘11 400+ , Финале куп ‘ 16 600+ …ова од поновата историја. Пак ќе повторам не ми е намера да навлегвам кој колку бил ,добра атмосфера баш дерби како шо доликува, немора секогаш да сте во право издржете некогаш и критика не е страшно само ја кажвам реалноста.
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
25
Поени од реакции
114
Јас не бев на стадион, гледав на стрим и можам да кажам дека Комити беа каде каде поконстантни од Чкембари. Од друга страна на трибината на Чкембари беше собрано се и сешто денеска, така да и за очекување беше така да звучат.
Јас бев, стасав во Бт во 11 и одма појдов да купам карта во очекување да има преголем интерес за натпреварот, се испостави обратно и не дека било проблем шо била ограничена бројката на новата трибина на 2500 него толку беше максимумот.. Кај Чкембари пола од копот дечурлана беше, за Комити не знам далеку беа не ги видов..
 
Член од
12 март 2022
Мислења
42
Поени од реакции
379
Кајгана форум коментатори ајде да ве слушнеме, очекувале вака-така, дај вратете се на трибини и вратете си ги групите, не изигравајте новинари на форумов.
Читам коментари као сме биле залетани, тоа што секојдневно се бустаат подгрупи и екипи со најави? Ќе продолжиме со истото темпо, тоа е показател дека групата е на прав пат, се праи еуфорија за секоја утакмица буквално. Го држиме членството активно и будно цела сезона. Чкембари денес 700-750 негде, добра бројка, ама КАЈ СТЕ прошли викенд у Петровец? Следно гостување пак ли ќе давате изговори? Немате никаква константност, цела сезона сте дома 30-40-50, еднаш бевте 80 и сеа оп пуна трибина ќоро и сакато. Зошто - дојде Вардар!
Па ние за разлика од вас сезонава имаме 8 гостувања фудбал од кој:
Радовиш 250+
Виница 200+
Струга/Каменица 80+
Два скромни куп текми во работен ден 30+
Велес 150+
Денес Битола 330+ ( 3 буса скроз пуни + 10 комбиња капацитет од 16 до 21 место)
Што имате вие? Денес се собравте за нас и толку. На група изгледате само на ДЕРБИ.
Добра организација на полицијата денес беа коректни. Многу ми е мило што младото раководство на Комити функционира перфектно, пред се дружба и почит меѓу сите, се почитуваат КОДЕКСИ, ИНСТРУКЦИИ, има РЕД на трибина. Добра координација за се, пароли пиро песни. Околу Чкембари мое мислење денес едно од полошите навивања во последниве "тазе" 5 текми со нас. Копот доле визуелно добар али незнам како не ве вадат од такт стари магариња 35-45 год. што идат на 2 текми у годината и баш тогаш се цртаат у прв ред, наместо доле да застанете помладите. Горниот дел имавте неутралци жени и деца облечени во розево/црвено. Вештачки напунет горе копот, пошто горниот дел не видов да навива. Мислам и дека имаше мало кошкање меѓу вас, некој го фрли мегафонот у еден момент. "Навивање" добра фора беше моментот коа извадивме парола за стадионот и се излетавте со аплауз, у ист момент уште 2 пароли од нас и песна контра. На моментот со знаме од фан "херојски паднато" од татко со ќерка, исто лоша координација - 5 мин. вадите парола без песна, знамето го вадевте па го враќавте мислам дека тогаш пак имаше кошкање меѓу вас. Нашата бројка позитивно ме изненади, кај нас фалеа можеби уште 50 луѓе за копот да биде она скроз накрцан. Лично знам дека и од самото јадро фалеа многу луѓе ради работни обврски и лош термин.Одлично дерби се на се!
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
623
Поени од реакции
2.540
Јас бев, стасав во Бт во 11 и одма појдов да купам карта во очекување да има преголем интерес за натпреварот, се испостави обратно и не дека било проблем шо била ограничена бројката на новата трибина на 2500 него толку беше максимумот.. Кај Чкембари пола од копот дечурлана беше, за Комити не знам далеку беа не ги видов..
Ти од новата трибина виде дека кај Чкембари се дечурлана, ама кај Комити незнајш далеку биле. ОК:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom