Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.380
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска создаде хаос, се скара со синдикалци, приватни превозници, доцнат плати, заборави на ветувањата.

Не дека не е така. Ама што знам, не им е некако срам ова сами да го изјавуваат за свој кандидат што кампањи му тераа, трчање, труд и милиони што уложија...
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.687

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.997
Поени од реакции
5.611
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Надоврзување за пресудата за убиството на Тот. Тука има дел од конверзацијата по изрекувањето на пресудата.

До одреден степен, воопшто и не ја сфаќам правната имплементирана логика околу олеснителните околности, но она што се памети се затворските казни. Не знам што очекуваат родителите на тогаш обвинетите, сега осудените. Сите бевме сведоци на снимката. Дури и кога Тот беше на земја, без свест, девојката продолжи да го мава во пределот на главата. Премногу крвнички. Накрајот на денот, минимална затворска казна за убиство е 5 години. Тука има низа отежнителни околности, па и тежок стадиум на самото кривично дело. Во секој случај, не очекував да добијат помалку од 10 години.
 
Мене ми морничава реакцијата на таа обвинетата, кога читаа за обвиненијата што се товарат, си се смешкаше. Да се чуди човек.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Надоврзување за пресудата за убиството на Тот. Тука има дел од конверзацијата по изрекувањето на пресудата.

До одреден степен, воопшто и не ја сфаќам правната имплементирана логика околу олеснителните околности, но она што се памети се затворските казни. Не знам што очекуваат родителите на тогаш обвинетите, сега осудените. Сите бевме сведоци на снимката. Дури и кога Тот беше на земја, без свест, девојката продолжи да го мава во пределот на главата. Премногу крвнички. Накрајот на денот, минимална затворска казна за убиство е 5 години. Тука има низа отежнителни околности, па и тежок стадиум на самото кривично дело. Во секој случај, не очекував да добијат помалку од 10 години.
Девојката незнам кои и филмот беше што продолжуваше да удира и си заслужуваше голема казна. Далеку покрвнички тепачки сум гледал само што среќа немале смртен исход. Медиумската покриеност, лице од близка странска земја и овие што се тројца анонимуси најверојатно без никакви врски направи да се донесе таа пресуда. Тоа е реалноста во нашиот расипан правосуден систем. Да имаа јаки врски и да не беше ова медиумски покриеност ќе имаа нешто над минимумот или некаква преквалификација на делото. Јас искрено очекував по 20 години да ги осудат.

Еве ти вест за едно убиство пред 12 години: https://makfax.com.mk/crna-hronika/221542/ , еден куп кривични дела и си јавно изјавуваше дека ако ги зеде децата ќе ја убие. Денот кога во социјалното им соопштија одлуката излегуваат сите и овој си го извадил пиштолот и најладнокрвно ја убива пред институцијата и пред сите. Што мислиш на колку години беше осуден овој што нема никакви врски ама тотално медиумски небитно?
 
Да беше судија, на колку години ќе ги осудеше?
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Да беше судија, на колку години ќе ги осудеше?
Не сум правник и најверојатно си има таму напишано како се одредува казната. Само кажав дека од претходните пресуди за убиства со пресудите што ги имаше по вестите причината што е таква висока казна е заради тоа што пишав: медиумска покриеност, тотални анонимуси и немање врски.

Еве овој од мојот пример е веќе неколку години на слобода, осуден на 13 години за убиство и за недозволено поседување оружје излезе за 8-9 години. Јас овој би го пресудил максимумот колку и да е.

Не ми е поентата дека мислам дека треба да бидат на помалку осудени туку судиката ја донесе таа казна заради тоа што пишав. Лично штом прашуваш еве јас подржувам казни затвор од минимум 5 години за брзо возење и возење кога си многу пијан така да моите граници се доста погоре. Овде освен видеото друго не видов. Ти како правник колку би ги осудил?
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.496

Не е за мене прашањето, ама ќе си земам за право да си дадам став дека требаше да бидат осудени по член 125 убиство на миг, од една до пет години. Со оглед на тоа што беа под дејство на алкохол и опијати, не би требало да лежат повеќе од две години. Ова е класичен несреќен случај, малце некој што знае како идат работите, знае како се понашаат странци, и особено спортисти во Скопје. Не викам дека е исправно да се напаѓаат физички, ама во случајов беше крајно оправдано, и мислам дека секое мушко што се осеќа ко мушко, не би изреагирало другачие ако некој и каже курвице мала на негова другарка/девојка, или макар и девојче што случајно е со него.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не сум правник и најверојатно си има таму напишано како се одредува казната. Само кажав дека од претходните пресуди за убиства со пресудите што ги имаше по вестите причината што е таква висока казна е заради тоа што пишав: медиумска покриеност, тотални анонимуси и немање врски.

Еве овој од мојот пример е веќе неколку години на слобода, осуден на 13 години за убиство и за недозволено поседување оружје излезе за 8-9 години. Јас овој би го пресудил максимумот колку и да е.

Не ми е поентата дека мислам дека треба да бидат на помалку осудени туку судиката ја донесе таа казна заради тоа што пишав. Лично штом прашуваш еве јас подржувам казни затвор од минимум 5 години за брзо возење и возење кога си многу пијан така да моите граници се доста погоре. Овде освен видеото друго не видов. Ти како правник колку би ги осудил?
Проблемот е во тоа што се гледа целокупноста на изречената затворска казна, а не се зема обзир тоа дека постои можност Апелација да ја намали, но и да не ја намали, може да излезат по опслужување на 2/3 од затворската казна. Така од 18, највисоко изречената затворска казна, доаѓаме на 12 години!

Лично не очекував ништо помалку од 10 години. И казните се апсолутно правични. И секако дека имало побрутални тепачки, проблемот е тука што имаше смртен исход. Да немаше, веројатно овој настан ќе поминеше под радарот на медиумите, ќе беше, не знам, учество во тепачка, нанесување тешки телесни повреди, нарушување јавен ред и мир. Не верувам ни дека ќе одговараа за обид за убиство, но таа претпоставка се докажува. Ако тоа не се докажеше, веројатно ќе поминеа со условни со оглед на тоа дека досега сите биле неосудивани.

Судиите судат во одредена рамка, од-до, до пред некоја година судеа шаблонски. Секоја санкција е оставена на слободната судска интерпретација, врз база на тежината на делото и околностите. А тука има низа, од убиство, непријавување на случајот во полиција, па и до непружање на помош. Дури и за тоа несторување кривично се одговара. Осудените имаат 15 денови за Жалба. Веројатно ќе го искористат овој правен лек и постои можност Апелација да им ги намали затворските казни.

Правник сум, но не и кривичар, но ништо под 10 години не би било правично. :)
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.473
Поени од реакции
87.293
По лицата им се гледа дека воопшто не чуствуваат вина што зацрниле цела една фамилија, класични психопати кои сигурно доаѓаат од дисфункционални семејства. Оваа казна од 18 години затвор се и премалку, барем според мене.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Со оглед дека 20 години е максимална казна кај нас сеуште (бар така мислам), пресудата е океј.
Членот погоре што пиша дека било класичен несреќен случај... друже несреќен случај е со еден бокс да убиеш некого, оваа глупачава што го газеше додека овој лежеше во никој случај не може да е несреќен случај. Малку и ме чуди што заклучиле дека ударот од првообвинетиов бил кобен а не ударите на оваа, мислам дека токму нејзините удари го имаат усмртено.
Во секој случај животите на сите после ова отидени у курац, едни од побитните години ќе ги пројдат во затвор, ќе не можат да мрднат нигде цел живот, и да им намалат казни, мислам дека 12-13 години не им бегаат.
 
Океј може не е несреќен случај правилниот збор, али во секој случај треба да има олеснителни околности, убиството е во афект, без намера, и под дејство на алкохол.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.154
Поени од реакции
5.922
Океј може не е несреќен случај правилниот збор, али во секој случај треба да има олеснителни околности, убиството е во афект, без намера, и под дејство на алкохол.
Да му укажале помош, или во најмала рака да викнеле полиција/брза помош - можеби и ќе имало олеснителни околности. А вака го нокаутираат во напад (значи не е ни самоодбрана) и му ја киднуваат како ништо да не било - која е олеснителната околност?

И не, не може и не смее "под дејство на алкохол" да биде олеснителна околност.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom