Џонсон не требаше ниту да се номинира. Уште кога беше министер, покажуваше политичка пргавост која донесе и победа на коалицијата Leave (Brexit) која му помогна да дојде до премиерската столица, а потоа таа пргавост и до огромна победа на последните парламентарни избори. Ја уништи Лабуристичката партија, ја направи крајно нерелевантна на политичката карта и освои големо мнозинство кое му гарантираше брзо и лесно реализирање на секоја политичка одлука. Откако се докопа до столицата, политички и идеолошки, наликуваше на класичен лабурист!
Прво почна од договорот со ЕУ, кои помина претесно, чинам со еден глас. Потоа со справување со Ковид пандемијата, иако беа првата држава во Европа која ги тргна (потоа ги вратија и повторно ги тргна) сите Ковид рестрикции, имплементираше и ретардирани мерки, што во гржижувачките домови за стари лица, што со класичниот локдаун на целата економија, како и кон невакцинираните граѓани кои изгубија елементарни права, како на пример, возење во метро! Тоа се очекува од мекуши, како Трудо или Морисон, но не и лидер на една конзервативна партија. Рака на срце, кампањата на вакцинација, иако самата вакцина е гола вода, излезе доста успешна со околу 80% имунизираност на населението, една од највисоките стапки во Европа, со Португалија и Малта. Но додека народот седеше во своите домови, господинот правеше забави, еден од скандалите кои го натераа да се повлече.
Потоа ја втурна УК во економска криза, покрај инфлацијата, се соочуваат со вртоглаво зголемување на цената на енергенсите. Веројатно, на новиот премиер, тоа ќе биде и еден од најголемите предизвици.
Ужасен беше и кон справување со миграцијата. Денес, во Британија, има повеќе мигранти отколку кога имаше кога дојде на власт! Тука се и ставовите за абортусот, кои не се во коорелација со конзервативната идеологија. По што овој човек е конзервативец? Само затоа што ги заштити жените од инвазијата на мажи во нивните спортови?
Потоа на големата слика доаѓа Украина, каде постоеше волја за преговори и пронаоѓање на одреден политички компромис, но администрацијата на Џонсон ја советуваа Украина да не преговара, што доведе до ескалација на војната. Поради својата несмасна политичка одлука, остави една држава во руини и закана, од страна на РФ, за употреба да нуклеарно оружје. Нити на геополитички план не беше нешто добар.
Од САД, по извлекувањето од ЕУ, очекуваше серија на меѓународни економски договори, нешто што никогаш не дојде. Тоа беше еден голем шамар. Причината лежи во промена на администрацијата. Џонсон остана со прстот во уста. Тука лежи разликата во економскиот раст денес, кој е драстично опаднат од она кога беа во унијата. Таа администрација беше премногу пасивна.
Сума сумарум, ужасно ужасен премиер, не требаше ниту повторно да размислува за премиерската столица, сем ако не се кандидира како лабурист.