Политички случувања во Обединетото Кралство- Генерална дискусија

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
681
Поени од реакции
1.701
...тоа ми е поентата, глумење демократија и продавање магла на други.

Британија е уставна монархија патем.
Pa tokmu toa be drygar , ustavna monarhija nema pristap do zakonodavni odluki, poveke e konstintucionalna aktivnost , koja se predava od koleno na koleno , tokmu zatoa ti rekov deka replikata ne ti e na mesto. Prost primer najskoro , ostavkata na Liz ,taa mora da bara odobrenie od kralot , no ovoj i da recese ne , toa ne znaci deka ke ostane ....
Vtorata replika kako dosol Rushi na vlast, isto kako nasiov Kovacki , si odi edwn i go ostava na partiskoto mnozinstvo da izbere nov vodic , ili da svika vonredni izbori, ova e samo dokaz na aktivna birokratska demokratija , plebesot bira no aktivnoto parlamentarno mnozinstvo so pravo na izbor bira dali ke ima naslednik ili pak generalni izbori.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.862
Поени од реакции
10.910
Интересен премиер ставија на чело.
Дали ќе се обиде да ги подобри односите со Индија а со тоа да ги убеди да намалат со економската соработка со Русија.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Џонсон не требаше ниту да се номинира. Уште кога беше министер, покажуваше политичка пргавост која донесе и победа на коалицијата Leave (Brexit) која му помогна да дојде до премиерската столица, а потоа таа пргавост и до огромна победа на последните парламентарни избори. Ја уништи Лабуристичката партија, ја направи крајно нерелевантна на политичката карта и освои големо мнозинство кое му гарантираше брзо и лесно реализирање на секоја политичка одлука. Откако се докопа до столицата, политички и идеолошки, наликуваше на класичен лабурист!

Прво почна од договорот со ЕУ, кои помина претесно, чинам со еден глас. Потоа со справување со Ковид пандемијата, иако беа првата држава во Европа која ги тргна (потоа ги вратија и повторно ги тргна) сите Ковид рестрикции, имплементираше и ретардирани мерки, што во гржижувачките домови за стари лица, што со класичниот локдаун на целата економија, како и кон невакцинираните граѓани кои изгубија елементарни права, како на пример, возење во метро! Тоа се очекува од мекуши, како Трудо или Морисон, но не и лидер на една конзервативна партија. Рака на срце, кампањата на вакцинација, иако самата вакцина е гола вода, излезе доста успешна со околу 80% имунизираност на населението, една од највисоките стапки во Европа, со Португалија и Малта. Но додека народот седеше во своите домови, господинот правеше забави, еден од скандалите кои го натераа да се повлече.

Потоа ја втурна УК во економска криза, покрај инфлацијата, се соочуваат со вртоглаво зголемување на цената на енергенсите. Веројатно, на новиот премиер, тоа ќе биде и еден од најголемите предизвици.

Ужасен беше и кон справување со миграцијата. Денес, во Британија, има повеќе мигранти отколку кога имаше кога дојде на власт! Тука се и ставовите за абортусот, кои не се во коорелација со конзервативната идеологија. По што овој човек е конзервативец? Само затоа што ги заштити жените од инвазијата на мажи во нивните спортови?

Потоа на големата слика доаѓа Украина, каде постоеше волја за преговори и пронаоѓање на одреден политички компромис, но администрацијата на Џонсон ја советуваа Украина да не преговара, што доведе до ескалација на војната. Поради својата несмасна политичка одлука, остави една држава во руини и закана, од страна на РФ, за употреба да нуклеарно оружје. Нити на геополитички план не беше нешто добар.

Од САД, по извлекувањето од ЕУ, очекуваше серија на меѓународни економски договори, нешто што никогаш не дојде. Тоа беше еден голем шамар. Причината лежи во промена на администрацијата. Џонсон остана со прстот во уста. Тука лежи разликата во економскиот раст денес, кој е драстично опаднат од она кога беа во унијата. Таа администрација беше премногу пасивна.

Сума сумарум, ужасно ужасен премиер, не требаше ниту повторно да размислува за премиерската столица, сем ако не се кандидира како лабурист.

 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.875
Поени од реакции
7.746
Интересен премиер ставија на чело.
Дали ќе се обиде да ги подобри односите со Индија а со тоа да ги убеди да намалат со економската соработка со Русија.
Ako saka da zavrsi ko Dijana, neka proba.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Интересен премиер ставија на чело.
Дали ќе се обиде да ги подобри односите со Индија а со тоа да ги убеди да намалат со економската соработка со Русија.
Што очекуваш да направи, да им каже повеќе не ве експлоатираме... :cautious:
Ако си 8мо одделение, интересен ќе ти е:

Овој ќе е одговорен да реализира уште една теорија на заговор да стане реалност, а тоа е воведување на дигитална валута.

Индија е дел од комонвелтот, а кој е газда таму се знае. Додуша многумина се залажуваат дека се независни држави. Тоа што се во иста ситуација како во МКД, без амин од еден центар на моќ, не може премиер да станеш, кажува дал Канада, Австралија, Индија итн се независни.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Интересен премиер ставија на чело.
Дали ќе се обиде да ги подобри односите со Индија а со тоа да ги убеди да намалат со економската соработка со Русија.
Гладна кокошка, просо сонува. :D
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Moram da priznam, podobro im kinisa na Britancite posle Bregzitot od sto mislev. A ima uste potencijal za povekje.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.373
Поени од реакции
38.352
Ричи ги растура добрите односи со Кина и ги менува со цврст прагматизам, се прашувам само кој leverage го има за Кина да го сфати него за озбилно.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Бре бре бре, швабски автомобили од почеток до крај, сигурно ова најмногу ги заболело Британците. Фордот и рејнџроверот повеќе делуваат како придружнички возила наспроти швабскиве. :D
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
Најџел се огласил? Да им помогни Бог, од Албанците? Па ние ова го велефме во 90ти, истата реченица - Боже помогни ни. А они се истрчаја да им *помагаат*, на невините. Редно време е, да ја искусат нивната невиност, и на своја кожа. Јас го гледам овај балкански народ и во Викиншкиот Реалм - овие ќе бидат голем проблем. Овие ќе бидат огромен проблем. Без разлика во која земја се - си тргаат само за себе, со презир за тамошниот народ што ги примил, значи само личен интерес. Незнам кој бил Цирих, Берн, од вас овде, ама швајцарските градови се изналепени со плакати на кои стои, стоп за албанска миграција. Малце доцна им текна.

Спротивно од вас овде, што ги тумачите дека биле калџии во швајцариите. Не деца. Напикани се во парламентот. Ама, не носат швајцарски сентимент во себе, не работат за интерсите на Швајцарија. Туку за албанските интерси, и пробуваат, од тие позиции на моќ, да ја истераат нивната балканска дупка на дело. Муслиманскиот бехемот на Балканот - Голема Албанија. Новото Османлиско доба.

Сега е доцна и да ги спречат. Само види ги на видеото - ништо не им можат! Исто како и ние што не им можиме. Сега е доцна.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Сега е доцна и да ги спречат. Само види ги на видеото - ништо не им можат! Исто како и ние што не им можиме. Сега е доцна.
Не е дека ништо не им можат, а ни дека е доцна.

Напротив, лесно можат да бидат злоупотребени за граѓански немири. Домашните поради економската криза, вината ќе ја префрли на дојденците, бидејќи полесно е, немаат полиција и војска да ги чува како вистинските виновници.

Мене па ми е чудно, како ти кој е вработен во некоја голема Швајцарска банка, досега нема ништо напишано за економскава криза, за неликвидноста на ЕУ банките :toe:
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.980
Што сакаш да ти кажам на таа тема? Швајцарскиот Франк е товарен на Злато. Не е товарен на Гас, Дрва, Струја, Прехрамбени продукти, па за да отсуството на тие добра и енергенси го турни во пепел. Франкот не е Евро. Него војна не го турка. Франкот русија не го турка со нејзиниот природен гас. А тоа е со причина смислено така - треба една ладна глава да има, меѓу врелите, самите врели глави се согласни за ова, имаат тие свој консензус. Светска Банка е во Женева, не без причина.

На континентот има трубуленција. Оваа турбуленција ќе се среди, тоа ли сакаш да ти го кажам? Или дека Европа засекогаш ќе пропадни и на Светот богати ќе останат само САД, Арапите, историски богатите делови од Азија - Јапонија и Јужна Кореја? А белиот човек ништо? Крај? Пошто некој монгол решил така? Резервите на Светска Банка ќе им бидат веднаш ставени на располагање на Европјаните. Исто како и по 2ра Светска, енормен раст и обнова - во само 7 години по војната тие комплетно го реновирале континентот како на него да не се беше одиграла една од најужансните етапи на човештвото.

Зошто ти се залагаш за пад на Европа? Знаеш дека пазарот во МКД е доминантно германски? Ако потони оваа, тониме ние бетер со неа. Извини брат, одам со клишето од ваша омилена реченица овде - ама тебе Русија не те рани, исто онолку колку што не ја рани ни Украина, тоа се заблуди - поттикнати од инфериорност и се разбира поттикнати од фактот што, еве овде директ гледаме кој тоа го бранеше Британија (Европа?) до сега! Ама Франција не е крива, таа овие ич не ги мириса. Албанец нема да вражни во француските кантони на Швајцарија. Некогаш мислам дека Франција ги презира овие, повеќе и од тоа што не презира нас.
Ама, на крајот од денот, имаш право на избор, ако тоа е Русија, терај. И секој нека си се држи до својот избор. Вака јас како што си се држам до мојот. Фазла од ова немам реално што да дододам, ниту да полемизирам, уште помалку да се докажувам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom