Сливовата обавезно препечена, инаку не ја бива, ние правиме со децении (само за домашна употреба), ама обавезно ја препекуваме и е малку помека од лозовата. Од сортата ќе и зависи и интензитетот на мирис на сливи (ние правиме и од тие дивите „прзлајци“, а и од Стенли (таа за мармалад)).
Еден роднина пак му најде начин да ги отстранува коските од комињето, правеше некој изум центрифугалната сила да ги исфрли на една страна коските на друга другиот дел од комињето, така не мириса толку многу, ама тоа е за тие со вишок време
Пробавме и од круши, не излегува многу (и тоа благата Мариовска круша), и барем јас не бев фасциниран од вкусот, а јаболкова не сум пробал, и не верувам дека ќе излезе ако не и туриш многу шеќер.