Еве вака да ти кажам стручњак. Како прво, не ја споредувам со 3.5ка затоа што не постои 3.5ка која е помоќна од неа а да не е со цена повеќе од 1000 евра. Не сум збунет, знам зошто работи како што работи и ЗАДОВОЛЕН сум така. Ако пак треба да купувам моќна клима а не сакам да дадам 100000 денари, пак ќе купам амбер бидејќи за тие пари нема подобра од неа. А ти можеш да мудруваш колку сакаш. Просторот кој го грее има термални губитоци: на +7 од 2.2кв, на 0 степени 2.97кв, на -7степени 3.68кв, на -14 степени 4.95кв. Мерењата ги правев преку ден и ноќе. Влажноста на воздухот преку ден беше околу 60% и +7 степени, оклу 22 часот на 0 со влажност околу 70% и -10 во 06 часот со влажност околу 30%, различни денови се разбира. Ако те интересира, ќе те научам како се пресметува. Максимумот на амберот е 7.2кв во лабораториски услови што значи дека има резерва од околу 30%., тоа важи за мојот простор. На -10 без никаков проблем одржува 22-23 во просторијата со потрошувачка од околу 1800в кога ќе се вклучи и за 5-6 минути ја симнува модулацијата на околу 600в. Дува дополнителни петнаесетина минути и МОДУЛИРА од 600 до 900в а потоа се исклучува. Значи на -10 одржува 23 степени со потрошувачка од просечно 700в на час. Не е многу нели? А дали исклучува или модулира на 150в ама воопшто не ме интересира. Инженерите кои ја дизајнирале завршиле добра работа користејќи поинаков пристап со цел да ја намалат цената. Овие јапонциве кои ги спомнувате а чинат под 1000 евра почнуваат да кашлаат веќе на -6, 7 ако не и порано. Тие од 100000 признавам дека се друга приказна. Како што реков оваа клима не е најдобра на пазарот но не постои 3.5 која е подобра од неа а има цена под 1000 евра. Вивакс, Хаиер, Самсунг, ЛГ, Панасоник, па и Тошиби и остали јапонци кои чинат под 1000 евра не можат да и припарат. Единствено можеби Даикин со некои модели ако веќе правиме муабет за однос цена - перформанси. Ако ти требаат часови за механика на флуиди и гасови и за термодинамика, отворен сум за соработка, ќе најдеме термин.