Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе бегам шо да прам, не сум рајат тука. Барем ќе можам рајат пијачка да се напијам без да ми стават лисици за невакцинирана :icon_lol:

Ќе те потечи ветро таму. Ни кафе ќе видиш ни бутур. Мада битолчани еден куп има.
 
Градот ни е отиден у неповрат луѓе.
Страшно е ова шо му се случува на Битолата, градот на конзулите кој треба да биди пример за сите градови во Македонија стана најотепаниот град евер. Ако некогаш Широк Сокак го газеле конзули, Господа луѓе, сега го газат копита.

Сабота денски, сонце пука, прекрасен ден. Излегваш на Широк Сокак да прошеташ, да пиеш едно кафе рајат на убавото време и слушаш ечи цело корзо. Си викаш ват д фак се дешава, гледаш на плоштад рокнати звучниците ПЕРО ФАКИНГ КУРО има шоу, концерт прај во "вино бар буре"
Ечи каааад замиришу јорговани, ушите да те фатат.
Лошото е шо цела младина оптегната, игла нема кај да се фрли, креваат мишки ли креваат.
Немам ништо против таква музика, кој шо сака нека слуша, ама во кафана, навечер, ама не го личи она бе на сред плоштад, цело корзо да јачи, па шо се должни другите околу да трпат таков терор од 12 сатот денски алоо, до 18 рикаше. На мајка му да не е Битолата. Го окупирале цел плоштад со маси, до даска акнато озвучување. Срам, брука, мизерија !!!

Другиот погоре извадил маси на сред пат, пази, клупи кај шо има од општината поставено за да си седат луѓето на плоштадот тој маси си ставил таму :pos: Си го присвоил местото.
Има некој пилот во авионот ???

Денес гледам се расправаат на фејсбук за некојси кутлук :)Ова е најмалото зло, знајме како ја има земено дозволата дечкото, како и се шо функционира кај нас ама нејсе, не го обвинувам него.
Ако го дотера како шо треба нема да е толку страшно.
Ама страшното е шо се вадат дозволи за градење се и сешто, насекаде низ градот.

Отворам и го гледам ова
 
"Битола град на културата", епитетот кој го носеше нашиот град времиња наназад треба со закон да се забрани за било какво користење во иднина пошто секоја идна генерација е мој до мојега.
Овие деној гледам организирани прослави на матурантите на сите средни училишта, се то во ред, убав период од животот. Ама шо се дешава со шундот и кичерајот кај овие деца. Расцицлени тетовирани чупиња на само 18 години со длабоки шлицој за да паѓат во очи кај "мангупите" со бемвињата позајмени од комшија/брачед/пријател на татко му, позајмени со цел да испаднат најголемите фраери пред кафаната. Па то шлајфовање, отворање врати од "обезбедувањето" лепење илјадарки на чело кај акиф на безвезни песни па намуртени сурати, глумење скарфејс, полнење носиња по вециња итн... Секоја чест на исклучоците. За мојата матура Техничко, Сашо таксисто не слезе до Епинал свртивме оро, се сликавме со баграта 10тина души рзаци најнормално, ги испоштовавме професорите и толку беше. Овие денес глумат некоја селска аристократија и дават лош слика за следните генерации. Катастрофа.
 
Некој смештај со саглам цени за Манаки кон крај на август? на букинг само пренапумпани цени видов
 
Обично втората половина на Септември одеше фестивалот оваа година решиле да го поместат 1 месец порано.. :toe:
 
Decki za Kicevo najdobar pat koj e momentalno, preku demir hisar? Nemam odeno baagi vreme ama pamtam site patista gi praea za kicevo ama nikoj ne bese dopraen
 
Decki za Kicevo najdobar pat koj e momentalno, preku demir hisar? Nemam odeno baagi vreme ama pamtam site patista gi praea za kicevo ama nikoj ne bese dopraen
Ој преку Битола чоек... Првонакафепанизшироксокак :pos:
Автоматски споено мислење:

Nemam odeno baagi vreme
Имаш право и со автобус да се возиш... Ама низтумбекафедаминиш
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom