Збор два за неколку работи само.
* Некој праша пред некоја страна, како оди продажвата на карти, за прославата на Комити, оди одлично, може да кажеме, цело време се продаваат, растат бројките, плус знаејќи го Македонскиот менталитет, многумина ќе сакаат да купат карта директно пред утакмица. До сега целите се задоволени, да речам дури и над тоа.
* Чкембари, акциајта ви е како одговор на таа на Комити, тоа е нормално, али зашто викавте дека на Комити е тоа глупа акција а вашава е сега топ

Глеате, разлика е дека Комити ја тргнаа паролата и беа до патарина да проверат до кај сте, ама не се сликаа дека е “падната“ и не вадеа мачети
* Чкембари ракомет, искрено, не е провокација. Мислам дека ова вчера беше слабо издание, како за нај РакометниО град, како за Нај ракометната публика и вие како нај ракометни фанатици. Салата не беше до крај исполнета, кај вас во коп можеше и требаше повеќе, навивањето мислам просек , ама не ја гледав цела утакмица така да нема да си дозволам да зборам многу за навивањето, АМА, од тоа што видов, глано салата „не беше пекол“ далеку од Битолскиот пекол или тие муабети. Искрено РК ВАРДАР, и на кале и во Борис и во Јане, сме губеле со 10 разлика, имало жар, навивање од сите трибини итн.
Позитивни се мотките, позитивните се Нова Битола и Бригадирите подмладокот и секако добриот изглед на трибина, бројка, веројатно околу 300 + или 350 како што викате во коп, не дека е лошо али сте требале повеќе. Ипак ова беше европска утакмица, нели вашите муабети беа, „малку успех ни фали, само малку и ќе видите“. Без провокација, ваши беа ставовите дека живеете за РакометО.
* Ова што 11 години веќе го тупевте за фузија со Миравци, како „карма“ ви се врати у РК Пелистер и се деси фузија.
Глеам уште цепате со Миравци, а замисли уште не сме почнале да ве реметиме за „Работник“ многу материјал има ехее.
