Па не играјте, едноставно е. Мене ми е фасцинантно дека кај нас луѓето сеуште влегуваат во кладилниците. Не влегувајте воопшто, ќе пропаднат кладилниците, ќе им избега златаната кокошка на државата која го оданочува буквално секој тикет, и недобитен преку данокот на кладилниците, и добитен преку данокот на играчите.
После ќе се замислат дали им се исплати да земаат помалку, или ич да не земаат. Во Англија, која е колевка на кладењето, незамисливо е да ги даночат играчите. Данокот како во секој бизнис го плаќа оној кој го држи бизнисот, значи кладилниците, како данок на профит. И ншто повеќе од тоа.