Прво, никој не го спори моментот дека сега е полесно да се излезе од државата, НО, пак е дискутабилно колку заминале како Македонци, а колку ги попишале претците Бугари.
Второ, одење со најдена работа не е класична миграција, туку само менување на работодавец, и во 90% од случаевите речиси се ти е средено од нивна страна
И најчесто работодавецот те нашол тебе, а не дека специфично си се закренал да одиш во таа земја поради Х причини.
Трето, студирање на факултет пак не е класична миграција, туку си имал кеш/си нашол стипендија да одиш и да учиш на друго место, период кога сите игравме/играат со отворени карти.
Миграција кога ќе собереш парталите, и ќе кинисаш некаде без да имаш работа/смештај, баш поради што ти се допаѓаат одредени карактеристики на истата, или не ти се допаѓаат условите во твојата. Ете секој што го поминал ова нека ти каже дали имало ризици, и што значело истото, не мора да е преку барата, туку и во Европа.
Јас сретнав многу луѓе кои имаат и банкротирано на овој начин, и работат на неколку пати пониски позииции од тоа што работеле дома. Енигмата тука е што кажуваат по дома, и дали некој сака да ги слуша и таквите приказни, или само успешните.
Инаку и во 90тите години имало такви, имало и во 80ти, имало и во 70ти, само што тогашните побуди биле тотално различни од денешните, а и целиот свет.
Еве ти едно видео што објаснува доста работи зошто многу луѓе решаваат да сменат работи, а во случајов и држави поради друг работодавец.
Answering the BIGGEST question on the mind of every #entrepreneur - how to retain YOUR employees? The answer is OUT so go ahead & watch my video NOW! Let...
www.facebook.com