Батко со две мои мислења оставив факти на кои се понадевав дека ќе има одовор но залудно сум чекал да напрајме некоја салам дискусија(наврати се и одговори ми). Ќе се задржам на мачетите и орудието, тие 5/6 шо дошле Битола да се сликат со најавната парола носеа и топло оружје и сам се уверив
@ZelenoBel не зборал на празно, срам и резил, бетер сте од сечените.
За што сакаш да дискутираме, се попаливте за паролата како ниту една група.
-Примени на трибина во знак на револт против ФФМ
-Примени секогаш во било кој број да гостувате во Скопје, најферски без било какви игри од типот можност да не влезете, некој безвезе термин на пладне на ракомет па да не можете 1 бус да се соберете. Дури и во полошите времиња на Вардар благодарение на
@kano што не можете да го смислите
се организираше ноќна утакмица кога клубот беше пропаднат за колку-толку подобро дерби.
-Поддршка за Битола да добие стадион
- Скандирање и парола за Трска и Томи
- Згрижен од станица ваш член и однесен до дома.
Друго нешто што мислам не го спомнал никој, а е огромна промена во групата, тотална дисциплина на трибина, барем во овој круг на луѓе, нема фрлање предмети без потреба на терен, нема демолирање правење хаос во автобус како во некои други времиња, нема крадење по бензискии еден куп други примитивни однесувања што речиси целосно се искоренија. Маркетинг и финансирање на завидно ниво поготово за клуб што настапува во втора лига. Сите промени се позитивни и залудно би се обидел било кој да ги омаловажи.
Што е тоа навивачки погрешно, што погрешно напишав, наместо да ви бодат очи случувањата кај Комити, наместо едвај да чекате некој минус, обидете се да бидете покреативни, поуспешни па нека има натпревар постојано помеѓу двете групи, вака само смешни испаѓаат сите со коментарите кројачи, уметници, леле колку гориво сте потрошиле. Да, некој троши и време и гориво, а особено ми се свиѓа што речиси целосно е ставен акцент на Вардар секој натпревар, прашањето е што прават другите? Во врска со оружјето, јас до сега не знам за некој случај каде што Комити користеле оружје против некого или да стават официјална слика како што тоа редовно го прават Шверцери, а сега и вие. Без разлика која група да е во прашање строго сум против тоа, не сакам ни да помислам да дојде до такво нешто дали од наша или ваша страна.