Друже кога намести фотоволтаици? Сега по измените на правилникот? Дали може да погледнеш доколку имаш договор со ЕВН за превземање на струјата, кои се точно условите?2 месеца поминаа од новиот закон за фотоволтаици, а уште ни трага ни глас од ЕВН за да ми стават двосмерно броило за вишокот енергија да не ми се наплаќа.
Топката ја префрлаат на државата, дека законот сѐ уште налага дозвола од општината за инсталација на фотоволтаици на кровот (1000 евра). Дно од држава.
Секој ден читам вести за мерки за штедење енергија. Ние не само што штедеме, туку и ја произведуваме и истата си ја плаќаме, наместо да биде обратно.
Јас ја разгледувам опцијата но колку повеќе гледам толку понеисплатливо ми делува целата инвестција. Како не можам да најдам податоци за предавањето и наплатата на вишокот енергија, така статијата на DW ми е моментално основа за оценка ( https://www.dw.com/mk/dolg-pat-do-fotovoltaici-mnogu-sopki-za-graganite-koi-sakaat-da-proizveduvaat-struja/a-62696362 ). Она што ме плаши е делот за предавањето на наплатата на вишокот на енергија каде во статијата вели:
По која цена ќе се откупува струјата?
Во однос на дилемата по која цена ќе се откупува струјата што ќе ја произведат домовите од фотоволтаици, од ЕВН Електрани за ДВ велат дека последната регулатива ја ограничува цената на откуп на вишок произведена енергија од домаќинства кои се снабдуваат од Универзалниот снабдувач на 90% од цената по која Универзалниот снабдувач ја набавил од ЕСМ во текот на пресметковниот период од 6 месеци.
„Дополнително се дава до знаење дека доколку за пресметковниот период потрошената енергија е помала од вишок предадената енергија, во тој случај се аплицира пред откупната цена и со коефициент добиен како количини од потрошена/произведена електрична енергија, кој во такви случаи е <1“, објаснуваат од компанијата.
По оваа математика ако јас во летниот месец имам предадено 1000KWh а потрошено 200KWh, при што цената е 55еур за 1MWh (повластена цена по која ЕВН ја откупва од ЕСМ), јас ќе добијам 200/1000*0,9*55=9,9еур за 1MWh, кога на светските берзи е 250еур за 1MWh?