Фотоволтаични панели

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Како еконофил чисто да ве потсетам (повеќе да ви кажам зошто 99% појма немаат) ако прочитате некаде дека за тоа дека инвестиција се враќа за Х години не е пресметан cost of opportunity и е најверојатно Х2 години а ако ставите и инфлација на цени на останати услоги а дефлација на цени на машина може и да е Х3 години од тоа што се рекламира. Значи имате пари во Х работа тие пари може да носат приноси а вас ви седат во машина која не добива на вредност т.е. најверојатно губи. За инфлација ви е јасно мислам...ама треба да ви јасно и за дефлација на цени на технологија.
Убав есап...генерално се нудат машини од страна на и на луѓе кои се финансиски неписмени и се е замачка во обланда на технологија и ирелевантни броев за крајниот есап. Затоа мразам да купувам коли, инвертори, електроника и останати машини...
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550

Зборуваш за амортизација на опремата?
Не знам зошто тоа треба да влегува во пресметка за повраток на инвестиција.
А и инфлација на цени на други услуги, бар овде не се потребни никакви други трошоци и инвестирања, одржувањето е мислам скоро непотребно.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
http://aktuelno24.mk/германците-и-данците-заработуваат-од?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk
Еден текст со постар датум, (од пред год-две, кога се притискаше да се донесе законов), ама интересен, вели во насловот:
Германците и Данците заработуваат од струја на покривите – Македонија допрва ќе носи закон
Интересен е овој дел:
Каква е праксата во Европа?
Во Европа има над 160 илјади т.н. енергетски задруги, кои претставуваат мини заедници на граѓани и домаќинства, организирани со цел да произведуваат и да го продаваат вишокот струја. Најдобри европски примери кои успешно ја развиле идејата за заработка од дома преку вакви енергетски панели на нисконапонска струја во домаќинствата се Данска и Германија.
Според статија на „Блумберг“, Германија речиси целата енергија што ја произведува е од обновливи извори. Притоа, над 50 отсто од целата потрошувачка што користи обновливи извори на енергија ја поседуваат токму енергетските задруги и граѓаните.
(завршен цитат)
Заработка, нема да се разбереме, особено не со ваква цена на струјата...секако ние и немаме толку финансии како Дојчланд, ниту сме така организирани да направиме некоја програма, државна стратегија, субвенции олеснувања... и слично, но со оглед на падот на цените на опремата и се помоќните панели и пософистицирана опрема ... како и условите кои ги имаме, сметам дека за 3-4 год над 50% на крововите на куќите на онака “фрлен поглед“ на нив ќе доминираат соларните панели, а не ќерамидите! :) Да повторам дека секаде (но не и тука) производителите на опремата те оние што ја нудат, даваат гаранции над 10 години на панелите (кои претставуваат над 90% од инвестицијата)... а трајноста на истите велат 30-40 години.
Идејата на Никола Тесла кој BTW е роден на вчерашен ден пред 162 год во Лика, за бесплатна струја полека се остварува! :P Се зезам де... ама среднорочно барем многу поевтинува (за некого барем)!
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Зборуваш за амортизација на опремата?
Не знам зошто тоа треба да влегува во пресметка за повраток на инвестиција.
А и инфлација на цени на други услуги, бар овде не се потребни никакви други трошоци и инвестирања, одржувањето е мислам скоро непотребно.
Ne samo amortizacija tuku i devalvacija na oprema treba da se presmeta...za 5 godini dali i upola cena najverojatno tretina od cena bi zemal ako ja prodades. Bez bilans na sostojba nema firma. Vakvi idei najcesto se samo danok za finansiski nepismeni...ama bi se vozdral od kraen sud ne sum presmetal. Generalno retko koja tehnoloska investicija bez trud i vreme vlozeno ili drug izvor osven zasteda ili samo obicno proizvodstvo se isplati.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Дали некој има инфо за фотоволтаична централа колку ќар има месечен? До сега знам дека има фирми што прават 50 киловатна станица за 35 000 евра и дека треба плац од 600 квадрати и во близнина бандера од ЕВН за да се вклучи во системот. Даваат гаранција 20 години на панелите дека ќе произведуваат со таа јачина и после ќе почнат да слабеат.
Нешто еве денес и од ЕВН има некој натпис. Ако има некој искуство со вакви централи соларни нека каже.
https://www.alsat-m.tv/mk/фотоволтаичните-системи-на-евн-макед/
 
B

Bafra

Гостин

Луѓе запознаени со фотоволтаици кажуваат без субвенции од државата нема ќар, доколку намената е производство и продажба на струјата.

Ова од ЕВН пишува за физички луѓе, па доколку користи дел од струјата за себе, а вишокот го продава, тоа не знам дали е профитабилно и за колку време.

А дека 20години исто ќе произведуваат тоа лажат. Посебно во МКД каде летно време имаш доста високи температури.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Дали некој има инфо за фотоволтаична централа колку ќар има месечен? До сега знам дека има фирми што прават 50 киловатна станица за 35 000 евра и дека треба плац од 600 квадрати и во близнина бандера од ЕВН за да се вклучи во системот. Даваат гаранција 20 години на панелите дека ќе произведуваат со таа јачина и после ќе почнат да слабеат.
Нешто еве денес и од ЕВН има некој натпис. Ако има некој искуство со вакви централи соларни нека каже.
https://www.alsat-m.tv/mk/фотоволтаичните-системи-на-евн-макед/
Без повластени цени, малку веројатно (со овие цени на опремата и на централите и на струјата) дека се исплаќа, колку и да пропагира мангата од Велес Анѓуш ... Дури и во сосена Србија е многу подобра откупната цена, еве отприлика од нивни сајт;
upload_2018-11-15_21-23-42.png
Еден фотоволтаик од 50kW ќе произведе околу 62,9mW во околина на БГ, те 62,900kW, помножено со откупна цена како е прикажано на табелата од 0,2047 = 12,875... во Хрватска пред 7-8 год (незнам сега) повластена цена беше 0,4 Евра 3,1kN!

ако го пресликаме ова кај нас... Еден фотоволтаик со инсталирана моќ од 50kW може ќе произведе нешто повеќе отколку во околина на Београд, еве да речеме до 65,000kW годишно, те 65mW.... и сега ми се чини дека цената која се откупува од ЕЛЕМ е 65-66 Евра (мегават)... или 0,065 по киловат помножено со очекувано год производство 65,000... тоа е 4,200 Евра годишно! (можеби и грешам!?)...

Мајката му е по влез во ЕU.... некад! :) инвестирање 50кW фотоволтаик во гевгелискиот атар близу граница и шиткање на Гр... ;) Или со здружување средства и поголем капацитет? .... Се дотогаш не изгледа многу рентабилно!
Особено треба да се има на ум и брзата застареност на опремата, како и големиот пад на цените! Денес состојбата со технологијата и цените на фотоволтаиците е нешто слично како со компјутерите во 90тите години: перформансите вртоглаво нагоре, цените вртоглаво надоле... споменатиот Анѓуш пред година дена имаше едно интервју во кое рече дека опрема од 1мW (1000kW) која пред 5 год чинела 2 мил Евра, денес чини 560,000 Евра... на нет некаде прочитав дека во 2011та еден кв инсталирана моќ за микро фотоволтаик чинел дури 8-9,000 Долари, лани (со падот на цените) се проби психолошката граница од 1$=1W нешто што се очекуваше дека ќе се случи по 2025та (годинава ете и натаму уште паѓа цената)! И не само цените, иновациите новите материјали технологии ја зголемуваат моќта на панелите. Еден панел со стандардна форма и големина до лани (барем мене така ми се чини) растеше од 80-90-150... до 250w... сега гледам релками на некои канадски од 370W панел (по цена од 330US$) http://www.freecleansolar.com/370-watt-Silfab-Solar-Panel-SLG370M-p/slg370m.htm?fbclid=IwAR2iQr3cT3Y75OV_cdfLP53AqQtBH0-qIcCcIXfnUUtSPgIbrgSSfW8VIJc!
 
Последно уредено:
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
И не бива од ова држава и не бива од ова нација! Јас да сум EU, не почеток на преговори како што се надеваат во Јуни... ако не би ја бомбардирал, со ваков закон за енергетика би и вовел санкции!
Еден убав текст, интервју на пр. Димитров за “DW на Македонски“ https://www.dw.com/mk/бизнисот-со-струја-од-сонце-привилегија-за-крупниот-капитал/a-48038930?maca=mk-Facebook-sharing&fbclid=IwAR1MLXCcGNr_JMyrAFw6fM5EDtLyoDi8Sog_NHSSQq4CUVsYDuhWLlplA04 една мафија, замени друга мафија. Што не е јасно? Бегање само од тука, колку нозе ве држат подалеку...
Шлагфортот заклучок, поента (како милувате) на професорот: Граѓаните во втор план! Спротивно на EU принципи!
Од она што можам да сфатам поенти:
Бизнисот е само за крупни инвеститори, оние што можат да инвестираат +3,5 милиони Евра... значи старата партиска клептократска булумента, која не само што влегува како трет и четврт инвеститор во земјава (по Англија и Германија најголеми инвеститори во МКД се Бахамите и Бермудите, како што 2015та беше Белизе беше втор најголем инветитор во МКД по Германија).... исто така и новава булумента, која си поделија тендерите, бизнисите со канабис, запослија синовите и ќерки, сето роднини... до внук од золва....И сега малку им се тие привилегии, сега тие, би да ни го земаат и Сонцето! Природата од Бога дадена!
Само крупни инвеститори добиваат повластени цени, субвенции, земјиште... ми се повраќа додека читам па нешто можеби прескокам.... а ние обичниот народец ќе сме добиеле од трите подолгото.... те повисоки цени на струјата!
Натаму...хипотетички, некој батка или 2-3ца....здружиле средства и собрале 50-60-70,000 Евра, несакаме субвенции, несакаме повластени цени ќе инвестираме, ке правиме еден мал комерцијален фотоволтаик!... Е НЕМОЖЕ!.... Зошто? Па треба да платиш, како за градежно земјиште комуналии такси чуда... што те елиминира одма на почеток а бизнисот ти го осудува на пропаст! Зошто е така? Па не бидете наивни, за да немаат конкуренција оние крупните, оние со привилегии (кои нема да платат како за градежно земјиште, туку ќе добијат гага локација...
И врв на ИДИОТИЗМОТ (ако добро сфаќам), доколку некој сака да гради за сопствени потреби, микро фотоволтаик, а вишокот што би го произвел да го продаде на мрежата... Е ПА ПАК НЕМОЖЕ! Зошто? Замислете идиотизам, не можело панелите врз некој објект каде поминувала нечија инфраструктура, демек неможе на кров (како што ЦЕЛ НОРМАЛЕН СВЕТ ПРАВИ) или во двор ако ЕВН има подземна инфраструктура ... зошто неможе, абе да повторувам ли? Па да не им бидете конкуренција на оние со +3,5 милиони Евра фотоволтаици, или да не трошите она што ќе го произведете, туку да купувате од нив... башка таков еден микрофотоволтаик, кој би произвел вишок на струја, за да ја продадеш на дистрибутерот треба да се регистрираш и платиш лиценца од 400 или 1000 Евра, фирмарина, данок... блла-бла, јасно е зошто нели?
И натаму Пр Димитров објаснува зошто државата тоа го прави, говори дека таа има ќар кога има продажба (прибира данок) а нема кога сам произведуваш... се срами да каже и да говори за криминалот.!.. Вака значи тие замислувале дека доаѓал живот ... за сите.
Не дефинитивно за санкции треба да размислат од ЕU!
Велешкиот манга и зелкарот муртински ... во Вардар и тоа со залет!
Што подалеку од тука... и што побргу! Спашавај се ко може!
 
Последно уредено:

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620

Генерално е така. Чисто да бидеме на јасно, ќе има и концесии за централи од 1MW кои би чинеле 600-700.000 евра што сепак се големи пари, ама не се 3,5 милиони како во текстот. Инаку се друго е точно
 
Мислев дека концесиите почнуваат од 5mW...што е инвестиција од 3,1 мил па до 3,5 мил Евра (со инфраструктура бандери трафа кабли чуда),... Како и да е... и 700К како минимум да ги извади инвеститор е прилично многу! Не видов податоци колку е минимум, но налетав на текст на овој https://off.net.mk/lokalno/razno/kocho-angjushev-i-povlastenite-tarifi-za-fotovoltaichni-centrali?fbclid=IwAR2umQllT4C3MUbsSY092lGEQbDJOVosWcMcUSqnfN36n8Nwv0BUILYKCGg еден нервозен батка, кој говори за 5mW минимум (и инвестиција над 3 мил), ироничен е, но интересен и веројатно во многу што вистинит!!?
 
Го знам текстот, но да бидеме доследни. Владата најави концесии на државно земјиште со обезбедена инфраструктура. Ќе има концесии за централи од 5MW, 4MW и неколку од по 1MW. Сепак се сложувам дека се големи пари и погрешен начин од Владата.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Од утре секое домаќинство ќе може да произведува и да продава струја
Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Министерството за економија ги подготви измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија со кои се овозможува граѓаните и компаниите да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија.
Овие измени, како што кажа министерот Бектеши, стапуваат на сила утре, со објавување на Правилникот во Службен весник.
„Со Правилникот за обновливи извори на енергија донесен од страна на Министерството за економија, согласно Законот за енергетика во 2019 година се воведуваат производителите потрошувачи како нови учесници на пазарот. Согласно Правилникот потрошувач производител е домаќинство, мал потрошувач, буџетски корисник кој може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енергија ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија го предава во електродистрибутивната мрежа. Досега потрошувач производител може да го предава вишокот на произведена електрична енергија во електродистрибутивната мрежа ако, меѓудругото, не е снабдуван со електрична енергија од универзалниот снабдувач, кажа министерот.

Според него, со овие измени се овозможува секое домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија, вклучително и со универзалниот снабдувач, при што вишокот на преземената електрична енергија во пресметковниот период е просечната набавна цена на електричната енергија која универзалниот снабдувач ја набавува за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи.

„Со измените се овозможува потрошувач производител да постави производна постројка со поголема инсталирана моќност со цел целосно да ја задоволи својата потрошувачка и воедно да пласира поголема количина во мрежата, со што за одредени категории субјекти целиот концепт станува поатрактивен. Па така наместо досегашните 4 kW, се предлага инсталираната моќност на постројката за производство да не е поголема од 6 kW, за домаќинствата и наместо досегашните 20 kW, се предлага инсталираната моќност на постројката за производство да не е поголема од 40 kW, за мал потрошувач, буџетски корисник и единка корисник“, кажа Бектеши и дополни дека со измените се овозможува заедница на домаќинства сопственици на посебни делови во станбена зграда или заедница на домаќинства сопственици на посебни делови во станбена зграда кои склучиле договор за вршење управувачки услуги со управител на станбени згради, да може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновливи извор до 6 kW, а произведената електрична енергија да се користи за потребите на заедничките делови во станбената зграда... (завршен цитат)
Со последново не ми се чита повеќе... туку ми доаѓа желба да му мафтам на метеорот, алооо метеору... тука сме и не промашувај овој пат!...што е бе ова Мафијата си има држава!?
Германија ај на страна...ама еве Данска (што би рекол Тевдо) како мала држава, ОД МАЛИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, СТАНБЕНИ ЗАЕДНИЦИ, ЗАДРУГИ (дури и задруги).... за потребите на нивниот EVN-home од ветерни се произведува 116% Ел.Енергија (ние би произведувле со сончеви...) а од таа количина 150,000 граѓани се инвеститори и преставуваат 75% (другото државата)... а овде за зградите до 6kW и тоа само за потребите на влезот, ние за осветлување на влезот сега со LED сијалициве и прекинувач со тајмер, плаќаме едвај над 200 (140 ли е улично!?) и сега ни дозволиле до 6kW...Ајјј пуштиле душа ко крлеж муда...мал милион згради има, кои ќе ги остават на крупниот капитал... имало као огласи барале кровови... не кровови, ѕидови за вас гнасна бандо!
Џабе Кинезите се потрудиле да ја симнат инсталираната моќ од 1W=1$ до пред 3-4 години... на денес 1W = 0.2$ (f-co PRC).... не знам дали ова значи дека еден мини фотоволтаик кој коштал ко стан 100,000$ сега би коштал колку кола 20,000$...нека не е 5 пати, eве нека кошта пола и тоа е голем пад... ама што ако!? (ова не знам колку е точно, го прочитав како статус кај професор на ФИКТ во Битола)....
И сега со 6kW некој со ЕВН ќе си игра Net-metering!? Купување опрема саат за читање предадена струја во системот и потрошена струја (земена од системот)!?....Па летната што ќе му ја продадете на EVN очекувате да ви ја компензира со зимска!? Или према берзите!?.... Ајде бе смешки!
Наебавме ко Жути ...
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.602
Поени од реакции
3.867
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161
2 месеца поминаа од новиот закон за фотоволтаици, а уште ни трага ни глас од ЕВН за да ми стават двосмерно броило за вишокот енергија да не ми се наплаќа.

Топката ја префрлаат на државата, дека законот сѐ уште налага дозвола од општината за инсталација на фотоволтаици на кровот (1000 евра). Дно од држава.

Секој ден читам вести за мерки за штедење енергија. Ние не само што штедеме, туку и ја произведуваме и истата си ја плаќаме, наместо да биде обратно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom