- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.304
- Поени од реакции
- 5.908
Темата е создадена со идеја за дискусии околу случувањата во тајните служби и агентите во Македонија, сите политички спомнувања нека бидат само пропратни во нашите мислења.
Текстот што ќе ја започне темата е за тоа како се одвивало, регрутирањето во времето на СФРЈ и сите делатности околу тоа.
Во времето на Удба службите биле најзаинтересирани за регрутирање на новинари и професори претежно од мали места, веројатно зошто биле подложни на манипулација и немале претстава за опасностите ако работиш такви задачи, најчесто оделе шефови на Удба за да земаат некој привлечен за нив и при разговор им нуделе висока плата ако прифатат соработка која тогаш во споредба со денес била неколку илјади евра плата, па потоа им велеле дека ќе служи за доборото на државата и народот, следно било нивно општо комуницирање со човекот што го избрале веројатно за да не пропуштат запазување на вештини кои ќе ги запознаат кај него, потоа избраниот служел војска која тогаш била задолжителна, веќе после тоа го носеле по хотели за да го испрашуваат во присуство на инспектори од Удба каде имало и апсурдни прашања од типот "Како би се однесувал ако си оној познат агент", па "Како би се облекувал кога би следел некого", "Што би направил ако некој те нападне додека си на должност" во тој контекст ги запазувале и одговорите од него, дури после сите овие работи го испраќале тоа лице во мало место до Белград кое се викало Батајница и било дел од Земун, таму го учеле да пука со разни видови пиштоли го учеле и нивно разликување, потоа го учеле да слика со тогашни камери што ги располагала службата.
После обуката почетничките задачи биле од типот вообичаено следење на некое лице , на пример кога некој автор на книга што е под надзор оди во друга држава, или често некој амбасадор кога оди некаде надвор од границите, секогаш метата ја следеле по два или три агента, едниот би седнал во истиот автобусот со него а другото лице би пристигнало со друг аутобус, после пристигнувањето уште на излегување од аутобусот задачата започнувала и првиот агент правел фотографија од следениот, најчесто со торба или куфер во кој има намонтирана камера, обично тогаш си одел првиот агент во друг правец па следењето го превземал партнерот агент и при следењето запишувал со кое лице се сретнал во градот, во кој локал бил и колку време се задржал таму, каде престојувал при престојот, која му била секојдневната рутина на движење, и на крај кога добивале наредба агентите да се вратат тогаш за тоа лице со тој материјал се отворало досие со фотографија и секоја ситница за него во текот на следењето се запишувала опширно на по еден лист хартија, така добивале десетици страници а принципот бил со заштитничка намера за да не биде лесно некој агент да му го предаде тоа досие на некој друг можен соработник на странска служба или на следеното лице за кое е изработен документот, кај нас најчесто вака биле следени нашите граѓани кои биле дел од македонската емиграција и наводно тие документи се уште ги има во архивите кај некои агенти.