Тајни Служби во Македонија

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
Темата е создадена со идеја за дискусии околу случувањата во тајните служби и агентите во Македонија, сите политички спомнувања нека бидат само пропратни во нашите мислења.

Текстот што ќе ја започне темата е за тоа како се одвивало, регрутирањето во времето на СФРЈ и сите делатности околу тоа.

Во времето на Удба службите биле најзаинтересирани за регрутирање на новинари и професори претежно од мали места, веројатно зошто биле подложни на манипулација и немале претстава за опасностите ако работиш такви задачи, најчесто оделе шефови на Удба за да земаат некој привлечен за нив и при разговор им нуделе висока плата ако прифатат соработка која тогаш во споредба со денес била неколку илјади евра плата, па потоа им велеле дека ќе служи за доборото на државата и народот, следно било нивно општо комуницирање со човекот што го избрале веројатно за да не пропуштат запазување на вештини кои ќе ги запознаат кај него, потоа избраниот служел војска која тогаш била задолжителна, веќе после тоа го носеле по хотели за да го испрашуваат во присуство на инспектори од Удба каде имало и апсурдни прашања од типот "Како би се однесувал ако си оној познат агент", па "Како би се облекувал кога би следел некого", "Што би направил ако некој те нападне додека си на должност" во тој контекст ги запазувале и одговорите од него, дури после сите овие работи го испраќале тоа лице во мало место до Белград кое се викало Батајница и било дел од Земун, таму го учеле да пука со разни видови пиштоли го учеле и нивно разликување, потоа го учеле да слика со тогашни камери што ги располагала службата.
После обуката почетничките задачи биле од типот вообичаено следење на некое лице , на пример кога некој автор на книга што е под надзор оди во друга држава, или често некој амбасадор кога оди некаде надвор од границите, секогаш метата ја следеле по два или три агента, едниот би седнал во истиот автобусот со него а другото лице би пристигнало со друг аутобус, после пристигнувањето уште на излегување од аутобусот задачата започнувала и првиот агент правел фотографија од следениот, најчесто со торба или куфер во кој има намонтирана камера, обично тогаш си одел првиот агент во друг правец па следењето го превземал партнерот агент и при следењето запишувал со кое лице се сретнал во градот, во кој локал бил и колку време се задржал таму, каде престојувал при престојот, која му била секојдневната рутина на движење, и на крај кога добивале наредба агентите да се вратат тогаш за тоа лице со тој материјал се отворало досие со фотографија и секоја ситница за него во текот на следењето се запишувала опширно на по еден лист хартија, така добивале десетици страници а принципот бил со заштитничка намера за да не биде лесно некој агент да му го предаде тоа досие на некој друг можен соработник на странска служба или на следеното лице за кое е изработен документот, кај нас најчесто вака биле следени нашите граѓани кои биле дел од македонската емиграција и наводно тие документи се уште ги има во архивите кај некои агенти.
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
368
Поени од реакции
688
УДБА и Матеја Матевски (поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач)
4ACA9BF5-739F-4878-B4FD-A10C4394D5A4.jpeg

Следењето на Матеја Матевски се одвивало кога бил во Истанбул, кога учествувал во мегународни и турски конгреси, во кој имале учество преведувачи и новинари кои биле апсени во своите родни места од службата, најмногу од (Тетово, Гостивар и Скопје).
Матеја Матевски знаел албански и турски, по тоа што се запознал таму со американскиот преведувач на Бил Клинтон, исто и со апсениот преведувач кој бил во неговата 18та година уапсен од службата, кој бил исто и преведувач на првиот министер за одбрана на Македонија Ристо Дамјановски.Во 90тите години Матевски се запознал и со Хаки Фејзулаи, кој бил еден од агенти на службата, исто и еден од основачите на Дуи и “учител” на Али Ахмети.Една од следењата било во 1974та година, кој го следеле агенти од секторот за дипломатија, еден од нив Вулнет Прешева (кој истата година станува амбасадор на СФРЈ во Труција по успешни операции).Истата година било и проверено со какви луѓе бил опкружен Матевски, и во кој места се движи.

Интересно е што во неговото семејство имало и соработници на Удба, еден од нив и Слободан Матевски, кој исто така знаел албански и имал агентури во кои требал да ги следи луѓето кој во Гостивар ги подржуваат политиките на албанскиот диктатор Енвер Хоџ.Еден од лицата кои ги следел биле Бењамин Бериша, Бедри Синани и Муедин Хадри кои биле професори во тие реони и обожаватели на диктаторската партија.
Агентурите на Слободан Матевски период од 1968-1976 година.

Исто така од секторот на дипломатија на службата бил избран и Трифе Матевски за да има агентури во Турција и во Германија, такашто добива задача да отвара транспортна фирма-Радика за да се запишуваат кои лица одат во тие две држави и во кој хотели и апартмани ќе престојуваат.Во 70тите години исто Трифе Матевски имал група на луѓе кои работеле разни дејствија за пари.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
Раскол во службата поради дестабилизирање што настанал како последица на обид за партиско неутрализирање на кадрите.

Тогаш некаде во 1995 година македонската служба била дестабилизирана и се случил раскол, јаки чинови од службата почнале да се делат на Дпмне и Сдсм и некои од нив имале задачи иако не знаеле за тоа Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски тие да земаат јаки информации за конкурентната партија и таа идеа ја дал Слободан Богоевски за да ја неутрализира службата од партиите, но не успеал и потоа имало луѓе од страната на Дпмне кои му давале информации на Љупчо дека тајно му ги следат телефонските разговори, па после се случила операција каде што биле ставени динамити во штаб на Дпмне поради тајно прислушкување и излегло дека имало од нивна страна доброволци за војната во Виетнам, следел скандал дека и на Бранко му ги следеле разговорите со грците, а овие игри направиле партиите да имаат се појака улога бидејќи нивни луѓе имало во многу јаки сектори во службите, најверојатно како последица на сето ова истата година службата го променила името од Сдб во Дбк и веројатно имало реорганизирање во функционирањето на структурата, покасно со измена на закон за организација и работа на државната управа во 2000 година го добива името Убк кое останува подолго време, па и преименувањето на истата служба во Анб во 2019 година се зборува дека се случило како последица на исти вакви превирања и случувања помеѓу кадрите во службата.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
Текст што ги опфаќа темите околу, вмешаноста на странските служби во нашите служби преку опремувањето на службените компјутери, што ги снабдила државата во соработка со одредени бизнисмени, како и прегледноста на службите во светот на социјалните мрежи што е тема која се повеќе се зборува.

Познатиот Илија Малинковски како и играчите што биле на располагање за надворешен портал, имале портали во два вида кои биле познати на јавноста кога се следат ситуации на разни бизнисмени, новокомпонираната Анб имала и поврзеток со ватиканската служба поради израелските дипломатски односи и нивното мешање во Македонија, израелската служба го имала ставено Малинковски на позиција каде што ќе извршува дејства за нив, тоа го имал истакнато кога се појавил во црквата во Скопје за Коледе како кум во 2016 година и бил испочитуван од Мпц и свештенството премногу, во сферите на Убк кога излегло дека нашата служба има изрелски софтвер, токму од фирмата негова бил донесен тој софвтерски систем во канцелариите, исто така и Коста Карпузовски бил на оваа површина неговата компанија била во техничките системи на Арм, се зборувало дека бил ставен во листа на надворешни имиња на германската служба во нивните канцлеларии за надворешни странски лица.
Околу пробивањето на податоци, кога се работи за социјални мрежи од странски земји Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, Телеграм тогаш се контактирала нивната администрација, тајните служби од јаките држави имале пермисија за влегување во кодираните скрипти на пораките и имале увид на членови од групен разговор кај овие социјални мрежи, службите од Балканот немале такви пермисии и таквите податоци ги добивале само од друга служба која допрела до оперативни информации и детално ги разгледала па им ги испратила, во системот на Телеграм пристап имала руската служба, во системот на Снепчет имала пристап технолошката група на Циа поради тоа што наводно филтрите на Снепчет биле направени од системот на технолошката група на Циа како што ми е пренесено, проследете ги и скандалите со апликациите Блекбери, Аном, Енкрочет и Скај од неодамна кои ги проби американската и француската служба и поради тие факти паднаа многу јаки криминални шеми глобално низ светот, службите во извештаите имаа спомнато дека се пресретнати и разговори на криминалци од Македонија, но кај нас тоа само порталите го прикажаа јавно.

За Илија Малинковски и црквата.


Скандалот со фирмата Сајтрокс и поврзаноста на Малинковски со случајот.


Објаснувањата во овој текст важат и за ситуацијата кај нас.

 
Член од
13 јуни 2022
Мислења
58
Поени од реакции
105
Удба и нејзино следење на македонската емиграција

-Во 70тите години Александар Аца Ранковиќ дава мисија за оделот на дипломатија да се направат операции во Германија , Белгија и Франција за емиграцијата , да се следи кои лица живеат таму , со кој се сретнуваат , со кој имаат средби , во кои локации имаат средби и сл . Се прави метод преку весникот „ Македонска Нација “ во кој ресиденти на тој весник беа агенти на Удба , една од нив и улога имала Славка Алексовска , која ги уредувала текстови и подоцна во 90ти почна нејзино дејстување во некое албанско радио во Скопје каде лицата вработени имале потекло од Косово и сл . Со пракањата на весникот во странство , се прегледувало кои лица го купуваат/читаат весникот и така им било пишувано белешки и детаљи во нивните досиеа . Еден од пронајдени текстови со објаснување на следувањето на групи и лица - опишани операции на Удба : http://www.mn.mk/feljton/4214
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
Превземено од профил на Буревесник.

"Pred polovina čas dobiv dramatičen povik, demek vo tekstot za PIVOVAROV lažam za SERDŽO TANGUMA, navodno ne bilo taka.

Eve, pa čitajte sami, oti go ima vo šemata i SLOBODAN KOVAČEVSKI TAČE, tatko na premierot KJURKA...

8 oktomvri 2004, Magazin START"

FB_IMG_1669089277184.jpg FB_IMG_1669089283109.jpg FB_IMG_1669089289468.jpg FB_IMG_1669089296009.jpg
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
УДБА, СДБ, ДБК, УБК, АНБ…
од Fokus 24.01.2019


Фигуративно добар текст за преименувањата на службата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.584
Документ со потпис на началникот Јовче Ременски, кој што е дел од досието за државјанството на Олександр Онишечнко и е класифициран како доверлива информација се појави на фејсбук. На документот стои дека лани на крајот на ноември, Секторот за спротивставување на тероризам и насилен екстремизам на АНБ до Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар испратиле одговор за Онишченко во кој е наведено дека Секторот не располага со материјали од противуставен и криминално штетен карактер. Ова е уште еден пробив во документи на АНБ, но за него се заинтересира и обвинителството иако никој не го пријавил кај нив.

што е Доверливо Дилетантизмот и Хохштаплерајот ????
..па уште Ременска ќе јаде трици :mad:
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
368
Поени од реакции
688
Интересно опширување за Васил Тупуровски-Циле и неговите контакти со странските служби.

По кажаното се вели дека Тупуровски по карактер бил лик што ги гледал своите интереси како што ке излезе како бонус за добивање тоа што го сакал.Тупуровски се вели дека прво бил соработник на Удба, кој им служел како човек за политички интереси во Македонија.Една од мисиите му било да во 91ва даде дозвола за одредени луге кои биле во затвор во Идризово.Во тоа време имало околу 600 затвореници кои и имало ликови кои се познати на јавност, и од Белград дошол со хеликоптер за да ја заврши неговата задача со пуштање на затворениците.Во истата година(1991) се соопштува дека станал соработник на Кгб, каде бил ставен на листа на луге кои биле одбрани за во проектот на распад на Југославија, така што се финасирало и од јеврејските бизнисмени кои биле тогаш во Русија.Во тој период често имал средби со Стипе Месиќ, Момир Булатовиќ, Мило Џукановиќ, Златко Лулиќ, и се согласил со нивните мислења за да има промени за да биде “подобро” во иднината.Пред почетокот на војната во Босна и Херцеговина, Тупуровски и Вук Обрадовиќ имале средби со српски воени официри Бранко Крга, Петар Каламбура и Никола Симоња така што требале да направат успешна мисија за руските интереси, така што ке треба да се купи руско оружје, со причина на квалитетот и дека го држеле евреите во Европа.Тој план успеал така што Слободан Милошевиќ и Радован Караѓиќ ја прифатиле понудата на цената и тоа оружје било префлено во редовите на Република српска.Потоа се соопштува дека Тупуровски станал соработник на Циа, испратил документација која му била дадена од вработен на Дбк за две лице кои учествувале во палењето на американската амбасада, потоа исто се шпекулира дека за успешната негова мисија за признавање на Тајван добил и околу 50 иљади долари.
 
Последно уредено:

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
368
Поени од реакции
688
Интересен текст превземен од ФБ:


#Досие Карангелевски: Ликвидацијата на Генерал Карангелевски
Генералот што сакаше македонска територијална одбрана
#УДБА Васко Карангелевски (Брусник, Битолско, 7 јули 1921 - Македонски Брод, 3 февруари 1977) бил народен херој на Македонија, првоборец и генерал-полковник на ЈНА.
Васко Карангелевски (1921-1977) е македонски воин, генерал-полковник и народен херој. Роден е во битолското село Брусник, каде што многу рано активно се вклучил и станал член на СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија). Кога се формирал првиот Партизански одред во брусничкиот регион, во 1942 година, Карангелевски веднаш се вклучил во него. Одредот најпрво изведувал помали диверзантски акции снабдувајќи се на тој начин со оружје и со муниција. Младиот Карангелевски посебно се истакнал со својата храброст, па станал командир на чета. Во текот на зимата во 1943 година со баталјонот „Стив Наумов” учествувал во партизанските акции од Егејска Македонија, па сѐ до Козјак. Повторно како истакнат борец и офицер, во февруари 1944 година добил командна функција овојпат како командант на баталјон во Третата ударна бригада. Оваа бригада учествувала во пролетната офанзива по која значително се зголемила слободната територија во Македонија. Од Третата ударна бригада се одделил еден баталјон, кој заминал во источна Македонија. Наскоро на тој терен се формирала Четвртата бригада, a Карангелевски станал заменик-командант. Подоцна истата должност ја вршел и во Петтата и во Седмата македонска народно ослободителна бригада. Крајот на војната го дочекал како командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија. По ослободувањето бил офицер со чин генерал во ЈНА. Стигнал до највисокиот воен чин генерал-полковник.
Генерал Карангелевски важел за еден од најспособните офицери во ЈНА (за време на војната, единиците под негова команда ги добиле речиси сите битки). По првиот и единствен Македонец началник на Генералштабот на ЈНА, Михајло Апостолски, генерал Карангелевски бил единствениот македонски кандидат за највисоката команда врз југословенската војска (според тогашниот систем на ротација). Но, не го поставиле. Наместо тоа, бил долго време командант на Скопската армиска област (подоцна преименувана како Трета армиска област).
Карангелевски е офицер кој забележал како ЈНА сѐ повеќе претставува српска армија бидејќи огромното мнозинство офицери (дури две третини) биле Срби. Како реакција на тоа, тој барал единиците на Територијална одбрана да бидат составени само од припадници на републиките во кои се наоѓаат тие единици. Тоа би значело во македонската територијална одбрана да служат само Македонци, идеја која воопшто не му се допаднала на раководството во Белград. Тајно-воената команда на ЈНА (веќе комплетно во рацете на Србите) го поставува Ратко Младиќ, денес добро познатиот српски националист и воен злосторник од босанската војна, за неофицијален командант на Скопската армиска област, кој има сопствена екипа на агенти на КОС во Македонија.
Карангелевски е убиен во 1977 година на падините на планината Караџица додека со пријателите бил на лов. Токму еден од нив по грешка, како што е официјално соопштено, пукал во него и го убил. Интересно е тоа што по истрагата воопшто не е извршено балистичко вештачење на орудијата. Бидејќи убиството го направил близок пријател на Карангелевски, јавноста лесно била убедена дека станува збор за несреќен случај. Околностите на случајот се мошне сомнителни, особено што дел од ловците подоцна се осудени на долгогодишни затворски казни за други убиства. Сепак, до денес нема најави за отворање нова истрага.
По неговата смрт, Младиќ е поставен за командант на Скопската армиска област. Кога избија војните во Југославија, Младиќ беше прекомандуван во Босна. Неговите злодела таму се добро познати.

......................... Досие Карангелевски: Ликвидацијата на Генерал Карангелевски 4
Карангелевски бил запознаен од Тасески за намерите за негова ликвидација, но иако тоа го сваќа сериозно, сепак одлучува да тоа јавно не го манифестира. Водел редовен живот како и дотогаш, бил во постојана комуникација со истите луѓе од неговото опкружување, со единствена намера да војната безбедност открие суштината за неговата ликвидација.

Од страна на Тасески бил предупреден да не се однесува така лабаво и да нема голема верба во безбедносните структури на КОС, од причина што тие во последните неколку месеци, поточно од Јуни месец 1976 година во Македонија поставуваат паралелен Командант на КОС за Македонија, тоа го прави српското генералско крило на ЈНА. Најголема верба српските окупатосрки власти полагаат во Ратко Младиќ кој има поставено добра агентура во Македонија, ги знаел сите слабости на својата агентурска мрежа, а која воедно била блиска и до Карангелевски, и тоа добро го користи. Карангелевски на десетина дена во 1976 година патува за Љублјана во Клиничкиот центар во посета на свои пријатели, и во тој вакум простор на неговото отсуство се донесува одлука за операцијата „РУДИШТЕ 2“, или во превод, Рудиште војно име за Охрид на бивша СФРЈ, а 2-ка, има значение за ликвидација на две личности,Тасески и Карангелевски.

Знаеќи да Карангелевски бил голем љубител на Ловот, паѓа одлука да истата ликвидација се спроведе на Лов, а сето тоа да наликува на несреќен случај, а за се заташка целата работа потребно била соработката на Полицијата и одредени Судии кои трабало да ја потврдат приказната са самоубиство или несреќен случај. Ги користат ресурсите на нивната поставена агентура, олицетворена во тогашни Управници на Угостителски претпријатија во Охрид, како и докажани шпиуни –оперативци, кој биле спремни за одредена парична надохнада и братот да го жртвуваат. Таквата операција на крај ќе се покаже како успешна.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
Ковачевски: Ќе се именува нов директор на АНБ
Од НМ - 13:42 21.11.2022


Во службата наводно се одвивала борба за директорското место и вриело како во котел, но одредени извори велат дека веќе е испланирано како ќе се покрие случајот што ја донесе кризата и си работат по наредба од појаки фактори.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.853
Тајната операција "Чадор" и луѓето кои биле вклучени во неа.

Поради клучната поставеност во случајот ова е битна забелешка, познато е дека Лазим Дестани ја финансирал најмногу од сите од дијаспората доминантната албанска партија во Македонија и имал јаки врски со Али Ахмети, Лазим уште одамна бил со јаки контакти, во главно со Селим Сал Руси кои имал поврзаност со Хилари Клинтон се уште, инаку во куќата на Селим во Америка била организирана средба меѓу Хилари и Кање Вест па таму бил и Лазим повикан.
А кога Хилари била дојдена тајно во Македонија поради премин во Косово, таа тајна операција всушност акција ја нарекле "Чадор" и Селим се јавил кај Лазим за услуга преку Ахмети, барале обезбедување услови на границата за таен премин преку Блаце во тој случај.
Инаку Назиф Дестани исто преку фирма, која имала местоположба во Германија поточно Минхен го имал финансирано Кфор, за набавка на оружје и имал работници кои биле поврзани со трговија со хероин таму во таа околина.
Новинарот Зоран Божиновски имаше сторија за смртта на Тоше Проески "Sponzor Ane Nikolic u begstvu" во која имаше тврдење, дека парите од неговите настапи и концерти со години завршувале кај Лазим Дестани а од таму за финансирање на Учк и сето тоа со знаење на власта.
Исто така познат е како личност која поседува конвој од возила со највисоко ниво на блиндираност во државата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom