Тие томахавк проектили чинеа неколку пати повеќе отколку што направија лесно поправлива штета на сиријските аеродроми кои ги гаѓаа. Целиот циркус на Трамп му требаше за пи-ар за домашните медиуми, и Русија и Сирија токму тоа му го дадоа.... Сирија незначителна штета, ама избегнато поголемо р'чкање со САД/НАТО. Трамп си доби материјал за на вести (за вака да се палите и жарите). Рејетеон си доби нарачка од уште томахвци за производство. Русија ги боли колбасот, ниту добиваат нити губат ништо... Сите среќни и задоволни.
На Русија и треба Сирија која е под руска контрола, и под сириска територија да нема катарски гасовод кон ЕУ. За другото не им чуе, дури не ни сакаат Сирија премногу да пркне па да почне да им мрда опашката (и да се смени нешто со гасоводите). САД инаку и ден денес окупираат дел од Сирија, дури и нафта си крадат пар години. Не направија гасовод за да ја заебат Русија, ама дај шта даш.
Кога Америте лани/преклани ликвидираа висок ирански генерал на гардата, Иранците на САД им ја бомбардираа базата во Ирак. Претходно им се јавиле да се најават... Понешто структурална штета, ниеден повреден и ништо од техника уништено, но избегната војна и Иран си имал вести за пуштање дома („мама им ебавме, ќе видат они, итн“).
Сега Русија жртвува пола процент од освоената територија, ама избегнува војнички загуби - нешто што ќе направеше проблеми дома. Да се десеше рушење на бранта ај техниката се само пари, ама ~60 илјади војска ќе останеше заглавена на западниот дел барем недела дена без логитика. Покољ ќе беше и големи проблеми дома во Русија.
Заклучок... Меѓународна геополитика не е само водење војна. А ти другар за медицина можеме да ти симнеме капа, ама овде ти имаш капа за симнување.