Наведениот стих не смее да се толкува буквално. Светото Писмо ни дава основен опис за материјалноста од створениов Свет и не ни дава детали за неговата точна молекуларна или атомска структура.Не ти го пратив линкот за рамност туку за стихот " Дали можеш да го распнеш небото како Него, цврсто како лиено огледало?"
Прегледај го приврзокот 351821
Наведениот стих не означува „тврдост„ како физичка особина од некој материјал, со случајов, материјалот од кој е изведено небото, туку ни покажува дека Бог го створил(л) Светов на трајни и неменливи физички закони и тие закони се неменливи/стабилни се‘ додека Бог не дојде по втор пат и не изведе преуредување на целата Вселена. Воедно, димензиите од самото небо ни укажуваат на моќта која ја има Бог, односно Неговата способност за творење сложени и габаритни материјални феномени.
Небото навистина е „распнато„ (симболичен израз за простирање на небото преку целата Земја) и тоа е повеќе од очигледно, а од науките дознаваме како се опишуваат физичките закони, преку математички равенки, кои се само апроксимација на вистинските закони според кои постои Светов.