Рамна Земја?

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.988
Поени од реакции
4.147
Не ти го пратив линкот за рамност туку за стихот " Дали можеш да го распнеш небото како Него, цврсто како лиено огледало?"
Прегледај го приврзокот 351821
Наведениот стих не смее да се толкува буквално. Светото Писмо ни дава основен опис за материјалноста од створениов Свет и не ни дава детали за неговата точна молекуларна или атомска структура.

Наведениот стих не означува „тврдост„ како физичка особина од некој материјал, со случајов, материјалот од кој е изведено небото, туку ни покажува дека Бог го створил(л) Светов на трајни и неменливи физички закони и тие закони се неменливи/стабилни се‘ додека Бог не дојде по втор пат и не изведе преуредување на целата Вселена. Воедно, димензиите од самото небо ни укажуваат на моќта која ја има Бог, односно Неговата способност за творење сложени и габаритни материјални феномени.

Небото навистина е „распнато„ (симболичен израз за простирање на небото преку целата Земја) и тоа е повеќе од очигледно, а од науките дознаваме како се опишуваат физичките закони, преку математички равенки, кои се само апроксимација на вистинските закони според кои постои Светов.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.700
Поени од реакции
9.277
@PROROKOT
"Небесата ја објавуваат славата Божја; небото го објавува делото на неговите раце."
Screenshot_2022-11-07-21-10-31-91_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
Тогаш како го објаснуваш "делото на неговите раце"?
Screenshot_2022-11-07-21-12-12-01_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
Автоматски споено мислење:

Не можам со сигурност да потврдам дали “купола“ е исто што и “небо“ (небесен свод над Земјава, односно „пречка„ меѓу материјалниот Свет и духовниот Свет) но има сличности...
Во првите стихови на библијата за создавањето на светот се одвојува вода од вода со свод небесен. За тоа дека постои купола има податок и во Американска ЕНЦИКЛОПЕДИЈА од 1958 год.
Screenshot_2022-11-07-22-51-00-81_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.988
Поени од реакции
4.147
Духовита споредба, морам да признаам...:icon_lol:

Не верувајте во она кое го гледате, верувајте и‘ на науката, која има математички равенки и „научни докази„ за се‘ што е веќе видливо...
Автоматски споено мислење:

@PROROKOT
"Небесата ја објавуваат славата Божја; небото го објавува делото на неговите раце."
Прегледај го приврзокот 351894
Тогаш како го објаснуваш "делото на неговите раце"?
Прегледај го приврзокот 351895
Автоматски споено мислење:


Во првите стихови на библијата за создавањето на светот се одвојува вода од вода со свод небесен. За тоа дека постои купола има податок и во Американска ЕНЦИКЛОПЕДИЈА од 1958 год.
Прегледај го приврзокот 351983
Најкратко објаснето:
- Изразот „Небесата„ се однесува на духовниот Свет, а во стихов, се однесува на ангелите, кои непрекидно Го слават Бога, пеејќи „Свет, Свет, Свет Е Господ Саваот„,
- изразот „свод небески„ го означува вкупниот создаден материјален Свет, чиј дел сме и ние, а створениов Свет, според законите и редот кои во Светов постојнат, ни вели/сведочи дека (Светов) има свој Творец. Тоа се нарекува „закон на природната креација„.

П.С.
„Делото од неговиоте раце„ (а Бог нема раце...:)), ја означува свореноста од овој/материјалниов Свет, кон не е настанат сам од себе, како што не‘ лажат со „големата пукотница„, односно Светов има свој Создател-Бог Создателот.

Сводот над Земјата, кој ја држел водата над Земјата, е пробиен со Потопот. Небескиот свод пак, е феномен кој се‘ уште постои (го гледаме) и не е „исто„ што и прво споменатиот свод (над Земјата).
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.742
Сводот над Земјата, кој ја држел водата над Земјата, е пробиен со Потопот. Небескиот свод пак, е феномен кој се‘ уште постои (го гледаме) и не е „исто„ што и прво споменатиот свод (над Земјата).
Друже и тогаш како сега, сите сакале да се писари, никој не сакал хаусмајстор и кровот прокапал.
Може ги фатил и период на скапи градежни материјали и толку за лошото :toe:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Друже и тогаш како сега, сите сакале да се писари, никој не сакал хаусмајстор и кровот прокапал.
Може ги фатил и период на скапи градежни материјали и толку за лошото :toe:
Не бе ти па, да прокапал уште ќе течеше. Гарант некој прозор оставиле оставен, па касно им текнало да затворат.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.700
Поени од реакции
9.277
Друже и тогаш како сега, сите сакале да се писари, никој не сакал хаусмајстор и кровот прокапал.
Може ги фатил и период на скапи градежни материјали и толку за лошото :toe:
Веројатно знаеле што пишуваат...
Автоматски споено мислење:

а Бог нема раце...:)
Од каде овој податок? Инаку во главно не се сложувам со твојот последен пост. Секако имаш право на свое размислување и тумачење но во Библијата имаш податок на пример дека апостол Павле дошол во Македонија,спомнат е и Александар Македонски и многу други личности и случки од историјата кои буквално можеш да ги разбереш. Незнам од каде таа логика да пишува во псалм за "божјите раце" а ти да го протумачиш дека немал раце. Да не ме сфатиш погрешно дека се конфронтирам со тебе но би сакал да најдеме заеднички јазик и разбирање во врска со Библијата.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.742
Веројатно знаеле што пишуваат...
Абе денес имаш ликови што пишуваат дека светот го водат рептили, ама не сум уверен дека знаат што пишуваат :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.742
Денес и пред 2000 години не е исто...
Еволуциски гледано се нема променето ништо, како вид ја користиме секоја прилика за да извадиме бенефит.
Религијата е само добро концепиран бизнис.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.700
Поени од реакции
9.277
Еволуциски гледано се нема променето ништо, како вид ја користиме секоја прилика за да извадиме бенефит.
Религијата е само добро концепиран бизнис.
Сакаш да кажеш дека не веруваш во ништо? Тогаш која е смислата на твојот живот? Зар не се прашуваш зошто постоиш и која смислата на твојот живот? Како настанал светот? Не веруваш во Бог ама во НАСА и Биг-Бенг веруваш? Дали веруваш дека од денешен мајмун може во секој момент да настане човек? Зар не мислиш дека животот ти е празен ако не веруваш во ништо? Како заклучи дека религијата е добро концепиран бизнис и од кога е тоа така? Доказ?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.742
Сакаш да кажеш дека не веруваш во ништо? Тогаш која е смислата на твојот живот? Зар не се прашуваш зошто постоиш и која смислата на твојот живот? Како настанал светот? Не веруваш во Бог ама во НАСА и Биг-Бенг веруваш? Дали веруваш дека од денешен мајмун може во секој момент да настане човек? Зар не мислиш дека животот ти е празен ако не веруваш во ништо? Како заклучи дека религијата е добро концепиран бизнис и од кога е тоа така? Доказ?
Смислата е да живеам што можам подолго и поквалитетен живот, просто како грав.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.700
Поени од реакции
9.277
Смислата е да живеам што можам подолго и поквалитетен живот, просто како грав.
Зошто би живеел подолго и поквалитетно? Од каде си толку сигурен дека твојата смисла е и твој избор? Од каде знаеш дека така и ќе биде? Сигурен ли си дека е просто ко грав? Нели помислуваш дека животот е мистерија и дека не можеш секогаш во се да бидеш сигурен?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.899
Поени од реакции
35.742
Зошто би живеел подолго и поквалитетно? Од каде си толку сигурен дека твојата смисла е и твој избор? Од каде знаеш дека така и ќе биде? Сигурен ли си дека е просто ко грав? Нели помислуваш дека животот е мистерија и дека не можеш секогаш во се да бидеш сигурен?
Епа со тоа што не се замарам за глупостите кои ме прашуваш од старт живеам подобро :D
Просто е: не се замарај за работи врз кои не можеш да влијаеш, не си го арчи времето на работи кои не се клучни за твоето егзистирање.
Ме заболе дали животот е мистерија и дали сум сигурен, гледај да покриеш: кров над глава, 2-3 оброци на ден, неколку одмори во годината, малку мезе, пиво/ракија и тоа :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom