Масони

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.236
Поени од реакции
12.227
„Бедни браќа“ воопшто не се бедни, сиромашни, без ништо...

Shapeless - ќе ти дадам детален одговор, првин да одговорам на прашањата на Peckata.

Многу често недоразбирање е ова. Да, монашкиот орден што го формираат се вика "Бедни Браќа, Воини Христови", но тоа се однесува на поединецот откако ќе стане член на орденот. Инаку - се примале само и исклучиво членови на аристократијата, кои веќе биле витези (нешто за што има посебни критериуми) и кои при зачленувањето се што поседувале го ставале на заедничко располагање на братството.
Така што - Темпларите НИКОГАШ не биле бедни, напротив, од самиот старт било многу богато братство, за разлика од сите останати монашки братства, каде што се примале и бедни кандидати.
Дали се масоните настанати од темпларите или обратно е друга тема на дискусија.

Една од варијантите е токму тоа - дека откриле некоја тајна со која биле во позиција на моќ над папата. Тоа е многу веројатно. Но - нема конкретни податоци, во ниту една архива.
Од друга страна, голем дел од моќта се должи на тоа што биле заштитници на патниците кон Ерусалим. За да се сфати значењето на ова, мора да се сфати општеството во тоа време. Тоа е период на екстремна религиозност во Западна Европа. Од денешен аспект е тешко дури да се разбере дека такво нешто воопшто може да постои. Најноминалниот верник од тоа време е екстремен фанатик во споредба со најголемиот верник во денешно време. Луѓето навистина верувале во спасението, навистина се плашеле од пеколот, навистина сметале дека треба се да направат со цел да се избават - и тоа многу често се базирало на суеверие...
Еден од главните религиозни елементи во тоа време бил аџилакот во Ерусалим. Со паѓањето на Ерусалим во рацете на западните крстоносци, се отвора можност за Европјаните да одат таму на аџилак непречено и речиси секој кој имал можност да го прави тоа - не размислувал два пати. Патувањето било многу опасно и се поминувало низ многу земји кои не биле баш безбедни ниту за патниците, но уште повеќе за товарот кој го пренесувале (кој многу често се состоел од злато и пари - затоа што патувањата, односно аџилакот обично траеле по неколку години). Тоа создало потреба од создавање на "служби за безбедност", кои ќе се грижат и за патниците, но и за парите и стоката. Таа служба, всушност биле Темпларите. Биле единствени кои биле доволно организирани и во реална можност да го спроведат тоа на дело. Така што - разбирливо е што за многу кратко време создале огромна финансиска моќ. Таа финансиска моќ, како и паметните водачи, им овозможиле за многу кратко време да се претворат во "Банкерите на Европа", што во тоа време било многу важно, затоа што биле единствените кои располагале со огромни резерви на злато. Останатите европски кралеви биле многу задолжени и речиси банкротирани, затоа што ги финансирале и крстоносните војни, но и луксузниот начин на живеење кој го имале. Темпларите живееле бедно, повеќе од скромно, немале лична сопственост, огромен прилив на пари и имоти. Биле во состојба да позајмуваат пари на сите, а со самото тоа - биле во состојба потоа да ги контролираат сите (како денешните банки). Тие го создаваат современиот западен систем на банкарство.

Да, има. Има два вида на устав. Едниот е Уставот на Андерсон, има издание на Македонски, но и на интернет може да се најде многу лесно. Неколку страници поназад, објавив линкови од неколку PDF фајлови, едниот од нив е Уставот на Андерсон.
Вториот вид е уставот кој секоја Голема Ложа го има, кој се базира на Уставот на Андерсон, но има и дополнителни елементи, карактеристични за секоја земја. Овие се исто релативно јавни документи, но треба да се добие од самата Голема Ложа, не се поставуваат на интернет. Секој масон при зачленувањето добива копија од уставот на Големата Ложа.

Не. На времето имало таканаречен масонски код, односно шифрирано писмо, но тоа се користело релативно кратко. Побарај на интернет, има објаснување за ова, има и сликовен приказ како изгледа. Не се употребува, затоа што е многу едноставен, а и затоа што веќе нема потреба од него.

Не. Верувам дека Исус Христос е Бог, кој се овоплоти во човек, како еден од Светата Троица. Тоа е мое лично религиозно видување. Друг ако прашаш, ќе ти каже според неговото видување.

Прашај што поконкретно од структурата на ложите те интересира, затоа што прашањето што следно го поставуваш не е врзано за структурата...

Да, но ова е почесто на запад, каде масонските ложи се стари по стотина и повеќе години. Некои ложи веќе "одумираат", некои допрва се активираат. Тоа е реално битно, затоа што не сакаш да попаднеш во ложа каде што нема нови кандидати и просечната возраст е над 60-тина години, а ти си на 25 на пример. И обратно, за човек кој е над 60 години и сега сака да се зачлени, не е толку добро да оди во ложа каде просекот е 35-6... Масонеријата не се случува само во ложата, туку и во реалниот живот, во секојдневието. Ние сме многу блиски пријатели, другаруваме, работиме едни со други... ако попаднеш во средина која не е адекватна за тебе, нема да можеш да го искусиш вистинското лице - онаа вистинска близост и врска која ја имаме едни со други.
Во земја како Македонија, масонеријата е релативно млада и членовите се од сите возрасти, така што нема таков проблем.

Како што реков - не е проблемот во тоа дали ќе примат или не - а дали ти ќе се чувствуваш добро таму. Инаку - ако ги исполнуваш критериумите, нема воопшто причина да не те примат.
Во мојата ложа имаме многу интересен состав на членовите - има многу млади членови, кои се на 20 и нешто години, најголемиот дел (од активните членови) се од 30 до 50, но имаме и многу активни членови кои се над 70.
На тој начин, се добива интересен спој на ентузијазмот и енергијата која младите ја имаат, структурираност и стабилност која ја пружаат оние на средна возраст, и масонско и животно искуство и знаење кое постарите го имаат. Постарите се мотивирани од помладите, помладите учат од постарите... секој го добива она што му е потребно.

Не сум сигурен дека воопшто ќе можеш да аплицираш во Англија. Таму ќе бидеш на привремен престој.
Прво - за да аплицираш некаде, мора да живееш во земјата одредено време. Во секоја земја е различно, но мислам дека за Англија е една година (исто како и тука, во Канада). Тоа значи, дека од стапнувањето во Англија, најрано една година мора да помине додека воопшто да поднесеш апликација, па дури потоа да се разгледува истата.
Потоа - не знам дали воопшто ќе можеш да аплицираш таму, затоа што таму ќе бидеш привремено, а во твојата матична земја има Голема Ложа (која патем е произлезена токму од UGLE). Ова треба да го провериш самиот, пиши на сајтот на UGLE, ќе ти дадат одговор, ќе треба да почекаш, но ќе ти одговорат.
Дури и да можеш да аплицираш - тие повторно голем дел од процедурата за проверка ќе ја префрлат во Македонија, затоа што си од Македонија и информацијата за тебе, пред се ќе дојде од таму.

Така што - ако мислиш да одиш во Англија и да останеш таму, тогаш, да, аплицирај таму. Ако мислиш да се вратиш во Македонија, тогаш нема никаква логика да аплицираш било каде на друго место (дури и да можеш).

Во врска со членството во Македонија - не е точно дека само богати и познати личности се членови! Ти имаш слушнато за познати и богати членови, затоа што ако некој ти каже дека на пример Митре од Струмица е масон, ништо нема да ти значи, затоа што немаш поим кој е Митре... Додека личностите кои се познати - веднаш ти значат нешто (ги распознаваш и ги идентификуваш).
Инаку - има секакви членови, од сите слоеви и професии... познавам луѓе кои воопшто не се познати, работат како инжењери, сметководители, административци, имаат ситен бизнис (трговија на ситно на пример) итн... возраста - секаква - од 25-6 годишни, па до 70 годишни...
Така да - мој совет е прво да се обратиш кон ГЛМ, нема причина да те одбијат, доколку нема причина да те одбијат :smir:. Да, процедурата трае долго време - но тоа е сосема нормално. Сепак - трпеливоста е многу битен човечки квалитет кој еден масон мора да го има.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
И за овие мислам дека се киднапирана философија, првите биле вредни луѓе, градители, создаватели, мислам дека немале ниту храмови ниту ритуали, претстави, туку едниставно биле космополити и хуманитарци. Можеби грешам ама и кај овие нешто не ми штима.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.144
Поени од реакции
9.821

Токму тие "градители,создаватели,космополити и хуманитарци" помеѓу 17-19 век од преголема хуманост и добрина си организираат градби како "Стоунхенџ", пирамиди у сред оаза и разни други "милениумски градби" со цел искривување на историјата и создавање нова. Тие хуманитарци по вештачки пат ги креираа државите кои ние ги нарекуваме наши соседи. Сите тие хуманитарци со своите фамилии до ден денес го управуваат светот и работат на темата бришење на народи како на пример Феникијците. Палестинци,Сиријци,Персијанци?...Кога сме кај темата бришење на народи што мислиш кои следни стари народи се на ред за бришење ? Оваа тема е доста актуелна кај нас деновиве...

П.С
Ако грешам за темата "рамна земја" се надевам не грешам на оваа тема или? Нека ме поправи некој ако негде погрешив. Никој не сака "рамна земја" ниту лажна историја туку сите ја сакаме вистината.
 
Изгледа не се разбравме, не праам муабет за овие денес, оригиналните првите не би праеле мајмунлаци како храмови и ритуали. А ова шо пишуваш за дејанијата - мислам дека многу значење им даваш на денешниве, они ти се повеќе бојс клаб. Мислам дека тие шо се зезаат со нас не ни знаеш кои се шо се и уопште дека постојат.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.144
Поени од реакции
9.821
Изгледа не се разбравме, не праам муабет за овие денес, оригиналните првите не би праеле мајмунлаци како храмови и ритуали. А ова шо пишуваш за дејанијата - мислам дека многу значење им даваш на денешниве, они ти се повеќе бојс клаб. Мислам дека тие шо се зезаат со нас не ни знаеш кои се шо се и уопште дека постојат.
Да оригиналните како крал Ото од Баварија ти создаваат држава со име Грција и "грчки народ" со "грчка историја" или Саксобурготската династија заедно со русите која е креатор на Бугарија ама тоа претпоставувам не се мајмунлаци за тебе. Тоа е само третирање на историја нели ништо страшно... Ама важно тие ти се оригинални а другиве јанг бојс помалку битни...
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Да оригиналните како крал Ото од Баварија ти создаваат држава со име Грција и "грчки народ" со "грчка историја" или Саксобурготската династија заедно со русите која е креатор на Бугарија ама тоа претпоставувам не се мајмунлаци за тебе. Тоа е само третирање на историја нели ништо страшно... Ама важно тие ти се оригинални а другиве јанг бојс помалку битни...
Ма ни тие не се по мене масони, мислам дека се десило нешто ко со христијанството и со овие.... се појавил некој со фина порака и идеа, некој вреден човек кој редел камења и градел куќа, овие го киднапираат и го праат корумпирано па сега прстени, херметики, скалила, храмови, ритуали, луциферијанство, па тајни ќе бидеме одбрано друштво... пример Хитлер со свастиката, супер симбол али ни го киднапираше за да бегаме од него. Туку нема везе Зурла, земјата е равна.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.895
Поени од реакции
42.593

Зоки, ќе не примат нас у масоните? Ја знам гипс картон да местам, ти сигурно знаеш малтер да мешаш. Ти поинтелектуален си, може и бурек да носиш. Мене ме фасцинира овоа слободно ѕидарство, си ѕидаш кај сакаш. Поготово сега у скопјево многу профитабилно е.
 
Не Рон, овие ништо не зидаат, туку ти автоматски ќе станеш оригинален масон кога ќе измислиш некој стварно корисен АПП и ќе ни олесниш живот, Владе кога ќе измисли перпетум мобилето а јас кје станам у моментов кога некој од вас ќе измисли нешто и тоа како почесен член оти сум ве иницирал да прајте нешто корисно.
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
232
Поени од реакции
31
- Ај настрана тоа џипови, пари, функции ... Ве боли ли кога ви го пикаат во газ, и кејф му правите на големиот мајстор???
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.551
Поени од реакции
22.239

Kajgana Shop

На врв Bottom