Хаос на „Чаир“ навивачите на Шкупи ги нападнаа фудбалерите на Шкендија
Голем инцидент и немили сцени на фудбалското дерби на стадионот Чаир меѓу Шкупи и Шкендија.
Прегледај го приврзокот 352244
Натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е прекинат по само десет минути игра поради големиот инцидент кој го започнаа домашните навивачи.
Хулиганите од трибините по водечкиот гол на Дашмир Елези за Шкендија во 10 минута влетаа на теренот и ги нападнаа фудбалерите на тетовска Шкендија.
Елези по постигнатиот погодок низ радоста испрати провокации кон навивачката трибина на Шкупи, што беше сигнал дел од навивачите на домашната екипа да влезат на теренот и да започне вистинска бркотница низ теренот.
По неколку минутна бркотница и реакцијата на специјалците хулиганите беа вратени на трибините.
Судиската тројка претхофдно под силно полициско обезбедување беше спроведена во соблекувалната.
Натпреварот во Чаир меѓу Шкупи и Шкендија од четвртфиналето во Купот на Македонија и дефинитивно нема да се одигра. Организаторот на мечот Шкупи сигурно поради овој инцидент ќе добие казна од ФФМ, сега на потег се дисциплинските органи на нашата федерација.