Ako si na optika so se mislis, taka e, iznajmuvaat od telekom optika kade sto nemaat...
И таму каде што е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком, сепак им се случува да изнајмуваат оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком.
Прашањето е дали во А1 Телеком толку немаат организиран систем за одобрување на налози во тие места во кои има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком, или па ги одобруваат налозите, но истите завршуваат кај технички неспособни лица - какви што ги има и во Македонски Телеком - кои ги враќаат налозите бидејќи не знаат како да прават поврзување со оптичка телекомуникациска мрежа или едноставно ги мрзи да работат, па затоа ги враќаат налозите и предлагаат корисникот да се поврзи преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком ?
Не сум корисник на А1 Телеком - користам припејд број од А1 Телеком на мобилен телефон исклучиво и само за зонско паркирање - но морам да ги пофалам дека иако нивната оптичка телекомуникациска мрежа од гледна точка на распростреност доцни цела деценија позади оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, сепак од гледна точка на квалитет се светлосни години пред Македонски Телеком.
Македонски Телеком гледа да штеди на материјали до максимум, па ако во една станбена зграда има да речеме 4 станови на секој кат, доволно е едно катно сандаче на секои 3 ката бидејќи во едно катно сандаче може да се поврзат максимум 12 корисници. А тоа што ќе треба да се влечка оптички кабел од секој стан до друг кат - со исклучок на становите кои се наоѓаат на истиот кат на кој е поставено сандачето - не им е гајле на Македонски Телеком, гледаат да заштедат каде можат и како можат.
Во кристално иста ситуација, А1 Телеком поставува катно сандаче буквално на секој кат, иако и тие можат да заштедат, но сепак не го прават тоа, на секој кат поставуваат катно сандаче, без разлика колку станови има на катот.
Потоа следува поврзување во катното сандаче, па поврзување надвор на уличен ормар. Повторно Македонски Телеком не гледа никаков проблем во ова, иако во пракса можат да го елиминираат уличниот ормар така што од самиот почеток ќе направат поврзување за секој стан во уличниот ормар со цел да заштедат на време.
А1 Телеком од друга страна, плаќа однапред на приватните подизведувачи за да направат поврзување во уличниот ормар за секој потенцијален иден корисник од секој стан во станбената зграда, така што откако ќе се заврши поврзувањето на катното сандаче, нема потреба од поврзување надвор на уличниот ормар, со што се заштедува време и непотребно шетање надвор во потрага по уличниот ормар - каде е наместен, од каде треба да се извади доводно оптичко влакно, каде треба да се спроведе влакното и се разбира, да се поврзат корисничкото оптичко влакно и доводното оптичко влакно.
А кога сме кај старите станбени згради, тука А1 Телеком ми делува како да му се потсмева на Македонски Телеком.
Македонски Телеком поставува канали од влезната врата на секој стан до катното сандаче, за низ истите тие канали да се спроведе оптичкиот кабел од станот до катното сандаче. А1 Телеком поставува поголеми канали - што ги прави полесни за работење, но тоа што буквално делува како потсмевање со Македонски Телеком е фактот дека во каналите поставуваат микро-црево од влезната врата на секој стан до катното сандаче, што ја олеснува работата уште повеќе.
Додека техничарите кои прават инсталации за Македонски Телеком мораат на секоја кривина каде што се спојуваат два канали да ги отвораат каналите и низ секој од тие канали да го спроведуваат оптичкиот кабел од станот до катното сандаче, техничарите на А1 Телеком буквално само го буткаат оптичкиот кабел низ микро-цревото од влезната врата на станот до катното сандаче. Доколку кабелот заглави на некоја кривина во каналот, тоа лесно се открива и лесно се решава: се отвора каналот и се олабавува микро-цревото за да продолжи да поминува оптичкиот кабел, а откако кабелот ќе стигне до катното сандаче, микро-цревото се враќа во каналот и каналот се затвора.
А1 Телеком воопшто не штедат на материјали кога станува збор за проширување на нивната оптичка телекомуникациска мрежа, е сега каков е квалитетот на нивната крајна услуга не знам, не сум корисник на нивната оптичка телекомуникациска мрежа, но дефинитивно морам да ги пофалам дека за разлика од Македонски Телеком, воопшто не ми делуваат на ситничари кога станува збор за квалитетот.