Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.795
Поени од реакции
31.739
Рамничарска земја, без електрични пумпи нема вода на некој метар повисоко... Не знам канализацијата како им функционира, и тоа може да биде лошо. Многу лошо. :unsure:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Се ближат кон Угљедар русиве, после два месеци дефанзива почнаа да напаѓаат.
Околу Бахмут исто се напредува.
Авдеевка се заобиколува.
Херсон и Лиман статус кво.
Napreduvale Rusite hah Pa tie Ugledar Avdiivka Bahmut Soledar... se gratčinja koi se naogjaat na samata frontalna linija i Rusite veke so meseci pokušavaat da gi zavzemat i seušte ne gi zavzele... Mnogu pobrzo padnaa pogolemi gradovi od ovie kako na pr. Mariupol, Severodoneck i Lisičansk !
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.795
Поени од реакции
31.739
Сега гледам дека во темава за војнава си постирал - немој те молам овде со невоени вести, ни се собираат тролови и ботови и ја уништуваат дискусијата со глупости.

Такви вести за цивилниот аспект на војната, постирај овде: https://forum.kajgana.com/threads/Пресвртница-за-Украина.71107/
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.812
Поени од реакции
4.504
Околу Т62. Во тенковски битки, T62 неможе да им мечува на западните тенкови, тоа е факт. Но Украина нема западни тенкови, а истоврмено еднакво се ранливи T62, t72 и Т80 на противтенковско оружје. Така да не гледам очај туку прагматичност.
Автоматски споено мислење:

Околу повлекувањето на Лапин. Критиката што ја трпеше Лапин беше исклучиво само околу одлуката за повлекувањето од реонот на Харкив. Според мене многу правилна одлука за место кое во моментот нема никакво стратешко значење, поготово кога со 130к (70к одмараа во моментот) се брани толкав фронт. Може и ќе го зачуваа регионот, но по која цена.
Автоматски споено мислење:

Пак за Т62. Тие што незнаат, овие тенкови се користеа во војната во Сирија, евтини се за одржување, масовно произведен тенк кој им е на располагање во големи бројки и учинковити спрема тоа што го поседува Украина. Нема логика да ги експозуваат поновите тенкови против пешадија.
видеото е копирано на точната секунда за Т-62
Сиријците со 1200 тенкови кога Т-62 беше најнов тенк - изгубија цела војна. Центурион тенкови го запреа целиот напад. Замислете што ќе се случи со 800 руски тенкови во слично сценарио но овој пат дронови и најсовремени антитенковски оружја се противник.

Генерално кога започна војната во февруари, украинците се мобилизираа три пати. Русите нападнаа со она што го имаат, двете страни се здробија едни со други, но после иницијалните напредувања на русите, снемаа резерви, што е во исто време со времето кога украинците ги обучија веќе мобилизираните војници. Затоа Украина ја превзема иницијативата, затоа Русија заглави во оправдувања која била целта на војната, бидејќи немаше со што да продолжи.
Сега кога задоцнето се мобилизираше Русија, Украина има 3-6 месеца да заврши работа со било кои воени мисии ги имаат во план. На пролет 2023, Русија полека ќе ја превзема иницијативата со бројчана надмоќ. Украина има рок до зимото да ја заврши војната на свои услови, после ќе биде доцна.

Ама тоа е многу време, и многу работи може да се сменат. Останува да видиме
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.968
Поени од реакции
9.016
Сиријците со 1200 тенкови кога Т-62 беше најнов тенк - изгубија цела војна. Центурион тенкови го запреа целиот напад. Замислете што ќе се случи со 800 руски тенкови во слично сценарио но овој пат дронови и најсовремени антитенковски оружја се противник.
Јорданците беа наоружани со со Амерички тенкови па пројдоа ко боси по трње. Саудијците се наоружани со Абрамси, Апачи, Ф-15 и дронови па ги шамараат Хути во папучи кои сеуште користат Т-34.

Веќе дискутиравме за Арапите и модерната војна но секако Т-62 нема што да бара на модерно бојиште. Мислев дека ќе бидат во позадина со ЛНР/ДНР но еве ги има и на фронт.

Ако добро разбрав 800 ќе бидат “модернизирани“ но во следните 3 - 4 години, стварно не ми е јасно што им е намерата. Можеби ќе видиме дуел Т-62 против Леопард 1............
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.619
Поени од реакции
40.658
800 тенкови од различни типови, не само Т-62 ќе бидат модернизирани.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.845
Поени од реакции
26.433
видеото е копирано на точната секунда за Т-62
Сиријците со 1200 тенкови кога Т-62 беше најнов тенк - изгубија цела војна. Центурион тенкови го запреа целиот напад. Замислете што ќе се случи со 800 руски тенкови во слично сценарио но овој пат дронови и најсовремени антитенковски оружја се противник.
Yom Kippur има да се коментира многу и од доста аспекти. Меѓутоа многу малку улога имаат предностите и мааните на оружјата во оваа војна, кога ќе ја гледаш војната во целост. Многу малку фалело да го снема Израел во оваа војна, само една добра идеја на Ариел Шарон ги спасила Израелците од катастрофа. Оружјето не ја добива секогаш војната, поготово ако си во трка со време, како што се и шестдневната војна и Yom Kippur. Војната во Украина е сосема поинаков тип на војна. Советот на безбеденост на ОН нема да ја запре Русија во своите намери, па така збориме за сосема друг вид на акција. Прво и самите Совети на инсистирањето на Сирија да се купат голем број на тенкови и друго вооружување, коментираат дека нема време Сириската армија да се обучи за тие оружја. Исто така треба да си свесен дека од таа војна потекнува она што во Израел е познато во бизнисот „синдром на Сиријски офицер“, кога во повисокиот ланец на команда Сиријците добиваат погрешни информации од своите офицери на терен, кои се плашат да не бидат казнети и со тоа се даваат команди во сосема погрешен правец. Во Израел ова го сметаат за најголема причина за поразот на Сирија.

Тенковите како што кажав, не се лоши сами по себе, за моменталната намена што ја имаат. Русија не се соочува со Абрамси и Леопарди. А од друга страна нивната ранливост на рачните системи е иста како и најновите тенкови, а и да не е. Зошто да се експозуваат новите тенкови за да западот ги изучува нивните предности и маани на военото поле, кога веќе постојат иљадници вакви тенкови кои можат брзо да се надградат со некои помодерни гаџети. Јас дури и си мислам дека ако веќе не успеале, во брзо време ќе ги направат да бидат управувани од далеку.

Генерално кога започна војната во февруари, украинците се мобилизираа три пати. Русите нападнаа со она што го имаат, двете страни се здробија едни со други, но после иницијалните напредувања на русите, снемаа резерви, што е во исто време со времето кога украинците ги обучија веќе мобилизираните војници. Затоа Украина ја превзема иницијативата, затоа Русија заглави во оправдувања која била целта на војната, бидејќи немаше со што да продолжи.
Сега кога задоцнето се мобилизираше Русија, Украина има 3-6 месеца да заврши работа со било кои воени мисии ги имаат во план. На пролет 2023, Русија полека ќе ја превзема иницијативата со бројчана надмоќ. Украина има рок до зимото да ја заврши војната на свои услови, после ќе биде доцна.

Ама тоа е многу време, и многу работи може да се сменат. Останува да видиме
Од февруари, до сега Украинците имаа 8 бранови на мобилизација. Последниот се најави сега, пред 5-6 дена. Русите не нападнаа со она што имаат, туку нападнаа со 160К воени сили кои легално-правно можеа да се искористат за оваа операција. На нив им се приклучија и веќе активните војски на ЛПР и ДНР. Значи збориме за бројчана надмоќност на Украина во првиот момент од 4:1, а набргу после мобилизациите и можеби 6:1. И таа бројчана надмоќност ја имаа се додека не дојдоа најновите 80К од новата мобилизација, додека 260К се сеуште на полигоните на тренинг.

Тоа што изгледа дека Русија заглавила во оправдувања на целта на војната е извртување на наратив, кој ако примеќаш во другата тема, многу лесно може да се наметне, поготово во денешно време на глобализација. Русија нема проблем, ниту потреба да ги правда своите акции, повеќе него ли што и треба за внатре. А со оглед на тоа што се случува во светот и на општото кенселирање на Русите, може да се каже дека Путин има многу лесна улога внатре во Русија. Што и да каже надвор, може да биде мисинтерпретирано, како што уствари се прави. На запад се анализира секоја точка и запирка на неговото обраќање и се прават сепуку анализи, што уствари сакал да каже.

И точна ти е констатацијата, Русија после протетната распутица во Јуни-Јули заглави (намерно или не, неважно), неможеше со тие сили што ги имаше да продолжи напред. Војската си го бараше заслужениот одмор, и почна на смените за одмор да се повлекува повеќе од предвидуваното.

Од друга страна, Украина (сад/британија) ја спремаа Украинската војска за молскавична контраофанзива, каква што уствари видовме. Дали прво беа проби кај Керсон или беа неуспешни пробиви незнам, но во моментот кога почна да се собира војска на правецот на Харкив, веќе беше јасно. Јас уште тогаш кажав дека Харкив ќе оди јабана, ќе мора да го жртвуваат за да можат да го стабилизираат остатокот на фронтот. Според мене, дури и да немаше војска пуштена на одмор, за да го задржат Харков ќе дадеа многу жртви, пошто како што гледаме, никаква одбрана не била организирана таму. Па затоа едноставно Лапин дал наредба да се повлечат од Харков, и повлекувањето започнало неколку дена пред да почне нападот. Ако ти текнува во Балаклија имаше отпор, како што читав (може не е вистина), офицерот што бил одговорен за Балаклија одбил наредба да се повлече. Но многу веројатно е да не е ова вистина пошто во повлекување, мора да има сили кои ја бранат отстапницата (Нели попут Питу Гули на Мечкин Камен).

Е сега многу погрешно мислење е дека Украина ја превземала иницијативата. Да превземеш иницијатива, значи да си ги разбил непријателските редови до точка да имаш непрестаен напредок. На пример во Yom Kippur на Синајскиот фронт, превземање иницијатива се случи, кога единиците на Ариел Шарон, тотално ја пресекоа логистиката, навлегоа во Египетска територија, ги уништија ПВО батериите, и ги превземаа сите аеродроми. Тогаш така оставена главнината на Египетската армија, беше подложна на систематско уништување од страна на Изреалеска авијација, пред да биде нападната од копнени сили и целосно поразена речиси без борба (толку од надмоќта на тенковите).

Додека ако ја гледаш Украинската офанзива, заврши со најнов бран мобилизација. Ниту пресекле некаква артерија на Русите, ниту им го загрозиле ПВО-то ниту пак логистиката. Ниту пак гледам некаков тактички концепт во нивната офанзива (можеби е сеуште рано да го видам). Све тоа ме наведува дека Офанзивата во Харкив повеќе имаше ПР карактер, за да се искористи вакумот што го оставија Русите и чисто да се искористи (што е доста валидно и и јас така би изиграл). Или со една реченица „дај шта даш“. Нема тука превземање иницијатива, подалеку од медиумската иницијатива.

Од друга страна, што доби Русија со ова, а што изгуби. Изгуби територија која и не беше од некаква стратешка важност во дадениот момент. Но доби причина да се вклучи повеќе во војнава, 4те територии набрзинка изгласаа дека сакаат да бидат во Русија, и со тоа станаа Руска територија. Од легално правен аспект, Путин дома доби инструмент да го зголеми влогот во овие 4 области, а офанзивната главнина да ја насочи кон остатокот на Украина.

Кога ќе ја видиш поголемата слика, колку и да неќат некои луѓе да признаат, Европа крвари од оваа војна. Колку и да се чини стабилна поддршката на Украина, све повеќе и повеќе излегуваат да протестираат низ Европа. Колку Игорче да се прави силен и колку Едо да вика дека Европа ако треба ќе гладува за Украина, све си има свои граници. Кога ќе споредиме колку влијае оваа војна во Европа, а колку во Русија, тоа е речиси неспоредливо. Пази ја не викам дека во Русија е поубаво во моментов од Европа и дека луѓето имаат поголем стандард, но на кратко, стандарод во Европа паѓа многу повеќе одколку што паѓа во Русија.

Ако мислиш дека на Русија и одговара брза завршница на војнава, мислам дека гадно се лажеш. Не знам какви се загубите на Русија во војнава, но верувам дека се вртат околу 10К, и дека се далеку од она што сака да се покаже на запад. Што е најважно, ако ги изземеме нервозните низ социјалните мрежи, единствена нервозна реакција во државниот врв, беше критицизмот врз Лапин, кој според мене е сосема неоправдан. И мислам дека Кадиров ќе го увиди тоа во Украинската офанзива на Керсон (веќе почна да го увидува). Кога ќе размислиш малце, дури и да не напредува територијално Русија од овој момент, може да ја добие војната ако Украина инсистира да го освои Керсон. Добар пример за таков пораз ти е првата војна во Нагорно Карабах, кога со непрекината тотална офанзива Азерите успеаја да си ја колабрираат сопствената армија.

Така да јас не гледам сценарио, каде што Украина ќе преговара до зимово и ќе ја заврши војната на свои услови, тоа е тешка делузија. Кои се поволни услови за Украина?
Прво и основно 4те нови области се нешто што нема да го вклучат Русите во преговори, тоа е минато свршено време. Второ, не постои никоја политичка структура на моќ во Украина кој ќе прифати нешто помалце од Крим во нејзини граници, камо ли новите територии. Така да ако денешното раковдство на двете држави се договори да преговара на граница, Едните ќе отидат во Черкези, другите во Сталинград, кој е во делузија, одлучи самиот.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Yom Kippur има да се коментира многу и од доста аспекти. Меѓутоа многу малку улога имаат предностите и мааните на оружјата во оваа војна, кога ќе ја гледаш војната во целост. Многу малку фалело да го снема Израел во оваа војна, само една добра идеја на Ариел Шарон ги спасила Израелците од катастрофа. Оружјето не ја добива секогаш војната, поготово ако си во трка со време, како што се и шестдневната војна и Yom Kippur. Војната во Украина е сосема поинаков тип на војна. Советот на безбеденост на ОН нема да ја запре Русија во своите намери, па така збориме за сосема друг вид на акција. Прво и самите Совети на инсистирањето на Сирија да се купат голем број на тенкови и друго вооружување, коментираат дека нема време Сириската армија да се обучи за тие оружја. Исто така треба да си свесен дека од таа војна потекнува она што во Израел е познато во бизнисот „синдром на Сиријски офицер“, кога во повисокиот ланец на команда Сиријците добиваат погрешни информации од своите офицери на терен, кои се плашат да не бидат казнети и со тоа се даваат команди во сосема погрешен правец. Во Израел ова го сметаат за најголема причина за поразот на Сирија.

Тенковите како што кажав, не се лоши сами по себе, за моменталната намена што ја имаат. Русија не се соочува со Абрамси и Леопарди. А од друга страна нивната ранливост на рачните системи е иста како и најновите тенкови, а и да не е. Зошто да се експозуваат новите тенкови за да западот ги изучува нивните предности и маани на военото поле, кога веќе постојат иљадници вакви тенкови кои можат брзо да се надградат со некои помодерни гаџети. Јас дури и си мислам дека ако веќе не успеале, во брзо време ќе ги направат да бидат управувани од далеку.


Од февруари, до сега Украинците имаа 8 бранови на мобилизација. Последниот се најави сега, пред 5-6 дена. Русите не нападнаа со она што имаат, туку нападнаа со 160К воени сили кои легално-правно можеа да се искористат за оваа операција. На нив им се приклучија и веќе активните војски на ЛПР и ДНР. Значи збориме за бројчана надмоќност на Украина во првиот момент од 4:1, а набргу после мобилизациите и можеби 6:1. И таа бројчана надмоќност ја имаа се додека не дојдоа најновите 80К од новата мобилизација, додека 260К се сеуште на полигоните на тренинг.

Тоа што изгледа дека Русија заглавила во оправдувања на целта на војната е извртување на наратив, кој ако примеќаш во другата тема, многу лесно може да се наметне, поготово во денешно време на глобализација. Русија нема проблем, ниту потреба да ги правда своите акции, повеќе него ли што и треба за внатре. А со оглед на тоа што се случува во светот и на општото кенселирање на Русите, може да се каже дека Путин има многу лесна улога внатре во Русија. Што и да каже надвор, може да биде мисинтерпретирано, како што уствари се прави. На запад се анализира секоја точка и запирка на неговото обраќање и се прават сепуку анализи, што уствари сакал да каже.

И точна ти е констатацијата, Русија после протетната распутица во Јуни-Јули заглави (намерно или не, неважно), неможеше со тие сили што ги имаше да продолжи напред. Војската си го бараше заслужениот одмор, и почна на смените за одмор да се повлекува повеќе од предвидуваното.

Од друга страна, Украина (сад/британија) ја спремаа Украинската војска за молскавична контраофанзива, каква што уствари видовме. Дали прво беа проби кај Керсон или беа неуспешни пробиви незнам, но во моментот кога почна да се собира војска на правецот на Харкив, веќе беше јасно. Јас уште тогаш кажав дека Харкив ќе оди јабана, ќе мора да го жртвуваат за да можат да го стабилизираат остатокот на фронтот. Според мене, дури и да немаше војска пуштена на одмор, за да го задржат Харков ќе дадеа многу жртви, пошто како што гледаме, никаква одбрана не била организирана таму. Па затоа едноставно Лапин дал наредба да се повлечат од Харков, и повлекувањето започнало неколку дена пред да почне нападот. Ако ти текнува во Балаклија имаше отпор, како што читав (може не е вистина), офицерот што бил одговорен за Балаклија одбил наредба да се повлече. Но многу веројатно е да не е ова вистина пошто во повлекување, мора да има сили кои ја бранат отстапницата (Нели попут Питу Гули на Мечкин Камен).

Е сега многу погрешно мислење е дека Украина ја превземала иницијативата. Да превземеш иницијатива, значи да си ги разбил непријателските редови до точка да имаш непрестаен напредок. На пример во Yom Kippur на Синајскиот фронт, превземање иницијатива се случи, кога единиците на Ариел Шарон, тотално ја пресекоа логистиката, навлегоа во Египетска територија, ги уништија ПВО батериите, и ги превземаа сите аеродроми. Тогаш така оставена главнината на Египетската армија, беше подложна на систематско уништување од страна на Изреалеска авијација, пред да биде нападната од копнени сили и целосно поразена речиси без борба (толку од надмоќта на тенковите).

Додека ако ја гледаш Украинската офанзива, заврши со најнов бран мобилизација. Ниту пресекле некаква артерија на Русите, ниту им го загрозиле ПВО-то ниту пак логистиката. Ниту пак гледам некаков тактички концепт во нивната офанзива (можеби е сеуште рано да го видам). Све тоа ме наведува дека Офанзивата во Харкив повеќе имаше ПР карактер, за да се искористи вакумот што го оставија Русите и чисто да се искористи (што е доста валидно и и јас така би изиграл). Или со една реченица „дај шта даш“. Нема тука превземање иницијатива, подалеку од медиумската иницијатива.

Од друга страна, што доби Русија со ова, а што изгуби. Изгуби територија која и не беше од некаква стратешка важност во дадениот момент. Но доби причина да се вклучи повеќе во војнава, 4те територии набрзинка изгласаа дека сакаат да бидат во Русија, и со тоа станаа Руска територија. Од легално правен аспект, Путин дома доби инструмент да го зголеми влогот во овие 4 области, а офанзивната главнина да ја насочи кон остатокот на Украина.

Кога ќе ја видиш поголемата слика, колку и да неќат некои луѓе да признаат, Европа крвари од оваа војна. Колку и да се чини стабилна поддршката на Украина, све повеќе и повеќе излегуваат да протестираат низ Европа. Колку Игорче да се прави силен и колку Едо да вика дека Европа ако треба ќе гладува за Украина, све си има свои граници. Кога ќе споредиме колку влијае оваа војна во Европа, а колку во Русија, тоа е речиси неспоредливо. Пази ја не викам дека во Русија е поубаво во моментов од Европа и дека луѓето имаат поголем стандард, но на кратко, стандарод во Европа паѓа многу повеќе одколку што паѓа во Русија.

Ако мислиш дека на Русија и одговара брза завршница на војнава, мислам дека гадно се лажеш. Не знам какви се загубите на Русија во војнава, но верувам дека се вртат околу 10К, и дека се далеку од она што сака да се покаже на запад. Што е најважно, ако ги изземеме нервозните низ социјалните мрежи, единствена нервозна реакција во државниот врв, беше критицизмот врз Лапин, кој според мене е сосема неоправдан. И мислам дека Кадиров ќе го увиди тоа во Украинската офанзива на Керсон (веќе почна да го увидува). Кога ќе размислиш малце, дури и да не напредува територијално Русија од овој момент, може да ја добие војната ако Украина инсистира да го освои Керсон. Добар пример за таков пораз ти е првата војна во Нагорно Карабах, кога со непрекината тотална офанзива Азерите успеаја да си ја колабрираат сопствената армија.

Така да јас не гледам сценарио, каде што Украина ќе преговара до зимово и ќе ја заврши војната на свои услови, тоа е тешка делузија. Кои се поволни услови за Украина?
Прво и основно 4те нови области се нешто што нема да го вклучат Русите во преговори, тоа е минато свршено време. Второ, не постои никоја политичка структура на моќ во Украина кој ќе прифати нешто помалце од Крим во нејзини граници, камо ли новите територии. Така да ако денешното раковдство на двете држави се договори да преговара на граница, Едните ќе отидат во Черкези, другите во Сталинград, кој е во делузија, одлучи самиот.
Јамајка зашто бе вака не скокате за Косово да е независно од Србија ?
Западна Македонија да се приклучи на Шќиперија


Не сфаќаш дека ова што го прави Русија е истото што го напраив Косово на Србија ?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.251
Поени од реакции
21.996
Не сфаќаш дека ова што го прави Русија е истото што го напраив Косово на Србија ?
Ne be druze ti ne sfakjas deka istoto sto go napravi SAD i NATO na Kosovo , sega go pravi Rusija.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.845
Поени од реакции
26.433
Јамајка зашто бе вака не скокате за Косово да е независно од Србија ?
Западна Македонија да се приклучи на Шќиперија


Не сфаќаш дека ова што го прави Русија е истото што го напраив Косово на Србија ?
ООООО виљушкар, кажувам мислење не скокам. Ако сакаш да кажам мислење за Косово, отвори тема, ако имам да кажам нешто ќе кажам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom