Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Што ги рчна Канје трговците толку, сакаат да го канселираат.
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.447
Поени од реакции
4.203
Имам изгледано 10-тиви дебати, што од домашната што од странската, политичка сцена, но никогаш не сум видел ништо политички побрутално од она што му го направи Оз на Фетерман. Буквално политичко силување кое ќе направи раздор меѓу демократското политичко тело и водството на Фетерман, од 8%, за неколку недели се стопи на 1%. По оваа дебата ќе го загуби и тоа. Буквално беше боксерска вреќа. Одговори само на неколку прашања, во неколку наврати му требаа 10-тина секунди да ги разбере прашањата (има проблем со перцепцијата, па при дебатата се користеше идиот и од него ги читаше прашањата) и само на 2-3 одговори многу директно.

Оз не е добар кандидат. Не е политичар, не знае како да ги изврти прашањата во своја полза, но ги презентираше клучните политички слабости на Фетерман, за економијата, инфлацијата и справувањето со криминалот. Тука е и проблемот со илегалната миграција.

Дури демократите се радикализираа и за прашањето за абортусот. Сакаат федерален закон кој ќе го забрани секое ограничување се до денот на раѓањето на детето. Грем, во сенатот, предложи федерална забрана после 15-тата недела, нешто кое многу тешко дека ќе помине, со оглед на тоа дека демократите се веќе радикализирани, со исклучок на Менчин, кој гласаше со републиканците за федералната дозвола, и кај одредени републикански сенатори каде во своите држави имаат или забрана или ограничување со "законот за срцебиењето", или како што е во држави како Флорида до 15-тата недела од бременоста.

Работите на терен не стојат добро за демократите, ќе имаат околу 20 гувернери, ќе имаат околу 200 конгресмени и 48-50 сенатори. Претставникот дом, повеќе е од веројатно, дека ќе го загубат. Сенатот може да го задржат ако Фетерман го сочува водството во Пенсилванија и ќе имаат 50 сенатори, плус гласот на Камала. Имаат шанса и во Невада, каде нивниот сенатор речиси и да ги загуби шансите за нов мандат. Сликата не е сјајна ни при предвременото гласање. Ако нема поголеми изненадувања, макс ќе имаат 50 сенатори.

Од друга страна, републиканците, покрај Пенсилванија, имаат шанса и во Џорџија, каде демократскиот сенатор е под 1% во предност. Тука треба да се напомене дека ако ниту еден од кандидатите не освои 50% од гласовите, во декември има специјални избори само за најдобрите два кандидати каде победникот на тие избори ќе стане сенатор.

Текно е и во Аризона, но мислам дека демократите, овој пат, ќе го сочуваат сенаторското место.

Интересна беше и сенаторската дебата во Џорџија, само нема да ја анализирам истата. Вокер, ако го мобилизира гласачкото тело може да победи на специјалните избори. Во Џорџија, републиканците, ќе го сочуваат гувернерскоро место што значи крај на приказната за Стејси.

Сума сумарум, Џо не може да се пофали со ниту еден политички успех. Ковид пандемијата, која ја прогласи за завршена, а вчера ја прими својата 5-та доза, беше единствената светла точка од каде ја влечеше својата сегменциона популарност. На сите останати ставки, Џо, е под вода, вклучувајќи ги и инфлацијата, економијата, цената на нафтата, миграцијата и криминалот. Ако републиканците го освојат Сенатот, а според проекциите, ќе имаат околу 230 конгресмени во Претставничкиот дом, може да се зборуваме со радикалната агенда на демократите и коненчко мнозинство на Републиканската партија која ќе сочува дел од конзервативните вредности.

Треба да се дочисти шлаемот, посебно онаа која доаѓа од Алјаска, и пар конгресмени кои политички премногу вагаат, но се на се, ова треба да се солидни избори за републиканците кои имаат шанса и во Орегон и Мичиген, на изборите за гувернери! Проблемот, во сите држави со сите гувернери, е стапката на криминал. Решението за криминалот е ослободување на 1/3 од затворениците, слободна миграција со отворени граници и легализација на сите наркотични дроги! Да беа присебни, можеа многу лесно, па дури и прелесно да го задржат Сенатот, пред се на прашањата за огненото оружје. Но дозволија републиканците да ги бираат темите, кои се слаби точки не само во американското општество, туку и глобално.

Дали Трамп има вина за сегашната инфлација во САД? Да, презентирај ги аргументите. Дали сопките на Републиканската партија околу регулативите за огненото оружје имаат вина во стапката на криминал и убиства? Презентирај ги аргументите. Убеди го гласачкото тело дека си во право. Не се брани, туку напаѓај.

И кога сум на темава, прашањето за абортусот спласна. Федерално се затворија 50-тина клиники за убивање на бебиња, 10-тици држави имаат забрана или веќе имплентираа извесни ограничувања, нешто слично скоро очекувам и во Канзас, кој имаше лошо референдумско прашање кое помина неславно. Прашањето беше за уставен амандман за целосна забрана без исклучоци! Глупаво формулирано прашање. Така не се издвојуваат политички победи. Почни од извесно ограничување, вака немаш ништо. И да, сега ќе има црвен гувернер, очекувам извесни ограничувања во една од најцрвените држави во САД. Само ќе беше подруго ако зад себе ја имаше, како аргумент, народната волја.

И кога сум на темава, Кери Лејк е оган! Досега невиден политички борец. :love:
ti za demokratite ili za republikancite si?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.731
Поени од реакции
33.980
Каков NPC лик е овој Фетерман, божее од кај ги наоѓаат овие?
Не знам кој го ставил кандидат и го пуштил на дебата кога имал неколку мозочни удари во Мај. Тоа ваљда е некоја шема на демократите во САД, ставање на здравствено неподобни на државни функции... Мислам погледни го Брендон, половина од времето не знае каде се наоѓа и некој треба да верува дека баш тој ја води целата држава.

















 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.778
Поени од реакции
39.857
Не знам кој го ставил кандидат и го пуштил на дебата кога имал неколку мозочни удари во Мај. Тоа ваљда е некоја шема на демократите во САД, ставање на здравствено неподобни на државни функции... Мислам погледни го Брендон, половина од времето не знае каде се наоѓа и некој треба да верува дека баш тој ја води целата држава.
Греота е да се гледа чоеков како се мачи, од друга страна, убаво пишале, ако не е добар што сам се бута таму само за моќ и пари.

Најсмешното е што ќе има луѓе и ќе го гласаат, исто како што го гласаа сенилниот дедо Џо. Не знае кај тера тој 90% од времето.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Кога ќе влезат во нивните куќи, тоа е криминал, а кога ќе влезат во куќите на нивните политички противници луѓето биле гневни. Мех.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.407
Кога ќе влезат во нивните куќи, тоа е криминал, а кога ќе влезат во куќите на нивните политички противници луѓето биле гневни. Мех.
Динду?

Или друг персон оф колор?

Или е МАГА?
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.886
Поени од реакции
12.993
Твитер фелата малце како потресено звучат :pos:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.731
Поени од реакции
33.980

Кинеска клетва да не ја фатило, изгледа пациентот прописно ги исчекичал со чекан кој патем го земал од мажот на Ненси, демек ќе се бранел... Замисли да имале макер еден револвер дома, ако не и сачамара или AR-15. Ама сега барем нема да ги рендаат по интернет како едно зборат а друго прават по дома (иако ова дефакто е поента за потребата од оружје за самоодбрана).
Автоматски споено мислење:


 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.731
Поени од реакции
33.980
Кул музики пуштаат на клиповиве со Брендон. :D
Автоматски споено мислење:

Во меѓувреме:

 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Да мењаме доларите за злато у курац.
Во нафта :D

Немаат гајле, ќе ја заплескаат Саудиска Арабија и ќе им пушти нафта, а голема е шансата и да се закачат и со Иран, онака една мирољубива и морално исправна воена интервенција :love:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Во нафта :D

Немаат гајле, ќе ја заплескаат Саудиска Арабија и ќе им пушти нафта, а голема е шансата и да се закачат и со Иран, онака една мирољубива и морално исправна воена интервенција :love:
Не верувам дека можат да си приуштат воена интервенција со Иран. И башка, како што вика Такер 25 дена се во прашање, премалце е... ќе мора да крпат. Друга работа ме мачи, толкава моќ во рацете на овие луѓе е со други зборови идиократија. Замисли го само светот ако САД колабрира :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Не верувам дека можат да си приуштат воена интервенција со Иран. И башка, како што вика Такер 25 дена се во прашање, премалце е... ќе мора да крпат. Друга работа ме мачи, толкава моќ во рацете на овие луѓе е со други зборови идиократија. Замисли го само светот ако САД колабрира :)
Немаат гајле, пак ќе повторам, чисто на пријателска база ќе бомбардираат некој што може да им пушти дизел, ете им ја Венецуела ако затреба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom