Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.818
Поени од реакции
9.787
Чист пенал не досуди за Њукасл, следен напад Тотенхем гол, за кој кур воопшто постои вар? :D
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.730
Поени од реакции
12.767
Чист пенал не досуди за Њукасл, следен напад Тотенхем гол, за кој кур воопшто постои вар? :D
Колку и да сакам да губат Тотенхем, до сеа едина грешка што направи е што не го судеше фаулот над Сон пред неколку минути.

Тој пенал има неколку слични ситуации сезонава, не ги свират.
За голот на Кејн, дури и да имаше допир од, мислам дека беше Емерсон, не смени ништо во движењето на топката.

Така да, голот си е регуларен, судењето си е ок.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.362
Поени од реакции
5.489
Во лигава уште и Њукасл фалеше, пола мечеви се дербиња веќе.

Нукасл уште во прва сезона се издигна, а уште милионите не почнаа да ги фрлат.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.781
Поени од реакции
10.089
Овој Конте го преценив мислев 2 години ќе издржи ама изгледа тешко да се оствари тоа.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Две фантастични трансформации вредни и те како за споменување. Кредит за Хау и Лампард

Првата, Џоелинтон. Од напаѓач во Хофенхајм и напаѓач во Њукасл, Хау го претвори во играч од средина и одлично ги искористи неговите физички предности. Човеков игра одлично. Денес имаше една ситуација, контра на Тотенхем, Сон ита кон голот, овој се врати 70 метри и му ја одзеде топката. Бокс ту бокс пар екселанс во моментов.

Втората, Ивоби. Исто така од напаѓач во Арсенал, Нигерија и Евертон, Лампард малку по малку го претвори во офанзивен играч од средина на терен. Еден од најдобрите поединци на Евертон и сезонава и од при крајот на ланската. Вистинско освежување.

Многу потценет сегмент во носењето на оценка за работата на некој тренер. Има нешто и помеѓу трофеите и големите победи.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.076
Поени од реакции
7.163
Очекувам подобар мандат од периодот во Арсенал и да им крати поени на топ 6 тимовите. Во Арсенал го наследи најлошиот состав што сме го имале од поновата ера, а трансферите што се правеа во тој период не беа по негова мерка.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.775
Како не беше поништен првиот гол на Вест Хем? Освен дека си играат мајтап со Вар-от во лигава, друго објаснување немам.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.867
Поени од реакции
67.418
Челси ко на пијанка да биле синоќа... не верував дека некогаш ке го пишам ова, ама 3-0 ке беше до 5-та минута да го немаа Тиаго Силва.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Челси ко на пијанка да биле синоќа... не верував дека некогаш ке го пишам ова, ама 3-0 ке беше до 5-та минута да го немаа Тиаго Силва.
Не дека сега е нешто боље, па уште не се искористуваат и тие добри акции што ги прават.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.423
Поени од реакции
38.994
Челси ко на пијанка да биле синоќа... не верував дека некогаш ке го пишам ова, ама 3-0 ке беше до 5-та минута да го немаа Тиаго Силва.
Среќа го имаат Тиаго Силва па 3-0 е до 45та. :pos::pos::pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom