Нема неисплатливо, метата што ја гаѓаат вреди многу повеќе од ракетата од ПВО, секоја воздушна закана мора да се пресретни.
Интересно е што дронов е прилично ефтин (веројатно една крстосувачка ракета вреди најмалку 50 дронови), има огромен досег, носи солидно полнење и за земји поголеми од Израел е скоро невозможно да се одбраниш од овие. Од 50 дронови, 45 да бидат пресретнати, тие останатите 5 ќе ја завршат работата.
Претпоставувам дека на една мета пуштаат повеќе дронови.
Настрана фактот што покрај нападот вршат уште 2 работи, трошат драгоцени ресурси од ПВО (тоа што викаш, проектил од ПВО вреди неколкукратно повеќе од дронот, а често пати за една мета требаат повеќе од еден проектил) и ја откриваат локацијата на ПВО, што значи дека може веднаш да биде гаѓана од други понапредни системи.
Единствено решение за ова е попречување на сателитски комуникации (веројатно користи сателити за да стигни до метата), технологија што ја има само Русија и уште 1-2 земји.