Можно е, ама сепак зависи од личноста на детето и од воспитување. Јас од личен пример можам да кажам, ми давале да повозам по малце од време на време, мада и никогаш не ми било нешто многу мерак за коли. Фрката беше што ги молев цело време мотор да ми купат, а они хардкор мрзачи на мотори. Ајде нема врска, на 19 години собрав пари си купив априлија, и буквално возев како идиот. Муабетот ми е дека мислам дека ако ми земеле некое моторче ќе сум се оладел малце, вака сум собрал пари ќе правам што сакам. Траеше тоа неколку месеци, после еден куп ситуации (најчесто не по моја вина), сфатив колку е заебано да возиш скутер низ град, почнав пополека да возам нормално. Сега возам поголем мотор, и мислам дека сум најкоректен што можам. Затоа се е до личноста.