FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
49. Montevideo, God Bless You! / Монтевидео, Бог те видео! (2010)

1665088296811.png

и

50. See You in Montevideo / Монтевидео, видимо се! (2014)

1665088368800.png

Два потполно различни, дијаметрално спротивни филмови. Првиот беше nice watch. Очекував многу помалку, па дури изненадувачки за мене - уживав во филмот. И морам да кажам: Тамара Драгичевиќ е бонбонче најубаво на свет! :love: Вториот беше тотален хаос. Многу лошо напишан, ликовите не знаат кај тераат, сцената со киднапирањето и спасувањето на Тирке од кај Уругвајците беше невиден кринџ. А да не зборам за репликите... Очај!

„Чекај, Долорес. Те сакам.“
„Добро, ќе дојдам со тебе.“ :tapp:

Имаше сцени во првиот натпревар, со Бразил, и една - две во последниот, со Уругвај, веројатно снимени со некаков дрон, кои личеа ко да гледам PES, а не филм. Ужас. Невиден хаос е филмот. Сакав 3/10 да му дадам, ама она на крајот од филмот, сцената со камеото на Драган Бјелогрлиќ малку ме купи, па една оценка погоре, 4/10 за вториот. Првиот 8/10, навистина беше изненадувачки добар.

Ама, ова може ќе биде непопуларно мислење: го немам гледано Милош Биковиќ во тие Јужни ветришта и што ти знам што, ова ми се првите 2 филма со него, ама навистина не знам зошто толку е фален. Ако за ова што го видов а во кое ни г од глума немаше го прават актериште (пошто нон стоп читам за него за не знам какви успеси), тогаш е најпреценетиот српски актер ever. Не може со една facial expression на неразбран бунтовник да се профура во двата филма и притоа тоа да биде окарактеризирано како добра глума. Барем кај мене воопшто не запали, и беше единствен кој отскокнуваше со лошата глума - во двата филма. Многу лош актер!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Овие изгледа ги немам гледано ама серијата Монтевидео е супер. Мене малце ме замараше што многу лошо играа фудбал дечкиве, апла се приметуваше кај некои од нив дека немаат поима ни од основно шутирање на топка. Можеле да потренираат малце поише.

Нина Јанковиќ е прејака пичка.

Иначе за Биковиќ и ја се слагам дека е малце преценет, нешо го гураат ко предвовник на новиот бран српски актери ама е далеку од онаа класа на Бјела и Којо.

Го иам гледано тој Јужни Ветар филмот, исти кур е и таму, тотално без харизма. Овие постариве коа глумеа криимналци и гангстери имаа поише стил и поголеми фаци беа. Овој е баш мафијаш шминкер.

Иначе Лајање на звезде, ако добро имам запамтено, е единствен југословенски филм каде нема ниту една пцовка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
И филмовите се топ.
Монтевидео 2 го гледав и во кино.

Знае Бјела како да те фати на емоција бре. Гледаш фудбал на огромно платно и навиваш за Југославија ко да си на стадион и да ги гледаш во живо. Тоа со киднапирањето е најнебитна ствар у цел филм. :D

Сега Бјела го снима Ланчана реакција за некоја несреќа при работа на нуклеарно оружје во Југославија. Тоа треба да биде јако кога ќе излезе наредна година.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
Тоа со киднапирањето е најнебитна ствар у цел филм. :D
Не е само киднапирањето. Пишувањето, бр.1 проблем. Репликите се ко да ги пишувал осмоодделенец. Споделив погоре еден пример. Сцените снимени со дрон ужасни. Глумата, особено на Биковиќ - катастрофална. Историските неточности не ги ни спомнувам, сепак е ова фикција инспирирана од вистински настани. Ако ги гледаш еден по друг двата ќе го забележиш огромниот пад во квалитет, на секое поле.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Не е само киднапирањето. Пишувањето, бр.1 проблем. Репликите се ко да ги пишувал осмоодделенец. Споделив погоре еден пример. Сцените снимени со дрон ужасни. Глумата, особено на Биковиќ - катастрофална. Историските неточности не ги ни спомнувам, сепак е ова фикција инспирирана од вистински настани. Ако ги гледаш еден по друг двата ќе го забележиш огромниот пад во квалитет, на секое поле.
Прво го гледав 2 дел во кино, па после 1 дел дома. :D

Можда е треш али ми лајк ит емоушнл треш. :гик:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
51. The Elusive Summer of ’68 / Varljivo leto '68 (1984)

1665138110340.png

Филм од годината во која сум роден, и нормално - нема промашување. :D Озбилно, уживав во филмов! Уште една одлична coming of age драма, овојпат за матурантот Петар (Славко Штимац), син на окружниот судија кој ни една особина не презел од татко му, ама затоа е плукнат на дедо! Татко му Веселин (Данило Бата Стојковиќ) одглуми за Оскар! Мислам дека цел филм го носеше на плеќи. Каков лик! :pos: А малиов полн со тестостерон, се пушташе на се женско што ќе поминеше покрај него. По малку манијачки делуваше, ама јако е зашто го полудуваше татко му. Убав филм, убава глума, прекрасна сценографија и костими, убава музика, убави цицки... Што повеќе е потребно за уживање? 9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
52. Three / Tri (1965)

1665148536986.png

Еден од шесте југословенски филмови номинирани за Оскар за најдобар странски, и еден од двата такви на Александар Петровиќ. (Два од филмовите ги гледав кога бевме во Хрватска, ова е третиот, а остануваат уште три). Насловот е всушност показател за тоа што гледаме во филмот: еден лик, но од три перспективи, три приказни во кој тој има три различни улоги, а сепак сите три завршуваат трагично: некоја личност кон која тој чувствува нешто, љубов, приврзаност или емпатија - умира. Филмов како да прикажува три лица на војната, во три периоди од нејзиниот тек. Во првата перспектива ликот Милош Бојаниќ (Бата Живојиновиќ) е сведок, во втората перспектива е жртва, а во третата - агресор. Исходот од секоја од неговите три улоги е ист, како што реков. Убава замисла, навистина убава концепција на филмот. Ми се допадна тоа што камерата раскажува повеќе отколку што ликовите се впуштаат во непотребни дијалози, снимката која ја гледав беше стакло, иако е филм од 1965 (еден од најпознатите филмови на тн. српски „Црн бран“, и прогласен за четврт најдобар српски филм на сите времиња, заштитен како културно наследство од големо значење за српскиот народ). Глумата е извонредна, тоа се разбира, феноменално режиран, сосема заслужена е номинацијата за Оскар. Но морам да признаам дека малку ме разочара недостигот на емоција. Освен во втората приказна, некако како другите 2 да ми поминаа млако, и како да не се грижев многу за трагичните настани. Тоа, а и фактот што иако само околу 80 минути долг, ми се виде предолг - некако не ми даваат душа да му дадам повисока оценка од 7/10. Ама ќе остане запаметен!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Toma (2021)


Има среќа не е досаден. Ова е филм само за тие што се запознаени со ликот и делото на Тома Здравковиќ, односно постарата публика што ќе ги фати на емоции и носталгија. Добро и за помодарците што завчера ја открија кафаната и овој тип на музика, па се самопрогласуваат за боеми, па досаѓаат со таа песната што ја пеат овие двајца.

Мене тапа ми беше филмов. Ликовите уопште не личат на тие од реалноста. Глумата е мизерна, многу лош овој актеров, на моменти срам ме фаќаше од што е лош, поготово кога требаше да покаже емоции, кога му кажаа дека има рак и кога умре Силвана. Страшно.
CGI-то мизерно, али ајде тука не би требало да ситничариме пошто ем е скапа работа ем се потрудиле ајде, иако е лошо и се приметува на некои делови онака апла.

Некако не ни бев погоден на картата емоции, обично за вакви биографски филмови треба да те погоди и моментот за гледање, не може само пушти ајде сеа ќе гледам филм за Тома Здравковиќ. Треба да е апла јако за да си речеш еј вредеше да се гледа.
Не дека не вреди ова ама ништо не мења и да се прескокне. Секако многу удрија на хајп и почна секој втор да го коментира.

Тома е андерграунд музичка легенда и нема што помодарци и шминкери што мирисаат на помада да го шират неговиот култ.

Максимум што можам е 7.5 да му дадам.
Заслужува помалце ама ајде, Тома е Тома ипак.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
53. Eagles Fly Early / Orlovi rano lete (1966)

1665162186141.png

Не може да помине балканска држава без детски филм. Кога бевме во Хрватска тоа беше „Влак у снегу“, сега „Орлови рано лете“. Снимен според истоимениот роман за деца на еден од моите омилени писатели од детството, Бранко Чопиќ. Филмот е комплетно сместен во Босна, Чопиќ е исто Србин од Бихаќ, но филмов е во продукција на Авала филм од Србија, а и режисерката на филмот е исто така Србинка. Станува збор за група деца во едно село во Босна кои се здружуваат во одред против наставникот со црвен нос кој ги малтретира и тепа на училиште. Прават бункер во кој ги поминуваат деновите, наместо во училиштето. Но не ни насетуваат дека нивното играње војна наскоро ќе се претвори во вистинско „играње војна“, а нивната чета во речиси вистинска партизанска чета.

Филмов би ми бил прекрасен, веројатно, да го гледав како дете. Или уште повеќе да растев малку подолго во поранешна Југославија. Но дефинитивно го има прегазено времето. Да му го пуштам ова на некое дете денес, не само што нема да го разбере, туку верувам дека ќе му биде досадно до бесвест. 6/10 од мене.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.463
Поени од реакции
3.601
Овие изгледа ги немам гледано ама серијата Монтевидео е супер. Мене малце ме замараше што многу лошо играа фудбал дечкиве, апла се приметуваше кај некои од нив дека немаат поима ни од основно шутирање на топка. Можеле да потренираат малце поише.

Нина Јанковиќ е прејака пичка.

Иначе за Биковиќ и ја се слагам дека е малце преценет, нешо го гураат ко предвовник на новиот бран српски актери ама е далеку од онаа класа на Бјела и Којо.

Го иам гледано тој Јужни Ветар филмот, исти кур е и таму, тотално без харизма. Овие постариве коа глумеа криимналци и гангстери имаа поише стил и поголеми фаци беа. Овој е баш мафијаш шминкер.

Иначе Лајање на звезде, ако добро имам запамтено, е единствен југословенски филм каде нема ниту една пцовка.
Затоа не го бива :D
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.521
Поени од реакции
13.817
20. Србија

Underground /Подземље/ (1995)

Филм со најрандом сцени што го имам гледано. Каков хаос :vozbud:. Ама ова првиот саат ипол, после тоа филмот падна и почна да станува монтоно. Крајот го извади.

4/5

N5pLqd.gif
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Parade (2011)
Parada


Филмов памтам кога искочи имаше доста поделени мислења у јавноста околу темата која ја разработува.

Станува збор за (би рекол) пропаганден филм од областа на хомосексуалноста односно хомофобијата.
Централна тема е првата геј парада во Белград во 2010та година кога имаше немири и протести низ градот, опресии и физичко малтретирање на членовите на лгбт заедницата.

Исцрпени се веќе оние воени теми и трагикомедијата во нив.
Срѓан Драгојевиќ добро ги изработе Лепа села лепо горе и Ране.
Погодено му е и ова.
Сакам да кажам дека веќе не е интересно да гледаме како се тепаат и мразат срби-хрвати-босанци.

Хомосексуалноста е тема што моментално е доста актуелна па така има многу пропагандни филмови кои во голема мера и претеруваат со целиот тој woke менталитет што зема замав последно време.

Но, поентата на Парада не е да наведува кон нечиј избор туку едноставно преку хумористичен начин сака да ни го прикаже глупото балканско размислување.. као, они се педери и ајде ќе ги тепаме. Нема потреба, што кур, нека праат што сакаат јеби га. Од филмов до денес Србија доби и геј премиер и плус се одржаа уште неколку геј паради.

Мене добро ми легна, имаше доста смешки, Никола Којо си ги вози ваквите лабави улоги каде што протнува доскочици, му стои.
Да немаше хумор, оној наш балкански, филмов ќе имаше проблем со мене, плус па ако беше некое нетфликс срање....

Вака е таман.

7.5 оценка.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Professional (2003)
Profesionalac


Mини трилер-драма правена по театарска претстава која во главно се одвива во една просторија, со повремени флешови од минатото како и оригинални снимки од случувањата во Југославија во 90тите.

Станува збор за еден директор на книжевна издавачка куќа што се наоѓа пред приватизација, кој ќе биде посетен од еден мистериозен господин кој со себе носи актовка и голем куфер. Се претставува како писател и остава 4 големи книги спремни за издавање за кои вели дека не се негови туку се на директорот, овој на сликата, Теодор Теја Крај.

Бранислав Лечиќ е многу јака фаца, општо во југословенскава кинематографија, повеќето улоги му се на негативец, покварен човек, криминалец, безмилосен преварант и слично. Посебна класа на актер, се издвојува од повеќето. Српскиот Мајкл Даглас.

Бора Тодоровиќ е тој мистериозниот господин кој уствари е пензиониран полицаец со офицерски чин, стар комунист и член на таа полиција тесно поврзана со владеењето на Слободан Милошевиќ. Стара школа на полицаец, удбаш, комунист и југословен којшто во многу ситуации одолевал на желбата да го убие Теодор, што од приватни што од службени побуди.

Теодор е поранешен професор на филозофскиот факултет, еден од водачите на протестите и заговорник за смена на Милошевиќ, индиректен кривец за целиот распад на Југославија тој период.
Интересното е што всушност Лекиќ и во приватниот живот бил член на овие протести и повеќето снимки од него како држи говори пред маса народ, се оригинални. Во моментот на снимање на филмот тој е Министер за култура во владата на Зоран Џинџиќ.

Веќе сфаќате која е поентата на филмов.
Мене ми беше интересно што си ја поврзав ситуацијава со оваа нашава после доаѓањето на животот.
Од една страна имаш патриот кој си ја сака и цени државата израснат во најтешки времиња кога била создавана и од друга страна имаш куртон, либерал, прогресивец којшто бутнал режим со пенкало, излажал све што кажал пред да дојде на власт, партиски напикан како директор на некоја фирма, директен кривец за све ова што ни се дешава, директен кривец за све што ќе се дешава во иднина. Па како да нејќеш да го убиеш.

Буквално е иста ситуацијава, следења, прислушкувања, шпионажи, подметнувања, креирани сценарија за штрајкови и слично.

Дури сега гледам дека филмов го пишува како комедија. Вака коа ќе размислам можда има некоја хумористична нишка ама не е тоа хумор каков што сме навикнати да гледаме во српскиве филмови. Всушност и нема пцуење, а хуморот е најчесто од Гаги Јовановиќ кој треска глупости чат-пат.
Трилер-драма е ова.
Многу јак филм, саат ипол трае, држи внимание од почеток до крај. Холивуд стил.

п.с Наташа Нинковиќ е една од најјаките пички у Југославија во 90тите.

8.5 оценка.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.521
Поени од реакции
13.817
20. Србија

The Elusive Summer of ’68 /Varljivo leto '68/ (1984)

Feel good филмче. Пар добри сиски, пар добри досетки. Одлична, нормална за Бата, глума. Буквално човекот ми стана омилен Екс-ЈУ актер.
Ова најверојатно беше последниот филм за мене од Србија, доволно беа.

4/5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom