old_School_mk
Програмер, гејмер, psy-trance уживател
- Член од
- 11 август 2009
- Мислења
- 6.153
- Поени од реакции
- 5.921
Друже НАТО на Украина ѝ даде на користење повеќе оружје отколку што они употребиле од нивното формирање. Неколку лидери веќе имаат напоменато дека ако Путин употреби нуклеарки - и они ќе вратат во иста мера. Зошто мислиш, кога веќе е сè поизвесно дека Украина ќе си ги врати териториите (што всушност ќе значи пораз за Русија), дека сега ќе се повлечат?Тенеќе уште 4 пати да се родам би го бирал овој интелект, и сполајму што се прибрав навреме накај кенгуриве оти уште не сум еволуиран да живеам во радиоактивна средина.
Инаку не научи и не научи, џабе си го арчиш времето. Ни Телеграм отворам, ни мапи ме занимаат, и пак би се обложил која страна ќе ја земе војната, оти работата се сведува на онаа народната: „При сила нема праина“.
Исто како што за време на ковид кризата фарма индустријата ги продаде вакцините, така овде ќе го јадат украинците, само е прашање методата/колку долго ќе се толчат/колку народ ќе изгине.
Еве јас се обложувам дека и да му закачат нуклеарка НАТО нема да писне, само ќе го осудат настанот и ќе ги проветрат своите бункери, а овие слепците ќе цркаат на по 40 години од рак, што од Чернобил, што од новите бомбардирања.
Фактите се дека никој не го боли таквото за Украина, можеби тие што инвестираа во таа држава (како Бајден), ама ако дојде до нуклеарни поздрави ќе сибат мамицата од таму и никој нема да се врати назад. Жалосно е што тој народ се погодил на таа локација, и никој не може да им помогне, ако е некој позаебан од Балканот тоа се сите држави на границата меѓу Русија и западните земји оти ќе служат како жив штит.
Автоматски споено мислење:
И во Украина помага, со тоа оружје Одеса и Николаев можат да бидат срамнети со земјата во неколку саати, и технички нема да се смета за нуклеарен напад.
Моќта е променлива работа, се додека имаат 6000 нуклеарни парчиња ја имаат целата политичка и воена моќ.
Умрена е добата на конвенционалното оружје, ако гледаш и сега се е сведено на техника, ако решат да жртвуваат цивилно руско население можат да ги збришат од лицето на земјата во рок од 24 часа.
А плус и прашањето е - каде всушност би употребила Русија нуклеарка? Во Херсон? Харкив? Киев? Затоа што ако НАТО си стои на зборот и возврати, нивниот одговор е одамна познат на сите - Москва.