Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.848
Спротивен став не е навреда, кај си видел да навредам некого?
Ако сум родољуб не мора 100% со тебе да се согласувам, господ џабе мозок не ми дал.
Немам јас сојузници овде, ова не е чопор форум е.
Ете моменталната ситуација не довела до иста констатација.
Ако одиш назад на форумов ќе видиш дека некогаш и сме имале многу спротивен став.
Седи си мадро, ова е за мене наменето... Еди вака си компензира за душевната болка што не ми одговори на другата тема како може истовремено и да навива за запад, и да не ги става интересите на НАТО (читај САД) пред македонските интереси. Внатрешен конфликт си има, и уште не го разрешил. :unsure:

едит, еве нешто поинтересно: https://www.zerohedge.com/markets/one-river-west-only-now-awakening-decades-poor-policy
“And what I just said is no less so: you can't feed anyone with paper – you need food; and you can’t heat anyone’s home with these inflated capitalizations – you need energy,” continued Putin, claiming eastern Ukraine, doubling down.
The United States is practically pushing Europe toward deindustrialization in a bid to get its hands on the entire European market. These European elites understand everything – they do, but they prefer to serve the interests of others,” he said, showing his hand.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Седи си мадро, ова е за мене наменето... Еди вака си компензира за душевната болка што не ми одговори на другата тема како може истовремено и да навива за запад, и да не ги става интересите на НАТО (читај САД) пред македонските интереси.
А цело време си мислев дека јас сум "сине Бруте", испадна не било така.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Не се повлекуваат додека апсолутно нема да можат да се повлечат, во меѓувреме артилерија работи. Во меѓувреме напаѓач што масовно напаѓа максимално се изложува. Загубите се обратнопропорционални. Целата работа не е толку различна (во концепт) од the parthian shot кој на другата тема (на шега) го спомна @Klinton

Моменталната трансакција меѓу завојуваните страни е војници и техника, за територија (и штедење на војнички животи).
Од текстот што го линкаше на другата тема:
ераhttps://www.thepostil.com/kharkov-and-mobilization/
The words “victory” and “defeat” need to be carefully used. Vladimir Putin’s stated objectives of “demilitarisation” and “denazification” are not about gaining territory, but about destroying the threat to the Donbass. In other words, the Ukrainians are fighting for territory, while the Russians seek to destroy capabilities. In a way, by holding on to territory, the Ukrainians are making the Russians’ job easier. You can always regain territory—you cannot regain human lives.

и ова:
Генерално е така и затоа спомнав, сите загуби на територија во моментов можат да се објаснат, колку и да изгледаат страшни. Но одбранбената линија на реката Дњепар не смее да падне од стратешки причини. Дури и Лисичанск и Севернодоњецк да се изгубат не е толку страшно одколку да се изгуби таа линија на одбрана. Како што реков, не е нешто што нема да може да се завземе пак, но ако гледаме дека највеќе опрема се трупа на тој правец, преку Крим, тоа значи дека паѓањето на таа линија дефинитивно нема да им е по план на Русите. Значи таа линија има стратешка важност за понатамошните воени операции и секое паѓање на таа линија би било сериозна компликација за плановите на Русите. Затоа и не верувам дека ќе ја отстапат така лесно, али ајде да видиме што ќе се случува, ептен се залетани Украинците и таму.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Седи си мадро, ова е за мене наменето... Еди вака си компензира за душевната болка што не ми одговори на другата тема како може истовремено и да навива за запад, и да не ги става интересите на НАТО (читај САД) пред македонските интереси.
ќе ти одговорам не се секирај само таму сака малце подолг пост, не те оставам така јас знаеш дека сум коректен дискутант
ме бендисува твоето хипертрофирано его кое те постави автоматски за водач на екипава а воедно и главна мета
јас го наменив повеќе за друг ама важи и за тебе и генерално беше една мала демонстрација за дискутантските способности на сите вас како екипа

му благодарам на @INDIJANEC123 за асистенцијата во мојот стеларен перформанс
друже одличен соговорник си те зезав малце никаква цел немав да те омаловажам или било што згора си и културен
али да не претерувам со убави зборови пошто може да те запашка советов интергалактички
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Извештај од проруски телеграм:

Прегледај го приврзокот 347126

Не гледам алтернатива на употреба на тактички нуклеарки од Путин. Украинската армија е во налет и во моментов е подобро опремена, побројна и помотивирана од руската армија, згора на тоа имаат непресушен извор на модерно вооружување, за разлика од Русија. Дури и тие 300 000 кои би дошле на фронтот за некој месец мислам дека нема да направат некоја значајна разлика со оглед на нивната (не)обученост и застарена опрема, освен можеби утврдување во донбас и крим. Керсон набрзо ќе падне со оглед на тоа што практично е неодбранлив за руската армија. Доколку одлуките не беа политички тогаш одамна ќе се повлечеа од таму. Во Луганск исто така продолжува офанзивата без поголем отпор од русите. Губење на Керсон и големо повлекување во Луганск уште повеќе ќе го сруши и така нискиот морал кај русите и ќе го зголеми притисокот врз Путин. Ваквата ситуација ќе го принуди Путин на избор меѓу пораз или тактички нуклеарки. Ако нема пуч во Русија, тогаш сигурен сум дека ќе имаме употреба на нуклеарки.
Херсон не верувам за сега ама очигледно од горе се тргнати кон Нова Какховка и да го пресечат тој мост. Ако го заземат тој град, Русите ќе го изгубат цел северен Херсон.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.848
Генерално е така и затоа спомнав, сите загуби на територија во моментов можат да се објаснат, колку и да изгледаат страшни. Но одбранбената линија на реката Дњепар не смее да падне од стратешки причини. Дури и Лисичанск и Севернодоњецк да се изгубат не е толку страшно одколку да се изгуби таа линија на одбрана. Како што реков, не е нешто што нема да може да се завземе пак, но ако гледаме дека највеќе опрема се трупа на тој правец, преку Крим, тоа значи дека паѓањето на таа линија дефинитивно нема да им е по план на Русите. Значи таа линија има стратешка важност за понатамошните воени операции и секое паѓање на таа линија би било сериозна компликација за плановите на Русите. Затоа и не верувам дека ќе ја отстапат така лесно, али ајде да видиме што ќе се случува, ептен се залетани Украинците и таму.
Кауч генераливве овде не разбираат дека релативно малиот напредокот на тој фронт вчера и завчера, дека е поважаен од целата офанзива во харковската област комплет со Красни Лиман. Сега преку реката теоретски веќе имаат пристап на другата страна (тука е многу потесна реката), и со тоа пристап до Енергодар и поважно - до нуклеарната централа. Се разбира ќе мораат само со лесна пешадија да делуваат, ама веројатно ќе нападнат зерговски (како и досега) и од другите правци (преку поширокиот дел од реката). Мислам дека ќе се обидат да ги преплават со пешадија.

Истовремено ќе се изложат да изгубат петтоцифрени бројки на војници, ама за Америте тоа воопшто не е скапа цена.
Тука очекувам да има пекол, пошто ако Русите сега ја изгубат електраната - никогаш нема да ја вратат без нуклеарна катастрофа.
 
Можат да се вратат териториите, меѓутоа да сме реални треба конвенционална снага таму, многу пешадија, многу тенкови, многу летала.
Во моментов не гледам Русија да распоредува толку голема сила за да може тоа да го направи. Дури и не сум сигурен после тие 300к дали може плус да мобилизира.
Украина има пристап до софистицирана логистика и комуникации. За да победиш таков противник мора да го притиснеш многу од сите страни за да нема простор за маневар и користење на тие предности во технологија што ги има.
Секако гледам по извештаите секој ден русите им уништуваат по 20-30 тенкови и оклопни возила ама наредниот ден пак со толку или со повеќе напаѓаат. Што значи мора полската граница да се пресече и обезбеди, довиваат оклоп колку што им душа сака.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Во ситуацијава не е проблемот гинење за недостижен (или тешко достижен) идеал. Секој ќе умре овака или онака а гинење за идеал во кој навистина веруваш е убав начин да се отиде... Проблемот е што гинат за американски интереси, не за одбрана на татковината. Па татковината никогаш немаше ни да им дојде во опасност да не ги наместеа америте. До завчера можеа да се договорат за релативно мала цена на воена неутралност и интерна самојстојност на ДНР/ЛНР.

На крај сето ова е многу тажно, гротекстните куклари со позадински и заткулисни игри направија два словенски братски народи - да се убиваат меѓу себе.
Војнава е пандан на тоа што сме биле ние и татарите. Татарите се добри со нас додека не контролираат моментот кога не им одговара те окупираат (всв2)
Генерално е така и затоа спомнав, сите загуби на територија во моментов можат да се објаснат, колку и да изгледаат страшни. Но одбранбената линија на реката Дњепар не смее да падне од стратешки причини. Дури и Лисичанск и Севернодоњецк да се изгубат не е толку страшно одколку да се изгуби таа линија на одбрана. Како што реков, не е нешто што нема да може да се завземе пак, но ако гледаме дека највеќе опрема се трупа на тој правец, преку Крим, тоа значи дека паѓањето на таа линија дефинитивно нема да им е по план на Русите. Значи таа линија има стратешка важност за понатамошните воени операции и секое паѓање на таа линија би било сериозна компликација за плановите на Русите. Затоа и не верувам дека ќе ја отстапат така лесно, али ајде да видиме што ќе се случува, ептен се залетани Украинците и таму.
1664886466999.png
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.050
Поени од реакции
9.411
Војнава е пандан на тоа што сме биле ние и татарите. Татарите се добри со нас додека не контролираат моментот кога не им одговара те окупираат
Ги мешаш малку работите, правиш глупа аналогија. Никој немаше да ги чепне да не почнеа со целото наци-срање и влегување у НАТО. Знаеш како е, кучка што јаде маст јаде и стап. Дојдено е времето стап да јадат, имаат среќа што русите не се толку без душа. Ако ги остават без инфраструктура и без струја ќе испоцркаат како глувци.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Кауч генераливве овде не разбираат дека релативно малиот напредокот на тој фронт вчера и завчера, дека е поважаен од целата офанзива во харковската област комплет со Красни Лиман. Сега преку реката теоретски веќе имаат пристап на другата страна (тука е многу потесна реката), и со тоа пристап до Енергодар и поважно - до нуклеарната централа. Се разбира ќе мораат само со лесна пешадија да делуваат, ама веројатно ќе нападнат зерговски (како и досега) и од другите правци (преку поширокиот дел од реката). Мислам дека ќе се обидат да ги преплават со пешадија.

Истовремено ќе се изложат да изгубат петтоцифрени бројки на војници, ама за Америте тоа воопшто не е скапа цена.
Тука очекувам да има пекол, пошто ако Русите сега ја изгубат електраната - никогаш нема да ја вратат без нуклеарна катастрофа.
Не е баш таму толку тесна реката (сеуште е вештачко езеро) за да можат тек така да делуваат. Во тој дел што го завземаа Украинците, езерото е со широчина од 4.5 - 6км. така да не е баш некоја ширина што може лесно да се преплива :) Критичниот дел е Нова Каховка, каде што е браната и фактички престанува езерото и почнува реката. Таму е браната и таму реално може да се премине. Но тоа моментално на Украинските сили им е одалечено на 50км.

Украинците напаѓаат кон оваа точка од 2 правци. Североисток по текот на реката, тоа е правецот кај што имаат напредок од 20тина километри и од северозапад, каде што се заглавени.

Имај во предвид дека дури и да дојдат до Нова Каховка, од таму почнува делтата на Дњепар и тој предел таму ќе биде доста тешко прооден за да можат да се префрлат со силите вон веќе изградените мостови. Со други зборови, незнам дали е таму возможен понтон. Ако се навратиме назад, на почетокот на инвазијата и ако ги видиме сите овие факти, можеме да сватиме колку за Русија беше важно брзото освојување на Керсон на почетокот на операцијата и зашто беше маневарот на север. А и истовремено може да видиме зошто не смеат Русите да ја изгубат контролата на премините на оваа река.
Автоматски споено мислење:

Можат да се вратат териториите, меѓутоа да сме реални треба конвенционална снага таму, многу пешадија, многу тенкови, многу летала.
Во моментов не гледам Русија да распоредува толку голема сила за да може тоа да го направи. Дури и не сум сигурен после тие 300к дали може плус да мобилизира.
Украина има пристап до софистицирана логистика и комуникации. За да победиш таков противник мора да го притиснеш многу од сите страни за да нема простор за маневар и користење на тие предности во технологија што ги има.
Секако гледам по извештаите секој ден русите им уништуваат по 20-30 тенкови и оклопни возила ама наредниот ден пак со толку или со повеќе напаѓаат. Што значи мора полската граница да се пресече и обезбеди, довиваат оклоп колку што им душа сака.
Нека не те загрижува Полската граница, имај во предвид дека Русите во дефанзивни битки го оставија без оружје целото источно НАТО крило :) И им ги исцедија воените резерви од магацините на западното крило.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Не е баш таму толку тесна реката (сеуште е вештачко езеро) за да можат тек така да делуваат. Во тој дел што го завземаа Украинците, езерото е со широчина од 4.5 - 6км. така да не е баш некоја ширина што може лесно да се преплива :) Критичниот дел е Нова Каховка, каде што е браната и фактички престанува езерото и почнува реката. Таму е браната и таму реално може да се премине. Но тоа моментално на Украинските сили им е одалечено на 50км.

Украинците напаѓаат кон оваа точка од 2 правци. Североисток по текот на реката, тоа е правецот кај што имаат напредок од 20тина километри и од северозапад, каде што се заглавени.

Имај во предвид дека дури и да дојдат до Нова Каховка, од таму почнува делтата на Дњепар и тој предел таму ќе биде доста тешко прооден за да можат да се префрлат со силите вон веќе изградените мостови. Со други зборови, незнам дали е таму возможен понтон. Ако се навратиме назад, на почетокот на инвазијата и ако ги видиме сите овие факти, можеме да сватиме колку за Русија беше важно брзото освојување на Керсон на почетокот на операцијата и зашто беше маневарот на север. А и истовремено може да видиме зошто не смеат Русите да ја изгубат контролата на премините на оваа река.
Автоматски споено мислење:

Нека не те загрижува Полската граница, имај во предвид дека Русите во дефанзивни битки го оставија без оружје целото источно НАТО крило :) И им ги исцедија воените резерви од магацините на западното крило.
Па од кај им никнуваат нови? До сега требаше со магариња да трчаат ама не е така.
Кога ќе почнат леопарди и абрамс да добиваат тогаш источното ќе е при крај.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Па од кај им никнуваат нови? До сега требаше со магариња да трчаат ама не е така.
Кога ќе почнат леопарди и абрамс да добиваат тогаш источното ќе е при крај.
Не верувам дека не биле свесни дека ќе војуваат со НАТО, а дека Украина ќе служи како топовско месо. Ништо чудно да добиваат и Леопарди и Абрамси во некоја фаза од војната. Само тоа е проблем пошто немаат кадар за нив. Меѓутоа веќе ги тренираат по западниве земји.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 53418

Гостин

Kajgana Shop

На врв Bottom