Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Другарки се тие. Еве пример, кај нас поради корупцијата на позиции седат неспособни.
Не мора тоа да е на сите нивоа.
Еве на пример како одговор на контраофанзивата на Харкив им ја сјебаа струјата во цела Украина во помалку од саат време. Така да не верувам да е неспособност или корумпираност. Да беше тоа до сега ќе се корегираше.

Неспособност е друг левел, ти горат луѓе во болница и како одговор на тоа ти горат луѓе во автобус за кратко.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Се согласувам, освен со проценката дека САД мислат дека Русија блефира. Едноставно си играат brinkmanship и мислат дека тие самите нема да платат премногу скапа цена. Претпоставуваат дека е можно Украина да попие некоја тактичка нуклеарка, или во најлош случај и некоја од ситните борании од Балтикот. Тогаш вербално ќе ескалираат до максимум ама ништо нема во пракса да направат. Ќе добијат Русија за навек да остане под санкции, а цехот ќе го платат идиотите или од Украина или спомнатите помали држави што си дозволуваат големо курчење.

Сето ова неминовно не зафаќа и нас, додека во ЕУ не се десат бунтови и промена на власт - ништо нема да се смени. САД ќе им продава хх пати поскапи енергенси, а овие ќе плаќаат рекет и ќе пропаѓаат економски. Што значи дека не само што ќе продолжат скапите цени на горивата туку и ако не ивестираме во производство на енергија, истата ќе ја плаќаме и ние пута ХХ. Инфлација и големо паѓање на стандардот се неминовни, насекаде ама посебно во Европа.


Дајте да се организираме, кога ќе дојде времето со леб и сол да ги пречекаме Игорче и компанија на доаѓање дома. :unsure:
А шо мислиш ако Игорче се врќа и Германија е на колена овде ќе имаме леб и сол?
 
D

Deleted member 53418

Гостин
1664461229782.png 1664461229782.png

48 саата додека ги опколат целосно или бежанија или борба до смрт. Не е лесен избор. Веќе е артилерија на пат за Заричане.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.385
Некои од последиците на војнава може да бидат спуштање на Германија и прекинување на сите нејзини обиди да игра политички независно, а и некаква зависност на Русија од Кина.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Некои од последиците на војнава може да бидат спуштање на Германија и прекинување на сите нејзини обиди да игра политички независно, а и некаква зависност на Русија од Кина.
Последиците може да бидат и крај на Русија како независен играч.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.667
Поени од реакции
33.844
Како да ја оставаат цела инфраструктура намерно. Како да сакаат Украинците да напаѓаат. Ова нема врска ниту со пазење на цивилни жртви, мостови и железница се во прашање.
Да како да сакаат другиве да продолжат да напаѓаат, или тоа или другиве овде се во право и рускиот brass се скроз неспособни. Секако е едно од двете. :)



Блесава снимка, еден сам (лудак) борец на ДНР со гранати напаѓа 4 Украински војници, 2 се ранети и сите 4 се повлекуваат.
Mуда до колена... Не до колена, повеќе. Веројатно преку раме ги префрла за да се движи.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.382
Mуда до колена... Не до колена, повеќе. Веројатно преку раме ги префрла за да се движи.
Нема збор, на двете страни има храбри и одлучни војници.

Жално е да ги гледаш како гинат. Една снимка ме наежи цел, кога Руси упаѓаат во Украински ров и почнува борба со гранати, пукање, напад, контранапад и извлекување ранети.
Не знаеш кој има поголемо срце.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Да како да сакаат другиве да продолжат да напаѓаат, или тоа или другиве овде се во право и рускиот brass се скроз неспособни. Секако е едно од двете. :)
Едноставно не можам да верувам дека се неспособни. Имаше момент кога ја изгубија Харкивската област што кажав и претходно кога за еден час им ја средија цела мрежа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.667
Поени од реакции
33.844
Нема што јас да верувам или не, мене ми е јасно дека толку неспособни ни они ни никој не може да биде - за ние по форуми да знаеме подобро од нив.
Едноствано ние гледаме на она што е видливо на површината, а има цела санта мраз под површината. Којзнае што е играта, тек кога се ќе се заврши ќе почне да се наѕира - како за нас смртниците. До тогаш нека се радуваат armchair generals и овде и ширум интернетов.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Препровери си ги изворите.
Автоматски споено мислење:


Види како се одвиваат генерално Руските офанзиви во војнава, тешко бомбардирање до целосно уништување, па после влегување во градот и чистење на герилски остатоци од војската, ако има. Нема акции нема воени маневри, нема ништо. Воопшто немаат costy пристап во однос на човечки жртви Русите, не ја гледај ти западната пропаганда. А тоа што земале, што нашле Украинците сигурно не е нешто што ќе го користат со години, за неколку дена и тоа е тоа.


Не е можно да си толку слеп, неможам тоа да го поверувам. Дали мислиш дека Русија некогаш планирала ова да го изведе без дополнителна мобилизација, на начинот на којшто го изведува со целосна контрола на територијата, а не како Американците со пунктови и бази тук там?

Мобилизацијата е планирана да се случи пред 2 месеци, заедно со референдумите. Зошто се нема случено, тоа е политичка одлука, поради која ја дадоа Харкивскато област. Дали е погрешно или не, не можеме сеуште да процениме, зошто не ги знаеме сите информации. Да кажеш дека Русија е пред пропаст, не само што е нон сенс, туку изгледа пародично.

Да ги видиме фактите:
- Русија со 200К армија влезе во Украина која горе доле брои 1М армија.
- Според западни извори источното крило на НАТО е тотално демилитаризирано, а на западните НАТО земји воените резерви им се пред крај. Тоа збори дека Украина активно е бранета со огромна сума НАТО оружје и Украински глинени голуби и по некој доброволец и платеник.
- Русија со тие 200К кои BTW редовно ротираат, завзема и сеуште држи 120.000 километри квадартни Украинска земја и сеуште без никаков проблем масивно користи артилерија, нанесувајќи им масивни загуби на луѓе и техника.

Дали сеуште мислиш дека Русија е пред колапс, само затоа што не го бранеле Харкив? Еве ако не ти се верува, Лиман го бранат, гледај што се случува.

И како дополна, блицот што го направи Украина, не е блиц каков што го опишуваш, од причина што блицот е уствари серија на последователни такви напади. А не еден единствен напад. Украинците не успеаја да го повторат нападот. Имаа обид во Запорожје ама Русите ја ебаа браната и им ги уништија таму силите. Ова што се случува во Лиман не ни наликува на блиц.

Како што кажав и претходно, доколку Украина не повтори таков ист напад, ситуацијата ќе се врати во позциона борба и ќе биде никому ништо. Украинците изгубија драгоцени ресурси кои додуше и да се користеа за одбрана нема да имаа никаков ефект, затоа што Русите само делкаат со артилерија. Али барем имаат ПР победа.



Да зборевме пред 30 години, сосема ќе се сложев со ова, но денеска друга е приказната. Блокот што е на другата страна, го гледа ова како можност да се ослободи од Американското самоволие и не е веќе 10% од светската економија, туку 50%. А тие сето ова не го гледаат како проблем, туку како можност. Попустите и не се толку важни, затоа што истите попусти Русија ги даваше и на Европа, која имаше најефтин гас. Денеска дури и со попустите, гасот што го продава Русија е неколкупати со повисока цена одколку што беше пред војнава. Така да ако по утрото се познава денот, тогаш катастрофата не се надѕира во Русија, туку на западот.

Кога ќе погледнеш малце по убаво, ќе сватиш дека Русија нема што да изгуби, додека западот ја губи доминантната позиција.

Русија далеку во потешки лајна била, па излегла без никаков проблем. Ова што се случува за нив не е пропаст, туку е излез. Кога тоа ќе го сватиш, ќе сватиш дека Русија во никој случај нема ништо да изгуби во војнава, што го нема изгубено од претходно.
Друже можеме да се сложиме дека не се сложуваме ама многу си ми пристрасен, те сметав за поумерен

Русија има еден лепак, се вика Путин. Путин се покажа како најдобар прагматичар во модерно време. Арно ама и тој е човек и прави грешки. Направи многу грешки во Украина, признал ти или не. До кога ќе владее Путин? Што после него? Медведев има Горбачов да го надмине ако Путин утре скине конци
Првото - мислам дека официјалните бројки се некаде ~150/160К, со логистиката може и ~200К да се. Којзнае.
Второто, Сталин има кажано нешто во стилот „квантитетот има свој квалитет“. Со 10:1 бројчана надмоќ и доволно луди глинени голуби војници, можно е нешто да се постигне - на краток рок. Посебно на места каде нема класични одбрамбени позиции со вкопани бранители.
Автоматски споено мислење:



Објасни што значи: „немале премногу оклоп“?
Затоа што јас јасно реков дека првиот бран на нападот бил хамвија и лесни теренски возила. Значи без тенкови. Без запирање за фронтална борба со утврдените локации, освен оставање на мал контигент за отсекување на повлекувањето, и продолжување понатаму се до реката Оскол. Класичен зерг со војска во џипови и теренци... Значи апла ИСИС стил, што не е ИСИС тука?
Тоа што одбрале слаба точка во одбрамбената линија? Па и ИСИС (генерално) бирале слаби точки, колку што знаеме. Додека истовремено Германците својот блицкриг (ок шверпункт), го правеле примарно со оклоп односно тенкови. А овие десетици илјади војска во џипови. Епа со кој да ги споредувам, со Германците или со ИСИС?

И патем, како ќе гаѓаш со артилерија десетици и десетици илјади војска во брзи лесни теренски возила, на голема рамна територија раштркани во мали единици кои не застануваат статично да понудат класична битка? Таквите можат да се запрат само со вкопани дефанзивци или со природна бариера, што е добиено со брегот на Оскол.
Затоа реков ИСИС стил. И затоа те замолив да демантираш со аргументи, не со претпоставки и нагаѓања.

Што се тиче химарсите сите тие „информации“ за „пепел во Крин и Керсон“, сите се од западни извори. Од истите извори од кои „не се знае кој ги саботирал гасоводите Северен тек 1 и 2“. Ќе им верувам никогаш, а ни тогаш... Нема никакви официјални статистички податоци, макар оквирно, ама на ноторни лажговци ќе им веруваш? Ок, верувај. Ќе видиме што ќе сменат тие химарси на крајот.
Друже не можам сега да ти држам лекции по доктрина, оперативно планирање и тактика, одамна заминав од тој бизнис. Знам дека нема да ми веруваш или да ме послушаш бидејќи преубеден си во работите, ама најпријателски ти велам - грешиш. Особено за исис и нивна доктрина на војување.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.181
Друже можеме да се сложиме дека не се сложуваме ама многу си ми пристрасен, те сметав за поумерен

Русија има еден лепак, се вика Путин. Путин се покажа како најдобар прагматичар во модерно време. Арно ама и тој е човек и прави грешки. Направи многу грешки во Украина, признал ти или не. До кога ќе владее Путин? Што после него? Медведев има Горбачов да го надмине ако Путин утре скине конци

Друже не можам сега да ти држам лекции по доктрина, оперативно планирање и тактика, одамна заминав од тој бизнис. Знам дека нема да ми веруваш или да ме послушаш бидејќи преубеден си во работите, ама најпријателски ти велам - грешиш. Особено за исис и нивна доктрина на војување.
Путин не ја микроменаџира војната у украина, си има генерали за тоа. Они праат грешки ако прават.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Путин не ја микроменаџира војната у украина, си има генерали за тоа. Они праат грешки ако прават.
па 20 години на влас, можеше поарни генерали да назначи
не дај Боже прашина на Влатче да падне...пу пу
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.181
па 20 години на влас, можеше поарни генерали да назначи
не дај Боже прашина на Влатче да падне...пу пу
да бидеме реални, не верувам дека он влага у туѓ занает и ги раководи операциите лично и персонално. Тоа е практично невозможно да раководиш држава како русија и да управуваш со војната.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
да бидеме реални, не верувам дека он влага у туѓ занает и ги раководи операциите лично и персонално. Тоа е практично невозможно да раководиш држава како русија и да управуваш со војната.
ама може да постави асални генерали да го прават тоа за него. Некако не му оди тој дел нешто посебно
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Друже можеме да се сложиме дека не се сложуваме ама многу си ми пристрасен, те сметав за поумерен

Русија има еден лепак, се вика Путин. Путин се покажа како најдобар прагматичар во модерно време. Арно ама и тој е човек и прави грешки. Направи многу грешки во Украина, признал ти или не. До кога ќе владее Путин? Што после него? Медведев има Горбачов да го надмине ако Путин утре скине конци

Друже не можам сега да ти држам лекции по доктрина, оперативно планирање и тактика, одамна заминав од тој бизнис. Знам дека нема да ми веруваш или да ме послушаш бидејќи преубеден си во работите, ама најпријателски ти велам - грешиш. Особено за исис и нивна доктрина на војување.
Не ја кријам пристрасноста, ама незнам што ти значи тоа „поумерен“ ама нема врска и нема потреба да ретерираш. Ако сите луѓе се сложувале како ќе праиме муабет, јас те сметам за добар соговорник кој прави разумни челенџи. Не се согласувам со све што ќе кажеш, ама ни моето не е закуцано во камен. Можеме да си коментираме, а времето ќе каже кој бил во право. Не е дека ќе паднам болен ако не сум во право.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom