Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
 

Навивачи на Шкупи нападнале фанови на АИК – полицијата ги уапсила!

Навивачите на Шкупи вчера околу 18.45 часот на подрачје на Бит Пазар нападнале осум фанови на шведскиот тим кои дошле да го поддржат во Скопје.
 
Бидејќи сум баниран во темата за фудбалски/трансфер вести, ќе споделам тука.

Имено, веројатно најпознатиот холандски медиум De Telegraaf, го обвинува Фабрицио Романо за плагијаторство и лоповлук. :place:


 
Уште не можам да си повервам како на толку скап трансфер да направат ваква грешка која кошташе човечки животи. Свесно полетаа во смрт, не знам зошто пилотот воопшто се качи во авионот а знаел дека истиот има проблеми и не смее да лета. Одговорот е јасен уствари, пилотот немал ни лиценца за да лета навечер и комерцијални летови ама сепак бре.
Језиво е видеото многу.:(
 
Уште не можам да си повервам како на толку скап трансфер да направат ваква грешка која кошташе човечки животи. Свесно полетаа во смрт, не знам зошто пилотот воопшто се качи во авионот а знаел дека истиот има проблеми и не смее да лета. Одговорот е јасен уствари, пилотот немал ни лиценца за да лета навечер и комерцијални летови ама сепак бре.
Језиво е видеото многу.:(
Катастрофа. Треба да одговара некој што дозволил да летаат со ваков авион.
 
Избегнувам да зборувам во суперлативи во спортот, се трудам поретко да го користам -нај, но за ова што се случува на јужноамериканско тло, особено во Аргентина, не знам поинаку како.

Последно коло од аргентински шампионат, Бока има еден поен предност пред второпласираниот Расинг. Двете екипи играат од ист термин, Бока против Индепедиенте дома, а Расинг исто така дома против Ривер.

Четирите екипи си имаат и те како историја меѓусебна. Индепедиенте ако не се лажам е најтрофејниот аргентински клуб во Копа Либертадорес со седум титули. Сезонава ептен се малтретираа, апсолутно, освен престиж, не им значи ништо дуелов со Бока.
Ривер, знаете добро. Не само што не му е потребно, туку со лесен пораз од Расинг би можеле да му го загорчат животот на смртниот непријател.

Арно ама...

Бока прима гол во прво полувреме од непостоечки и срамен пенал. Брзо израмнува после прекин и на полувреме оди со 1:1.
Расинг и Ривер после 45 минути, исто нерешено.

Почнува второ, Бока дава гол за 2:1, но и Расинг поведува. Од сомнителен пенал. Како што стојат работите, Бока е првак. Арно ама, x2...
Индепедиенте во 81-ва минута постигнува изедначувачки погодок. Исто како и Ривер. :pos:
Повторно Бока на табела во живо е првак.
Драмата кулминира во 90-та минута. Додека на Ла Бомбоњера е 2:2, Расинг добива пенал за победа и титула.
Расинг промашува. Две минути потоа, Ривер дава гол за 1:2 и буквално му подарува и ја запечатува титулата на Бока Јуниорс.

Каков рингишпил од емоции, нека се гонат у три лепе...
Најимпресивно е тоа што Ривер (и секоја чест за фер-плејот), играше докрај. Индиректно и за архи-непријателот. Во друга ситуација, некаде во Европа, пих... Меѓудругото, ова беше и последен меч на нивниот легендарен тренер Гаљардо. За кој се надевам дека ќе си го пронајде своето место во топ лигите во Европа.


Реакцијата кога дознаа дека Расинг во 90-та минута промаши пенал за титула:




Тоа што се случуваше пред почетоков на мечов, нц. Никаде и никогаш.
Знам, овде на Балканов е врела крвта, емотивни луѓе сме, даваме душа и сето тоа. Во Турција, во Англија, Шпанија, во ред. Но, не верувам дека некој толку безусловно манифестира и живее љубов како луѓето на овој континент, луѓево во Аргентина. Фудбалот не извира од фразетина бледа, за нив е живот.

Голема е Бока. Најголема.

 
Последно уредено:
Една од точките на Bucket List-от ми е да ја прошетам Јужна Америка од фудбалска перспектива, веројатно штом децата ке потпораснат за да не мора да ги малтретирам низ стадиони.

Гледање на утакмица на Ла Бомбоњера е must. Уште ако има можност да е против Ривер.
 
Доста мангупски потег од Ривер е ова. Ќе негодуваат фановите нивни ама големата слика вели дека за оваа титула на Бока поише ќе се збори уствари за победата на Ривер.
Професионално и фудбалски пред се.
Исто ќе важеше и доколку Индепендиенте му донесеше титула на својот најголем ривал.

Фаца е Гаљардо и тренериште, многу јак лик ми е и се надевам ќе има успешна кариера у Европа.

 
Ќе се отвара ли подфорум за СП?
За 20 дена започнува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom