Штом се најдам во тесно и останам без текст, веднаш ќе го употребам магичниот израз „гравитација„...и сите ќе ми поверуваат...
Колку се сеќавам, и самиот Хокинг (во книгата „Кратка историја на времето„) вели дека гравитацијата, поради својата еднонасочност во делувањето, не може да се вклопи во онаа позната група од 4 основни природни сили.
Чудо е како една природна сила, за која повеќе се верува отколку што се знае, може да има такво „универзално„ делување, па нека е тоа и случајот со Земјината атмосфера, која никако нејќе да одлета во меѓуѕвездениот вакуум.