Не сум учествувал во преговорите нивни за да знам, но претпоставувам нешто околу автономија на ДНР и ЛНР, а веројатно и Крим да остане Руска територија.
Па кога има голем процент на население кое трпи насилство и како поединци цивили и на инстутуционално ниво, зошто да не?
Или албански јазик треба да биде официјален во институција во Кочани, ама во русинот во Донбас на улица не смее да зборува на руски?
А што мислиш, нема ли шанси можеби конечно Русите да не бидат инволвирани во Украина и нивното општество? Омразата према нив е на највисоко ниво, ќе сакаат да се оддалечат што е можно повеќе од нив.
Има шанси, ако бидат исселени.
Исселувањето може да биде доброволно и присилно. Русите доброволно не си одеа од таму и скоро цела деценија се мета на НАТО-вски вооружани и обучени ликови.
Ако тоа не е целна акција на НАТО кон русите, што е тогаш? Мировниот план од Минск кој Зеленски прифатил да го спроведува предвидува принудно и насилно исселување на русите од Украина?
Меѓународни договори не се декларации, иако
@Shakespear ќе го каже спротивното.
Према кого омразата е на "највисоко ниво"? Од тие што ќе го преживеат секој нареден ден, кај возрасните ставот нема да се смени а децата ќе растат со пропагандата која ја затекнале.
Односно имаш право, ама не така како што сакаше да претставиш. Ќе има омраза на највисоко ниво, ама обострана.
Досегашнот анимозитет и одреден интензитот на омраза кај двете страни, сега ќе биде на повисоко ниво. Што исто како и потенцијална ракетна војна на Финска и РФ, е во интерес само на НАТО и психопати во официјален Брисел.
И пак доаѓаме на империјалистичкиот принцип на НАТО, divide et empera. Ќе видиме до кога.
Никој нема интерес за конфронтација, особено не мали држави како Балтичките. Но бидејќи виделе како е да бидеш под Руска окупација, превентивно отидоа во воен сојуз што може да ги заштити од тоа.
Финска е нешто слично. Иако они генерално си беа неутрални затоа што не беа дел од СССР, кога видоа дека Русија се осмелува да води војна со (наводно) нивна поблиска држава, кој би ги спречил еден ден да го направат истото со Финска (плус и затоа што веќе го имаа направено еднаш пред 80 години).
И да повторам - 100% сум сигурен дека ни една од НАТО државиве некогаш ќе се реши да упати ракети кон Русија, но во случај на Русија да им текне они да пуштат ракети - овие да си имаат одговор.
Аха, значи заклучокот е дека до ден денешен
единствено лошо што виделе од РФ е прекинот на одредени енергенси кои им нанеле инфлација која нели сите треба да ја прифатиме за да им ги платиме амбициите и хировите на НАТО агресорите кои сакаат слаба или непостоечка руска држава за џабе ресурси.
И тоа тој прекин на енергенси е резултат на 5, 6, 7 или не знам колку пакети, мерки и не знам што од страна на САД, ЕУ и НАТО кои ја изедначуваат РФ и русите со нацистичка Германија, што е далеку од реалноста.
Значи до ден денешен, единственато лошо кое балтикот, скандинавија и цел западен свет го виделе од РФ е индиректна последица на нивните "мерки" кон РФ, а не директна акција на РФ кон нив.
Останатото е живеење во историјата и кога веќе западњаците живеат со главите во историјата, не е чудно што РФ се врти кон источниот свет кој е во подем кон иднината.
Ептен спин на муабетот, па и јас ќе ти вратам со иста мера. Ако Русија ја освои таа територија, кој ќе ја поседува? Населението или пак олигарси и тајкуни? (или ако се Руски олигарси не е исто?)
Како се побивам жити сè? Они изјавуваат дека се со 15-20% од војската во Украина. Што треба да се случи за да пратат повеќе војска? Бидејќи очигледно е дека немаат распоредено доволно војска за одбрана на таа територија што ја освоија, а одамна веќе немаат освоено ништо ново.
Освојувањето територија од русите е наратив на западната пропаганда кој овде го користиш и ти. Официјална РФ вели дека работат на демилитаризација на Украина, што би значело уништување се што е од воен карактер без никакви временски рокови.
Од настаните од терен, зборовите на Москва изгледаат повистините од тие на Брисел. без разлика на турбопропагандата, кредибилитетот на НАТО и ЕУ оди надолу. А РФ прават како мислст дека треба, нивна работа. Дали се во право или не, ќе видиме.
Тебе или на некому друг му се брза за нешто или што е работата?
Не го кажав тоа, не ми ги извртувај зборовите, прочитај уште еднаш што кажав. А исто така никогаш не сум спомнал "освојување на Киев за 3 дена", туку само дека освојување на Киев де факто им беше цел која подоцна ја повлекоа.
Што им беше цел во 2 милионски град со генерално негативно настроено население?
...или додека снемаат пари/војска и се повлечат, whatever comes first. А моментално оваа цел е поблизу до остварување отколку таа твојата.
Ова според ЏиДиПи пресметките на американските тинк-тенкови?
Брзањето во активноста на носење одлуки за "воена помош" од Вашингтон и "економски санкции" од Брисел го покажува спротивното, на некој друг му се брза од некакви причини.
Сепак ќе видиме, јасно е дека фаворитот е НАТО.
Затоа што не е против НАТО. Да беше против НАТО ќе беше многу полошо за сите. Убаво си пишав, Украина е поддржана од НАТО (за нивна среќа). Да не беа, имаше голема веројатност да завршат како Грузија 2008.
НАТО обучува и вооружува цела деценија милитантни групи низ руското население во Украниа, ама не е вклучено само поддржува.
Тоа е тој надмен западњачки став кој направи ликови како Ердоган да изгледаат како врвни државници. Само напред.
Ако Русија изгуби во оваа војна, очекувам да има внатрешни немири при кои нивните сепаратистички држави ќе сакаат да се отцепат. Ерменија-Азербејџан е добар пример каде што вториве охрабрени од зафатеноста на Русија со Украина не се загрижени дека ќе имаат време да им помогнат на Ерменија (иако имаат договор дека мораат). Претпоставувам дека и овие што се внатре во Русија чекаат поволен момент.
Значи сепак РФ со право стравува дека западни структури работат и внатре во РФ и надвор од РФ на слабеење и распад на федерацијата и има право што презема чекори за справување со тие акции на западните структури?
Не избегнав, одговорив. Инфлација има секаде како последица на оваа војна. Не знам што мислиш со последното.
Инфлацијата е последица на мерките на западните структури кон РФ, не на самата војна. И тука цел ЕУ/НАТО кредибилитет почнува да постепено да опаѓа.