Јес да не одам во кладилници може 4-5 години али со оглед дека следам италијанско има една интересна ситуација т.е. период кој ми беше многу сомнителен , а се однесува на Каљари . Тимот победуваше многу ретко , беа укотвени на дното , беа казнети и со 3 бода и наеднаш казната им ја повлекуваат и еве ги резултатите кои следуваат по повлекувањето на казната
*Каљари - Емполо 2 : 0
*Ливорно - Каљари 1 : 2
Mилан - Каљари 3 : 1
Каљари - Рома 1 : 1
Сампдориа - Каљари 1 : 1
*Kaљари - Аталанта 1 : 0
*Каљари - Торино 3 : 0
Катанија - Kaљари 2 : 1
*Кaљари - Џенова 2 : 1
Сиена - Каљари 2 : 1
*Kaљари - Лацио 1 : 0
Податок : Oд Декември 2007 до Март 2008 ( до укинувањето на казната ) биле укотвени на дното по што следат горенаведените резултати
Моментално имаат 9 победи , 8 нерешени и 17 порази . Од тие 9 победи 6 се извојувани по укинувањето на казната т.е. во последните 11 натпревара ( значи останатите 3 победи ги имаат отстварено во претходните 23 натпревара ) што им овозможи од самото дно моментално да бидат 15то место со 5 бода повеќе од зоната за испаѓање . Да не заборавиме дека не доживеаа порази од Сампдорија , Рома и Јувентус ( мислам дека два натпревара пред укинувањето на казната играа со нив ) .
* Можно е Каљари да се влезени во период на добра форма , но за тим кој беше катастрофален цела сезона наеднаш по укинување на казната почнува да игра доста добро , капак на се не доживува порази од екипи кој се борат за титулата и за место во Лигата на Шампионите , мислам дека сепак има место за сомнеж иако истото не го тврдам .