Хигиената во угостителските објекти/пекари/месарници

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.954
Поени од реакции
8.599
Сите коментари за тоа каква е хигиената во објектите го одсликуваат степенот на култура и воспитувањето на македонецот/племето.
Па сега запрашајте се колку е квалитетна услугата во угостителството, толку со оваа култура ќе биде и во здравството (хигиената и таму се гледа) и во секоја пора во општеството.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
А пак во бурекџилница да знаете како бурекот го прават леле...
E вака ќе ти кажам за бурекот тепсиите воопшто не се мијат, меленото месо 3 класа готово мелено од месарниците промес и римес абе кога се пржи не смрдит туку корнит и којзнајт од шо е тоа месо, можда и од пцојсан добиток е. И насила одмрзнато наместо да си се одмрзни природно од претходниот ден тие замрзнато го клаваат да се печи/пржи. А изварката се погаѓа некоја кофа кога ќе ја отвориш да е згора пожолтена.
Сите коментари за тоа каква е хигиената во објектите го одсликуваат степенот на култура и воспитувањето на македонецот/племето.
Па сега запрашајте се колку е квалитетна услугата во угостителството, толку со оваа култура ќе биде и во здравството (хигиената и таму се гледа) и во секоја пора во општеството.
Тој што не држи хигиена во угостителството и дома му истиот е. Не е почисто дома му. И неможеш никогаш да го смениш. Абе има некои со истите алишта и дома и на работа а можда и спијат со истите.

Пак да знаеш тоа во угостителството и пекарството како се фрла по некоја чаша ракивче, винце. Нема шкаф во соблекувалните каде што некој не носи шише. И скришно тука шљокаат.
 
J

joli1

Гостин
Дали некој ги има од форумов што работеле како угостителски работници па да го споделат своето искуство за тоа каква е хигиената?
Кога работев во пекара, максимално сите се трудевме хигиената да е на највисоко ниво, што и беше.

Тањири, чаши, виљушки, ножеви, тепсии за бурек, генерална хигиена, маси, итн, се се чистеше неколку пати дневно, дури и газдата после миење обавезно ги проверуваше сите чаши, виљушки, ножеви, итн, така да немаше простор за пропуст. Генералка секој втор ден.

Ако се десеше да има една точка или нешто мрсно останато на тањир, ќе те тераше се што си миел од почеток да го миеш.

Бурекмајстор беше олд скул типец кој што занаетот го имаше учено у Босна, со неколку децении искуство позади себе, се му беше под конец и хигиената му беше на високо ниво, па затоа и бурекот беше врвен.

За брада не правеа проблем, освен кога е неуредна и кога е ептен долга, за дводневно брадиче не се замараа многу, си имаа дрес код и не секој можеше да влага кај мајсторите.

Углавном, газди беа олд скул типци кои што се бават со тој бизнис целиот нивен живот и цела репутација, како и финансии им зависеше од тој локал, така да, хигиената во локалот беше на завидно ниво.


Дали сте задоволни од хигиената во тие објекти?
Ако зборуваме за општата ситуација со хигиената во угостителските објекти во државава - не.

Јас во одредени сендвичари немам влезено откако еден ден отидов да наручам хамбургер и типецов вади плескавица таква оладена, ја фрла у микровална, потоа вади лебче од пред неколку дена (се приметува, се дроби многу) и го фрла и тоа во микровална, компирчиња на страна што беа ладни и можеш ко чечкалица да ги користиш. Ни сос ни било што не го прави таквиот хамбургер вкусен.

У истата таа сендвичара, еден другар доби тровање од сендвич со виршла, другиов најде инсект у плескавицата.

Тоа што сум го приметил у македонскиве сендвичари, бар кај што живеам е тоа што дур кренуваат и билдаат клиентала, тогаш работаат хигиенски, услугата врвна, храната квалитетна, ама чим добијат солиден број на клиенти, тогаш квалитетот или постепено или нагло им опаѓа.

Кај албанскиве пак, имало низа чудни ситуации, една пак се случи сега многу бргу.

Идам на пауза и како помлад од сите колеги и колешки, идам да земам кафе за нив и за себе у кафич у близина кај што имаме попуст од фирма, влагам, наручувам, чекам за кафето и се зачудив од тоа што се деси.

Пред да раскажам, ги почитувам сите религии, почитувам религиозни луѓе и ги разбирам и почитувам одредени работи од религија, но сепак, типов зеде, ги соблече патиките и нозете ги миеше у судопер.

Значи не е проблемот што ги миел нозете (има и тоа каде се прави), туку што типов ги мие нозете у судопер кај што ги става чашите и филџаните.

У кратки црти, хигиената у угостителскиве објекти у државава е на жално ниво, нит угостителска култура има нит пак угостителска хигиена во мнозинството локали, инспекцијата воопшто не си ја ни работи работата како што треба или пак мижи засмешни суми што резултира во голем број на труења од храна и слично.

btw, интересна тема. (y)
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
571
Поени од реакции
1.150
Vo avstrija dojdov pred nekolku meseca, porabotev vo nekulki firmi od poveke sektori, sekade stanuva kako kaj nas, djawe Hitler disciplina a balkanci na site poniski rabotni mesta, sekade so Shortcuts.. mesto Mitel voda, vo kujna sekade e shortcuts dali e rakavici, higienata e malku podobra no poleka ke stane kako kaj nas, muabetot e kade stapnuvame nie sekade izgnijuva... ovde Svabite se delat od nas kako crn ii beli.. vklicuvam ovde I Romanci Slovaci, za Avganistancii Turci da ne zboram... znam deka se e individualno no Kolektivno taka si e vo najgolem procent..Cistev nekolku meseci so 4 Srbinki alcni roboti sefici, cistev kujni I se drugo,,, site meseci Mitelot bese 80 posto voda... najcesto samo so voda stedat na materijali.....
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Vo avstrija dojdov pred nekolku meseca, porabotev vo nekulki firmi od poveke sektori, sekade stanuva kako kaj nas, djawe Hitler disciplina a balkanci na site poniski rabotni mesta, sekade so Shortcuts.. mesto Mitel voda, vo kujna sekade e shortcuts dali e rakavici, higienata e malku podobra no poleka ke stane kako kaj nas, muabetot e kade stapnuvame nie sekade izgnijuva... ovde Svabite se delat od nas kako crn ii beli.. vklicuvam ovde I Romanci Slovaci, za Avganistancii Turci da ne zboram... znam deka se e individualno no Kolektivno taka si e vo najgolem procent..Cistev nekolku meseci so 4 Srbinki alcni roboti sefici, cistev kujni I se drugo,,, site meseci Mitelot bese 80 posto voda... najcesto samo so voda stedat na materijali.....
Само Јапонија, Сингапур, Исланд и Норвешка се неприкосновени по хигиената во угостителството...
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Ух оваа тема ме потсети на оваа случка.

Труење во „Сендвичара 7„ во Лептокарија – 12 лица во болница

од Aleksandar Dinev на 18.08.2017

На ден 18.08.2017 година Државниот санитарен и здравствен инспектор од подрачно одделение Карпош беше информиран од ЈЗУ Центар зајавно здравје – Скопје за добиени пријави за заразно заболување –Dg: Toxoinfectio alimentaris од страна на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби, за лица кои консумирале храна – сендвичи со плескавици и пилешко со кечап и мајонез, во објектот „Сендвичара 7„ лоциран на ул „Партизански одреди„ бр.62/1 л.17 и 18 во Скопје, информираше министерството за здравство.
Надзорот беше извршен во соработка со екипа од ЈЗУ ЦЈЗ-Скопје (специјалист епидемиолог и техничар ) и двајца инспектори од Агенција за храна и ветеринарство.
Од увидот е констатирана следната фактичка состојба:
-Општата санитарно-хигиенска состојба во објектот е добра. Во истиот не се врши подготовка на храна. Истата се спрема во централна работилница, лоцирана на ул „Борис Трајковски„ бб во Скопје и со две наменски возила се дистрибуира во овој и уште неколку објекти низ градот. За сите вработени лица -11 ,доставени се уредно заверени санитарни книшки во месец март 2017 година. Извршена е ДДД од овластена установа „Старс„ на 12.08.2017 година, стои во соопштението.
За бактериолошки мониторинг во врска со труењето од сендвичарата земени се;
– еден (1) примерок, испирок од раце на вработена која манипулира со меленото месо за плескавици,
– брисеви од грло и нос на три вработени кои послужуваат на пулт,
-4 бриса од работни површини и
-4 мостри од храна.
На барање на инспекторот за храна мострата „непечена плескавица„ нема да се користи за бактериолошка анализа ( со образложение дека е беспредметно бидејќи термички ќе се обработела).
Со оглед на тоа што постои работилница каде се приготвува месото, пирошките се изврши вонреден инспекциски надзор во истата.
Од работилницата земени се:
– испироци од раце на 4 присутни вработени лица (останатите 4 користат годишен одмор).Од нив се земени и брисеви од грло и нос.
– Земени се и 6 бриса од работни површини.
Вработените во работилницата имаат уредно заверени санитани книшки. Извршена е ДДД од овластена установа.
Во моментот на надзор, општата санитарно-хигиенска состојба е добра.

До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува; 9 лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби од кои 5 хоспитализирани и 4 амбулантски лекувани, а на инфективното одделение во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември„ во моментот во дневна болница беа згрижени уште тројца пациенти.

ЗАКЛУЧОК : ДСЗИ ПО Карпош записнички и со решение ја затвори сендвичарата и наложи превентивно да се се спроведат следните санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки:
1.Да изврши вонредно темелно механичко чистење на просторот, опремата и работните површини;
2.Да изврши вонредна дезинфекција,дезинсекција и дератизација од овластена установа – ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје;
3.Да се изврши вонреден здравствено хигиенски преглед на вработениот персонал.

Истите мерки е наложено да се спроведат и во работилницата на угостителскиот објект, информираше министерството за здравство.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Нешто што ми е најгадно е влакна од коса во јадењето. Еднаш дури станав и си појдов дома без да чепкам. :sick:

Исто така, неубаво ми доаѓа ако забележам некоја дамка на пример на чаша, чинија, прибор за јадење. :sick:

Другото, ако не го гледам, исто ко да не постои, за жал! Тука највеќе мислам на миење на раце на оние кои ја готват, спремаат и пакуваат храната. :place:

Ако размислувам на сите работи што не ги гледам, а сигурно дека се случуваат, секој пат кога идам во угостителски објект, веројатно ќе останам гладна.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.094
Kako I za se drugo vo drzavata - imas se I sesto... Od edna krajnost do druga... Najveke nesto vo prosek... Gausova kriva I tuka e zakon :)

Isto kako sto sum gledal strasna nehigiena, primer, (pokraj raznorazni birtii I cklj sendvicari) duri I edna poznata sendvicara prethodno spomnata, I edna poznata ketering firma...

Ama sum gledal I takva higiena sto sum bil vooduseven. Sto se vika, slobodno da sednam od pod da jadam. Primer, eden ne tolku eksponiran hotel, edna ketering firma za gotovi jadenja, edna pekara...

Najveke, sepak e nekoj prosek. Ne nesto voodusevuvacki, ama sepak prifatlivo. Ne treba I nie narodot da pripagame premnogu I da ocekuvas deka vo kujna/mesara/pekara ke bide kako vo apteka. Po mene, dovolno e da se zapazi osnovna higiena I svezina na hrana.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Ух оваа тема ме потсети на оваа случка.

Труење во „Сендвичара 7„ во Лептокарија – 12 лица во болница
За сендвичарите како што имам слушано муабети од доста Скопјани во општина Шуто Оризари, хамбургерот пред некоја година беше 40 денари.

Но по улиците абе едно куче не можеш да најдеш и што е сега работава? Ами плескавиците се од мелено кучешко месо.

Иначе да е плескавицата од мешано телешко свинско кој ќе ти продаде сендвич/хамбургер по таа цена???
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
289
Поени од реакции
261
За сендвичарите како што имам слушано муабети од доста Скопјани во општина Шуто Оризари, хамбургерот пред некоја година беше 40 денари.

Но по улиците абе едно куче не можеш да најдеш и што е сега работава? Ами плескавиците се од мелено кучешко месо.

Иначе да е плескавицата од мешано телешко свинско кој ќе ти продаде сендвич/хамбургер по таа цена???
Го мешаат месото со триста други работи од едно кило да испадне 5. Дури и во МкДоналдс нагетс не се 100 посто месо.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.385
Поени од реакции
38.807
Знаете ли кога ќе јадете чисто месо? Кога ќе си земете мало свинче, ќе си го изгледате сами до 200 кила и кога сами ќе му удрите ножот и ќе си го чистите месото.

Пред месец дена имав прилика да јадам свежо месо штотуку заколено грло и фрлено на скара. Ниту една сендвичара каде што сум јадел плескавицата немала таков сочен и пун со ароми вкус. Прекраснотија од месо.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Го мешаат месото со триста други работи од едно кило да испадне 5. Дури и во МкДоналдс нагетс не се 100 посто месо.
Да знаете дека ако ти го мелат месото на лице место и те прашуваат кое парче го сакаш, претходно во машината за мелење имаат нагнетено соја. Така некои имаат правено.

Абе треба да му се речи на месарот чекај прво да видам дали имаш нешто ставено во машината за мелење... Ако има нешто додатно ставено па речиму абе кога ќе ти ја залепам една...
Знаете ли кога ќе јадете чисто месо? Кога ќе си земете мало свинче, ќе си го изгледате сами до 200 кила и кога сами ќе му удрите ножот и ќе си го чистите месото.

Пред месец дена имав прилика да јадам свежо месо штотуку заколено грло и фрлено на скара. Ниту една сендвичара каде што сум јадел плескавицата немала таков сочен и пун со ароми вкус. Прекраснотија од месо.
Не мора сам да го одгледуваш, туку може да купиш маторица по цена од 140 денари килото или телешки бут со килажа од 27-32 kg по цена од 310 денари килото, ама од човек што убаво се знаеш со него, и да знаеш со што го рани. И касапот што го коли средува, транжира да го платиш по цена од 600 денари. И многу така ќе те чини поефтино... Еве години јас така земам телешко и свинско месо...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Леле Швабите и тие биле бетар од нас за хигиена во угостителството. Еве една статија како се мијат тањири:

Пак кај нас во хотелите знаете како се мијат во левата преграда од умивалникот ставен со затка од пол метро или со чеп се ставаат тањирите во вода со сапуница од сјај, а во десната преграда која што е само со вода тука се плакнат и тоа на начин земи наеднаш по 15-16 тањири и само еднаш стави ги во вода и истајги. Ај првата тура не ќе е со сапуница ама на останатите 5-6 одма фаќа сапуницата. Никако да ги стават под чешма под млазот да се плакнат бидејќи полесно им е така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom