Дали некој ги има од форумов што работеле како угостителски работници па да го споделат своето искуство за тоа каква е хигиената?
Кога работев во пекара, максимално сите се трудевме хигиената да е на највисоко ниво, што и беше.
Тањири, чаши, виљушки, ножеви, тепсии за бурек, генерална хигиена, маси, итн, се се чистеше неколку пати дневно, дури и газдата после миење обавезно ги проверуваше сите чаши, виљушки, ножеви, итн, така да немаше простор за пропуст. Генералка секој втор ден.
Ако се десеше да има една точка или нешто мрсно останато на тањир, ќе те тераше се што си миел од почеток да го миеш.
Бурекмајстор беше олд скул типец кој што занаетот го имаше учено у Босна, со неколку децении искуство позади себе, се му беше под конец и хигиената му беше на високо ниво, па затоа и бурекот беше врвен.
За брада не правеа проблем, освен кога е неуредна и кога е ептен долга, за дводневно брадиче не се замараа многу, си имаа дрес код и не секој можеше да влага кај мајсторите.
Углавном, газди беа олд скул типци кои што се бават со тој бизнис целиот нивен живот и цела репутација, како и финансии им зависеше од тој локал, така да, хигиената во локалот беше на завидно ниво.
Дали сте задоволни од хигиената во тие објекти?
Ако зборуваме за општата ситуација со хигиената во угостителските објекти во државава - не.
Јас во одредени сендвичари немам влезено откако еден ден отидов да наручам хамбургер и типецов вади плескавица таква оладена, ја фрла у микровална, потоа вади лебче од пред неколку дена (се приметува, се дроби многу) и го фрла и тоа во микровална, компирчиња на страна што беа ладни и можеш ко чечкалица да ги користиш. Ни сос ни било што не го прави таквиот хамбургер вкусен.
У истата таа сендвичара, еден другар доби тровање од сендвич со виршла, другиов најде инсект у плескавицата.
Тоа што сум го приметил у македонскиве сендвичари, бар кај што живеам е тоа што дур кренуваат и билдаат клиентала, тогаш работаат хигиенски, услугата врвна, храната квалитетна, ама чим добијат солиден број на клиенти, тогаш квалитетот или постепено или нагло им опаѓа.
Кај албанскиве пак, имало низа чудни ситуации, една пак се случи сега многу бргу.
Идам на пауза и како помлад од сите колеги и колешки, идам да земам кафе за нив и за себе у кафич у близина кај што имаме попуст од фирма, влагам, наручувам, чекам за кафето и се зачудив од тоа што се деси.
Пред да раскажам, ги почитувам сите религии, почитувам религиозни луѓе и ги разбирам и почитувам одредени работи од религија, но сепак, типов зеде, ги соблече патиките и нозете ги миеше у судопер.
Значи не е проблемот што ги миел нозете (има и тоа каде се прави), туку што типов ги мие нозете у судопер кај што ги става чашите и филџаните.
У кратки црти, хигиената у угостителскиве објекти у државава е на жално ниво, нит угостителска култура има нит пак угостителска хигиена во мнозинството локали, инспекцијата воопшто не си ја ни работи работата како што треба или пак мижи засмешни суми што резултира во голем број на труења од храна и слично.
btw, интересна тема.