INDIJANEC123
Женкар, Илуватар
- Член од
- 17 март 2014
- Мислења
- 3.815
- Поени од реакции
- 6.373
Овој вика дека централите се гранатирани за да се забави железничкиот сообраќај. Наводно почнале украинциве накај Вугледар мн војска да трупаат.
Агри ту дисагри.Чекав да го средиш постот па да одговорам.
Генерално кажав и јас, офанзивава успешно одекна и го доби посакуваниот политички моментум. Живна опозицијата во Русија и либералните куртони демек пацифисти и националистите кои сакаат општа војна. А богами и западот се осоколи, па слушнавме изјави и од официјални лица да се оди на Москва
Направи промена во перцепцијата, Но за да има ваков начин на војување некакви стратешки придобивки треба ова да се случи пак и пак во блиски временски интервали,ако остане на ова ќе значи само скапа офанзива и дополнително дисперзирање на силите на граница со Русија. Таа територија нели треба да се брани. Или пак со комбинирани вакви акции да се завземе Керсон, што вистински ќе им зададе главоболки на Русите.
Иначе со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат ова беше единствениот рецепт за прикажување за некаков си брз успех. Според мене доста паметен потег на Русија што се повлече, зборам од воен аспект. Тој регион за моменталните дејства и со моменталните ресурси претставува терет. Уште одма вчера го потсетија Русите светот и локалното население, дека се способни за многу повеќе и така малку го амортизираа пр ударот.
и да, ќе видиме што ќе се дешава понатаму, јас останувам оптимист во однос на Русија. Според мене, до сега им оди според планираното.
И претходниот пат го кажав тоа, неможе околу вакви работи да има докажување. Времето ќе каже кој бил во право. Јас иницијално не ни верував дека воопшто војна ќе објават поради тоа што не верував дека Либералите во Русија ќе го дозволат тоа ама еве кај сме.Боро, ти си еден од поинтелегентните на форумов, треба подлабоко да размислуваш. Може и си во право, неможам и јас да сум сигурен во тоа. Ама неможам да мислам дека Русија да даде таков влог и да крене раце заради некомпетентност. Тоа е малце веројатно. Има горе и доле во една војна тоа е нормално, нека не те фаќа еуфорија. Нека поминат две три недели и ќе збориме пак. Малце ќе бидат појасни работите.
Мала исправка, станува збор за ослободена територија од некаде 12-13 илјади км2 т.е. една третина од Харковската област која е по територија најголема од сите 25 Украински области со површина од 35 илјади км2 !Сумирање на битката за Харковската област...
уууу колку е моќно ова. Тоа километрите на пиратик за пр, само со една експлозија ги анулираа.Еве видео демек е од централата во Харков, има првична ексползија, па помоќна со голем ударен бран, некој позапознаен да објасни, ни Твитер експертите немаат некое објаснување.
Фала за сумата која сите ја знаеме... Но нема ли да извлечеш некаков заклучок од сето тоа?Сумирање на битката за Харковската област
- За 5 дена, украинската армија, после успешната офанзива и повлекувањето на руската армија, успеа да ја врати контролата над 8 370 квадратни километри, што е еднакво на територијата на Либан, Кипар, Катар, Јамајка
- факт е дека украинската офанзива со помош на НАТО беше организирана на високо ниво, но факт е и дека немаше големи битки и воени победи, колони воени заробеници и уништена техника. Украинската армија во некои населени места влезе дури два до три дена после повлекувањето на руската армија
- и покрај тоа што во најголем дел руското повлекување било организирано, сепак на теренот се оставени околу 100 единици воена техника, која што сега е трофејна во рацете на украинската армија. Од 25 до 30 тенкови, околу 40 борбени оклопни возила, како и некои интересни и современи системи и опрема. А тоа е голем пропуст и минус за руската армија
- повеќе извори од руската армија тврдат дека во Харковската област тие располагале со доволно воени единици и техника за да ја спречат украинската офанзива. Но од горе им била дадена наредба да се повлечат, иако не разбираат зошто
- руското воено разузнавање располагало со целосни информации за украинската офанзива и нејзините планови, како и за преместувањето и концентрацијата на ударните групи
- со повлекувањето и губењето на територијата на Харковската област за руската армија, се губи стратешката основа и замисла за операциите во правец на Славјанск и Краматорск. Максимум во овој момент се ставањето под контрола на Бахмут и Соледар, иако и тие се под знак прашалник
Преземено
Еве видео демек е од централата во Харков, има првична ексползија, па помоќна со голем ударен бран, некој позапознаен да објасни, ни Твитер експертите немаат некое објаснување.
ова ракетава ја најде исто ко на Кенеди телохранителот што го упука, а бафре?
Иста експлозија како во Бејрут. Таму бидејќи беше дење, па може да се забележи ракета пред експлозијата.
Кај виде ракета во таа ексползија, која секунда? изгледа цел свет го испуштивме тој момент,
Иста експлозија како во Бејрут. Таму бидејќи беше дење, па може да се забележи ракета пред експлозијата.
Химарс најверојатно, има 200 км од фронтот до Ростов.Погодени се повеќе места во Ростовската област во Русија, а имало и големи експлозии.
Прегледај го приврзокот 344596
Лути кромидот?Погодени се повеќе места во Ростовската област во Русија, а имало и големи експлозии.
Фејк е?Лути кромидот?
0:24 е почетниот скриншот од вистинското видео долу (кромид видеото линкано од изродот е ротирано за 90 степени, запазете ја антената на кровот):
Колку што видовме Armata и супер, мега соничните оружја, толку ќе го видиме и ова.Лути кромидот?
Кромид видеото погоре линкано од изродот е ротирано за 90 степени, запазете ја антената на кровот. 0:24 е почетниот скриншот што го гледате на вистинското видео долу... Од 2018-та е видеото, а кај Ростов прееска слушнале звук од суперсоничен премин од авион. Разбирливо сите се на крај на нерви, помислиле дека е експлозија.