Настрана тоа што распадот на империјата почна далеку пред неа, сепак успеа колку-толку со таа скоро цереморијална функција да го извади максимумот. Она што е останато во Комонвелт (Австралија, Канада итн.) е најмногу поради неа. Во 20ти век генерално во светот се случија промени колку за 10 века претходно, таа сепак остана константа, 70 години. Во ера кога 90% од монархиите престанаа да постојат, ова е огромен успех.
За 30 години постоење Македонија смени 2-3 имиња, знамиња, политички системи, претседателски атентати, војни, конфликти, "револуции" и што ли уште не. Уште 40 години ни фалат да ја стигнеме, успех ќе ни е да постоиме воопшто.