Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Навистина не гледам како може предмет на заебанција да биде некој кој одбива да се храни преку колење на други живи суштества. Дали некој од вас заебантите има видено како изгледа колење на јагне, и дали наоѓате било што смешно во тоа?
 
Спомна братот јагниња одма на инста ми излезе

Едит: За тие што ги мрзи да отворат
 
im-not-even-sorry-joey.gif


После јагнето.
 
Синџир на исхрана, се учи уште во 4то одделение, за тие што многу ги фатило жал не е лошо да си повторат.

Во природата победува посилниот, истото важи милиони години, и ќе важи додека постои живот, прашање се само методите и средствата за примена на овој закон.

Дури и меѓусебно: во минатото оружјето/убивањето била примарна метода, денес ја убиваме конкуренцијата со секоја можна метода за да стигнеме до повеќе ресурси, и чат пат со војни ако не бива поинаку.

Во случајов животните задоцниле со еволуцијата и затоа ќе бидат храна. А ако не ви е јасно како сте кодирани генетски, погледнете што може да направи шимпанзо (патем неколку пати посилно од просечен човек).
 
Емпатија спрема немоќни суштества кои НЕ МОРАШ да ги убиеш за да преживееш се учи многу пред 4то одделение. За тие што не знаат што е тоа, џабе ќе повторуваат било што. Концептот на синџирот на исхрана важи за оние кои не излегле од природата и влегле во општеството, односно оние кои немаат избор, па мораат да убијат за да преживеат.
 
Вчера си дојдов после четири години.
Си ја изгушкав мајка ми, се расплакав како мало дете, па ми донесоа мешана скара, ми направија салати СО ВКУС, се напив од сѐ по малку и си легнав на спалната кај мајка ми како некогаш кога бев дете. На телевизија одеше серијата "Опстанок", како некогаш...
 
Драга,

На Тикток кружат видеа како дечко прашува рандом луѓе низ Америка и Европа:
Дали сакате да ви дадам 1$ или да му дадам дупло на следниот?
И најчесто луѓето одбиваат, па на крај се собира сума од 80-тина долари.

Во коментари има многу што пишуваат како е убаво чувството да се знае дека следната особа ќе земе дупло од тоа што ви е понудено вам.

Замислувам ова да беше Македонија, дури и да не им требаше пари, ќе се испотепаа за 10 денари да земат, чисто од инат да не земе друг 20 ден.

Како беше она? Да му умре на козата комшијата?

И тоа е се што треба да знаеш за Македонскиот народ.
 
Запали болница ....14 мртви ... Одложено судењето....Ја не сум крив .... Ебате држава

 
Ми се чини дека сите што станаа родители во последните 2-3 години на децата им дадоа или некои "модерни" футуристички имиња (Максимилијан, Леонарда, Робертино) или некои имиња извадени од 19-ти век (Волкашин, Петрунија, Алтана).

Добро бе, што им фали на секојдневни имиња како Дарко, Драгана, Маја, Кристијан...?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom